Белите пломби од постарите генерации со тек на време примаат пигменти од храната (бидејќи стануваат порозни, но освен тоа и рабното затворање попушта, па повеќе и повеќе се познава) и затоа почнуваат да се познаваат. Но и самите заби во текот на животот може да ја менуваат бојата од различни причини, па поради тоа да дојде и до разликување на пломбата од останатиот дел од забот. Инаку, можеби имаш процес на забот, треба да се отстрани пломбата, да се отвори и види, а уште подобро ќе биде ако се направи снимка да се види дали има нешто на коренот. За да ти помине болката привремено можеш да се напиеш некој аналгетик (аналгин, кафетин и слично), ама главното е дека мораш што поскоро да одиш на стоматолог. А за препорака, ако некоја од феминките е навистина задоволна од својот стоматолог, нека каже тука или во соодветната тема за препорака Како што кажав претходно, забите во текот на животот ја менуваат својата боја од различни причини. Можеби се работи за забни наслаги кои не успеваш да ги измиеш, па остануваат и го обојуваат забот.
Еве јас ќе ја пофалам забарката моја...може поспоро работи ама перфектно и не работат со плави картони ама ефтини се .. не се мн скапи...дентал интернационал се вика ординацијата и е во центар спроти она вулкан кај кинг бургер... е сега вака мене ми растат осмиците..и под дејство на левата горе -сите заби почна да ми ги бутка.. двојката нанапред ми е изместена и се приметува... прашањето ми е.. дали откако ќе ја извадам осмицава ќе ми се врати двојчето во нормала?? или пак ќе мора протеза (недај боже) и дали операција на осмица боли????
Не знам што е проблемот ама устата ми е лом и на јазикот и горе кај осмицата ми се појавија афти, не можам да џвакам, ни да јадам ни ништо ужасно боли... Дај кажете како да ми поминат побрзо
Многу ќе ти одговорат прополис, но јас лично сакам да ја плакнам устата со алкохол и многу повеќе ми делува! И поработи на зајакнување на имунитет, афтите се еден од првите знаци дека имунитетот опаѓа, а во ваков период со 101 вирус, тоа не ти треба. Природни витамини, доволно течности. А афтите за најмногу 5-6 дена би требало да се повлечат.
Нема да се врати забот назад кога ќе се извади осмицата, затоа не чекај премногу да ти го избутка за да не мораш да носиш апарат за исправување на забите. А инаку, вадењето на осмиците е рутински зафат, може малку да боли кога ќе помине дејството на анестезијата, ама брзо поминува, за ден-два Најверојатно имунитетот ти е намален, како што ти кажа CrazyStupidLove, и за да ти се олесни болката избегнувај зачинета храна, ако сакаш испирај ја устата со алкохол, но јас би ти препорачала 3% хидроген и физиолошки раствор - за наизменично плакнење. Исто така, во аптеки се продава течност за испирање на уста што делува како дезинфициенс, Стоматидин се вика, можеш и со тоа привремено да се плакнеш. Освен тоа, многу витамини, посебно Ц и Б витамини, па би требало за брзо време да се среди ситуацијата.
јас сакам да прашам за порцеланските заби, еве го мојот проблем , меѓу шестката и седумката ми се отворил џеб (поима немам што функција има тоа џебот..) и др. ми ја смени старата железна пломба на седумката, но на шестката не(да не ја менува сега) туку ми предложи да ставам порцелански мост оти ми фалат четворката и петката (одамна ми се извадени ,пред 13-15год) и така ке ми затворел тој џебот,ем ќе ги имам доле сите заби, е сега мене ме интресира дали носачите на мостот во мојот случај тројката и шестката ке претрпат некое оштетување поради тоа што се носачи, и нив ли се става порцелански навлаки? не го разбрав баш др., не ми јасно какви се тие порцелански мостови? се надевам дека добро објаснив...
Еве, вака изгледа порцелански мост (ова само како пример го ставам). Се стружат забите носачи, и на нив се става навлака, поврзана со другите заби. Твојот би бил нешто ко на сликава, само со еден заб помалку, по тоа што го кажа. Најверојатно најдобро решение за твојата ситуација е тоа што ти го предложил стоматологот, оти забите ќе ти се искриват со тек на време кон празниот простор, а горните ќе се издолжат, се со цел да се пополни празнината.
