Имам да, повеќе можам да ја отворам сега, не скроз уште ама има подобрување од ден на ден. Само некои движења уште не можам да ги изведам, долната вилица за во десно и напред како закочена да ми е, не оди натаму . Инаку раната и отокот можам да кажам после 1 недела ми беа мирни, само ова уште трае со вилицава, ваљда ќе помине. Се тешам дека секој ден имам мал напредок Инаку и болката полека поминува, јас првите 2 3 дена пиев нимер 2 пати, после блокмакс 3 пати на ден, па постепено намалував по некое апче, односно пиев само кога ептен ме болеше. 10тина дена после операција скроз престанав со апчиња..
Супер значи треба полека да се смири. Кај мене саат ипол траеше операцијата и многу болно беше, така да и не ме чуди од толку време со отворена уста да добијам тризмус, ама не се издржува веќе.
Кај мене релативно пократко траеше, не знам ни пола саат дали беше, ама ете, нема правило. Читав дека до кај 3 недели макс постоперативно треба да се врати се во нормала
Здраво дали некој има правено хируршки зафат на сечење на непце за да се отвори забот бидејќи е покриен со непце, и каква е постапката дали е болно кога се прави и после тоа?
Здраво, дали е нормално и ви се има случено две недели по операција на умник да имате болки во вилицата, грлото и увото од страната на извадениот умник?
Мене ми го сечеа непцето да ми извадат заборавен корен. Не е болна постапката,ќе ти стават инекција, после ќе ти дадат лекови за болка ако имаш и антибиотик по потреба.
Кај мене треба да се сече непце на 8цата бидејќи забот е покриен со непце а е голем, од причина шо имам мост па не ми држеше мостот и кога ќе се исече непцето се надеваме дека така ќе биде успешен мостот, требаше имплант ама немам коска, тоа ќе биде 2ра опција. Ептен сум под стрес од заби..
Здраво, поради нестручен доктор, имам 12 коронки. Уште на почетокот имав болка кај умртвена четворка ама ми даваше серапептазе, антибиотици, јас не знаев дека има инфекција и ми поминуваше. Сега се појави инфекцијата појака, се сомневав отидов кај др доктор и се фати за глава. Едвај се нафати да ме оправи, прво ја отвори тројката за да видиме да не прави проблеми она, пошто и она беше отечена и ми правеше проблеми со синусот. Ја умртвивме, но сега чувствувам болка се уште на гриз кај четворката. Болката не е јака како претходно ама како да ми ја укочува левата страна на горната вилица.. има некој вакво искуство? П.с Цела сум омлитавена од антибиотиците што ги пиев Докторот рече ако боли, голема е веројатноста да треба да ја вадиме четворката... Можно е да е така поради лошо поставен мост нешто такво?
Поради предвремен контакт на местото кај 3 и 4 ти се појавил проблемот. Може да се спасат забите со апикотомија, не мора да се вади мостот ни забот/забите, барем засега. И задолжително да ти направат реоклузија, да се види каде е предвремениот контакт и да се тргне, во спротивно пак ќе ти направи проблем.
Ај да прашам тука пошто забарката не ми спомна ништо а јас изумив да прашам ми ставаше малце на едно место ко што разбрав течна пломба, после коллу време може да јадам? За оние другине викаше секогаш можеш одма да јадеш ама оваа да не е поинаква нешто што знам @Annath @Spidy
Стандард најдобро да не јадеш 2 часа. Ама ако е композитна пломба (што се свети со синото светло), таа стврднува веднаш и можеш да јадеш слободно, без разлика на конзистенцијата на пломбата.
На умртвена четворка, уште чувствувам болка при ладни пијалоци. Умртвена е пред два месеца. едит: пред да стави пломба и да ги полни каналите, направена е снимка и забот беше Ок.
Да со тоа на два наврата ми светеа, помина точно еден саат мислам можам да каснам ( немам јадено цел ден) секако нема да гризам со тој заб ( кецот горе на ќош ми беше закршена старата пчомб малце па таму доставаше)
Ај да прашам овде оти готово филм си направив. Еден заб кој беше полнен, крпен се скрши од орев. Друг не знам од што, ваљда пак тврдо нешто, јас и шише отварам со уста. Забот има од тие црните пломби. Некна бев на доктор, правев ртг, немаше ништо невообичаено освен дека имам многу забен кариес, а го чистев во Мк сега кога бев и треба некои заби да се средат. Сега џвакав мастика и се изронил дел од забот кој малку беше скршен. И сум ги голтнала ситните делови. Прашањето ми е, дали може ова да се случи кај пломбиран заб или сум тешко болна? Баш ме чека контролно ехо на жлезди на препони и сега почнав да паничам. Или ова е од физичка природа?