Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Вчера ми го киретизираа забот тројка горна, ама денес пак боли на допир горе кај коренот и пак чувствувам дека не можам да дишам низ ноздрата на носот. До што може да е???
     
  2. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    3.040
    Пол:
    Женски
    Понеделникот со анестезија докторот одма ми го извади нервот на забот горе што ме болеше на ладно некое време во последно, а забот не бил воопшто расипан ми рече но нервот скапал потоа ми стави лек и вчера ми го пломбира забот...
    Дали е нормално да осеќам болка на забот кога ќе чукнам или допрам со долните заби и осеќам како да ми жежи образот тука или тука само ми е паметот незнам
    Дали дека сепак работеше на тој заб чувствувам така или има нешто..многу се плашам од одење на забно и ова ваѓање на нерв не ни очекував ..и сега пак ако треба да одам... :whew:
     
  3. TMNT

    TMNT Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2023
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Машки
    Ja sum nosel lek po 1 mesec. Ako te boli idi pak i vidi da ne e zabot za vadenje možebi
     
  4. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    3.040
    Пол:
    Женски
    1 месец?:o
    Мене одма ми го извади без лек само со анестезија и после лек ми стави од понеделникот до средата и го пломбира..
    Лелее сигурно пак ќе треба да одам:|
    Фала на одговорот
     
    На TMNT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tasija21

    Tasija21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Ќе ве молам да ми кажете кои се најдобри заболекари во Скопје, веќе 4 5 месеци мачам мака, за импланти немам коска, ми фалат 6 и 7 имав мост ми падна, па ајде сечење на непце за да се отвори 8мицата, помина тоа ставивме вчера привремен за да се види дали ќе издржи за порцелански , не е земена добро мерка и не ми се спојуваат доволно забите од десно и ми смета, ептен сум истрауматизирана, чекаш временски, трпиш болка и на крај пак ништо. До мене ли е до заболекар ли е стварно не знам веќе. ;(
     
  6. Tasija21

    Tasija21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    И сето тоа на страна многу ме чеша непцето сега, најверојатно имам осетлива жлебина, користам гингивал веќе недела дена, вода со сол, чај од камилица, болки немам но ова иритира премногу, некој да бил слично?
     
  7. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.988
    Пол:
    Женски
    @Annath Сакав да те прашам се надевам доколку видиш нема да ти биде проблем да одговориш.
    Ставив мост на предните 4ри заби горна вилица, од почеток непцата секако ми беа подуени, веќе го носам мостот една недела немам болки или слично, но непцата како да ми се повлекоа некако нагоре, да имам мало просторче измеѓу небото и задниот дел од мостот, дали е ова нормално? Планирам пак да се консултирам, и од друга страна дали оти ми е нов мостот ми е страв сеуште да гризам на него или било што па се со задните заби. Последниот совет што ми го даде беше дека ќе треба околу месец додека се навикнам ама не сум сигурна, досега не сум ставала мостови или пак навлаки бидејќи немав проблеми со забите, освен предните кои ми беа делумно криви , можеби и затоа ми е чудно и имам некој страв дека ќе ми падне мостот или слично. Сепак ти благодарам за одвоеното време доколку стигнеш да прочиташ.
     
  8. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    2.896
    Зоран шушак
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Ако е мостот изработен како што треба, се навикнуваш за ден два, а не за месец. Повлекување на непцето не би требало да има, после една недела пак ич, навлаките треба да одат под непцето, односно како да се твои заби, да не се познава работ воопшто. Од прв ден може да се гризе слободно, и нема потреба да се плашиш дека ќе падне.
     
    На ToksycznaReakcja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.931
    Пол:
    Женски
    Ќе треба да ми се направи зафат на максилофацијална клиника.Ве молам да ми кажете кои доктори се таму? Дали може да бирам ? Искуства?
     
  11. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    15.773
    Пол:
    Женски
    Doktor Nedim Kasami sekoja sreda e vo ambulanta so upat od maticen odete najdobar e pozz
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.931
    Пол:
    Женски
    Мене орален хирург ме виде. Рече на максилофацијална да одам ќе ми даде упат. Е сега не знам ништо, како ќе се изведе, со каква анестезија, малку сум загрижена искрено.
     
  13. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.536
    Докторки, по вадење на заб задолжително ли е пиење антибиотици?
    Тешко се извади забот, болки имам подносливи веќе трет ден.
     
  14. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.536
    @Annath пред 9 дена вадев заб 6ка, горна. Многу тешко излезе се направи голема дупка. Болки немав јаки, но пет дена местото ме болеше имав тапа болка. Пиев аналгетици. Антибиотик не ми препиша докторката. Е сега проблем ми е што гледам дека раната не зараснува. Кога ќе го ставам јазикот кај тој дел од непцето, чувствувам чуден солен вкус. Со забите обавезно го мијам и јазикот, но во текот на денот на јазикот од стрсната каде што е извадениот заб имам жолтеникави флеки како исцедок. Раната нема ниту обвивка, се гледа како коска. Да напоменам дека и дел од коска ми извадија со забот.
    Денес забележав дека вратните јазли ми се отечени, колкави се шансите да е инфицирано? Шубе ми беше реков да пијам Амоксиклав, барем до понеделник, у понеделник ќе одам кај докторката да ме види.
    Не ми е прв пат да вадам заб, ама вака не ми било.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Оди нека те видат, некогаш треба време да зарасне и да се затвори, 6ките се најголемите заби и навистина остануваат големи дупки некогаш, особено ако било комплицирано вадење. Можеби има храна, да треба да се испере местото, па ако треба и повторно да се искиретира. Ако осеќаш промени во вратните јазли, антибиотик треба да испиеш, ако денес го почнеш, ќе си продолжиш до крај, едно 5 до 7 дена задолжително.
     
    На Mazegin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ***delfina***

    ***delfina*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2021
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Пред нецели 3 месеци правев апикотомија, осеќам слаба болка ,како да почнува да боли забот. Сте имале ли неуспешна апикотомија? Вреди ли пак да се прави? Искуства? И ако сте правеле, од кој орален хирург сте задоволни?
     
  17. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Девојки,дали некој знае решение за искривен заб кој расте навнатре малку?
    Не знам дали тоа воопшто може да се стругне и израмни.
    Некоја со сличен проблем?
     
  18. ***delfina***

    ***delfina*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2021
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Јас го имам проблемов, гледам одамна си пишала. Што направи со забот? Може и во порака да ми пишеш.
     
  19. Ani45

    Ani45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Вадев шеска накај 11, уште крв плукам, нормално е ова? И дали е опасно ако несакајки голтнам крв од забот:)
     
  20. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    @Annath Бидејќи си постручна би сакала да те прашам... Ми се има појавено како мала точка на забот, на допир премногу боли јака болка имам баш, ама вака кога јадам, топло/ладно немам никаков проблем, не ме боли забот ама кога ќе ја допрам таа точка чуствувам дека премногу ме боли тоа место, како кафеаво е тоа, не е црно за да е кариес, секако ќе одам на стоматолог, ама до тогаш сакав да прашам, дали знаеш што е, бидејќи кариес не е сигурно... Дали ако го оставам така ќе ми се расипе забот уште повеќе?