Мене ми се јави бруксизам на забите, кој за среќа навреме го откривме. Многу од симптомите ги имам и ми стана јасно од каде доаѓа таа болка што некогаш ја имам во пределот под ушите. Сестра ми ја будам навечер со моето несвесно шкрипење, и можам само да замислам кој притисок го правам на забите. Најтрагично е што бруксизмот се јавува заради стрес и нервоза, па освен физичка активност преку која ќе ја отфрлам негативната енергија, друго ништо не ми преостанува. Денес ми земаа оттисок од забите и ми дадоа заштитници за горната вилица што ќе треба да ги носам навечер кога ќе спијам. Ако некој имал искуство со овие силиконски заштитници, би била многу благодарна да го сподели.
дали некому му се има случено од стрес да осеќа стегање на вилица ?? мене посебно долната ми се стега осеќам притисок ... Ама тоа само под стрес . треба да побарам мислење нешто од стоматологот, да се превземе мерки ? Зашто освен коа сум нервозна немам др проблем со забиве односно со вилицата .
Zivecot na zabot mi e izvaden pred edna godina.Povremeno imav mali bolki koi pominuvaa,no od sinokja zabot ne prestana da me boli osekam kako me boli zivecot. Nisto ne pomaga,ni kafetin,analgin,ni zabobol.Kazete nekoja idea sto da stavam barem malce da se namali bolkata.
Имам голем страв од заболекар , неможам ни да се решам да одам , а кога ќе отидам неможам ни на столот да седнам , одеднаш ме фака паника и завладеува стравот во мене , дај кажете ми некој совет pls...
Забот мора да се отвори и да се исчисти каналот, можеби има заостанато делови од живецот. Мора повторно да се лекува тој заб, само така болката ќе се смири. Освен тоа, не е лошо една снимка да се направи, да се види коската B6 или бедоксин пред да одиш на стоматолог, пиј некое време помага за смирување, ништо појако не би ти препорачала. Имаш трауми од стоматолог од времето кога си била мала? Можно е заради тоа да те фаќа паника.
Здраво, јас сум нова на форумов. Сакав да прашам. На почетокот во декември минатата година праев заб (седумка) со лек. Ама пред тоа многу ме болеше. Заболекарката ми рече да појдам по три месеци и ако не помогни лекот ќе треба да се вади живецот. А не сум вадела живец претходно. Не се надевам дека леков ќе помогни затоа што кога ќе се напијам нешто поладно, забот наеднаш ме заболува, само за секунда. Ве молам кажете дали ова е знак дека треба да се вади живецот..
Колку време те боли забот на ладно? Можно е да се работело за длабок кариес, па стоматологот ти ставил лек да види дали ќе може да го спаси нервот (пулпата). Штом чувствуваш болка не мора да значи дека задолжително ќе се вади пулпата, ама мораш да одиш да видиш да не ти е отворен забот случајно (да не испаднал лекот или дел од него).
Па, по некое време од кога ми ставија лек. И не некоја подолга болка туку само за секунда. И да, таа рече дека се работи за подлабок кариес, оти многу ме болеше. Јас па мислев да почекам да дојди времето кога ќе треба да појдам за да го извадат лекот, кога е вака ќе појдам во скоро време. Благодарам на одговорот.
Имам едно "почетничко" прашање за темава. До сега сум немала посериозни проблеми со забите али пред некое време ми се скрши 6ка долна и ми рекоа дека треба да ја вадам е сеа малку ми е ПРЕМНОГУ страв па дали некој што има вадено заб може да ми каже што да очекувам
Зависи кај кого како, во принцип не е страшно затоа што вадењето е со анестезија. Имаш мали болки кога ќе помине дејството на анестезијата... Со лесно...
Имам лек на заб 6-7 месеци и не сум отишла да ми го поправат. Не ме боли, но да прашам може да се искомплицира да не може сега да се спаси забот, па да мора да се вади?? Или нема врска ќе ми го поправат? Има некој слично искуство?
Имам проблем со непцата. Пред некој ден доле кај кецот и двојката ми беше црвено, надуено, воспалено со еден збор, а сега па гледам кај кецот и двојката горе се спрема да се воспали изгледа. Што да правам за да ми се повлече тоа? И по можност да не ми се прават такви непцата?