Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Мене погрешно нивелирани заби ми се набиле во жлебините па сега имам процеси на сите страни во уста.
    Докторката каде што бев не напраи снимка на забите, а и јас сум со штуро знаење како тебе па идев на 30000000 други забари, орални хирурзи али се излезе како што кажа Анатх пошто неа ја прашував.
    Имаш и други начини за естетско средување на забите, само најди добар доктор
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Се во ред. Ама многу брзаш. Не знам што да ти кажам. Консултирај се убаво. Не е страшно краток период ако ти фали еден заб, страшно е ради избрзана погрешна одлука да навлечеш повеќе проблеми.
     
    На Gossipgirl31 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.835
    Пол:
    Женски
    Штом имаш прогенија, тогаш е уште подобро ортодонтски да се средат прво, па после да се среди естетиката. Ама бидејќи не сакаш, кај и да одиш, ќе се проба барем горните заби да се направат на исто ниво со долните, да не бидат зад нив, ако е изводливо дури и пред нив да се доведат.
    Може да пуштиш слика во приватна порака, ама без целосен преглед и снимка не можам да ти кажам што точно би се правело.
     
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    23.095
    Пол:
    Женски
    Ти пуштив слика, па ако сакаш ѕирни дали тоа е премногу.
     
  5. Denica333

    Denica333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересира каква е постапката за дополнување на изгубени заби. Здрави ми се од 4ка до 4ка и горе и доле. Другото се е оштетено. Како може да се надополнат овие заби, а да не се ставаат импланти?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.835
    Пол:
    Женски
    Да се извадат сите неповратно оштетени, да се лекуваат оние што не се толку оштетени, и да се изработат мостови. Ако се сите неповратно оштетени, тогаш вадење на сите, и парцијални протези на двете вилици.
     
    На Denica333 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. galeb77

    galeb77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво, колкав временски период може да се носи лек на заб. Јас сум веќе три недели со лек, но сеуште имам болка при јадење потврда храна.
    Не би сакала да ризикувам пломбирање (често имам страшни болки одкога се пломбира забот) крај на јули бидејќи во август одам на одмор.
    Па мислев дали би можела да бидам со лек околу два месеца?
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.835
    Пол:
    Женски
    Да си прашаш таму кај што ти го ставиле лекот колку време може да го носиш, оти ние тука не знаеме каков лек ти ставиле за да ти кажеме. Има лекови што може да стојат два месеци, има лекови што мора да се тргнат после две недели.
    Ако забите те болат после пломбирање, нека ти ги коригираат пломбите, ти смета нешто.
     
  9. Ani45

    Ani45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    987
    Пол:
    Женски
    Нормално е да отекува непцето од изваден заб? Гледам се намалува дупката ама отечено ми е од страните, пред 4 дена го извадив
     
  10. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Дали е во ред само за естетика да се прават заби
    Јас планирам бидејки немам двојки и ми се ретки забите тројките се остри и они ми се втори и не ми се допаѓа како изгледа
    Сите околу мене ми велат дека ке се покајам ако го направам тоа бидејки моите заби се сите здрави
    Па ме интерсира дали се оштетуваат многу забите дали после тоа можно е да не биде како треба мостот
    Премногу сум во мисли бидејки сум кратка и со времето имам само три недели за оваа да го направам
    Имам пишувано во темата за мојот проблем но сега кога дојде време да ги правам премногу сум под притисок бидејки незнам како ке излезе се оваа
    Секој совет ми е добредојден
     
  11. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    ДА! Никогаш било какви вештачки заби нема да бидат како твоите.
    Ако имаш простори меѓу кецовите и тројките можеш мостови ама парцијални да ставиш,другите не ги чепкај!!!!
    Јас мака имам. И оди кај предобар забар да ти ги направи за да немаш проблеми во иднина. Јас сеа ќе ставам по втор пат па ќе ти кажам искуство ако ми ги направат подобро..
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  12. QueenP

    QueenP Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    5.230
    Пол:
    Женски
    Здраво,имам болка во забот од вечерва и сега гледам дека веднаш до забот имам цело перниче подуено најверојатно е гној, денес ке одам на заболекар ама дали е можно отечен заб да се извади бидејќи 3 пломби има ставано и ефект од тој заб нема.
     
  13. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    450
    Здраво. Дали е нормално после чистење на забен камен, наредниот ден, забите да бидат осетливи на ладна храна?
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Да, неколку дена може да се осетливи на ладно, нормално е.
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Вратена од две места двајца различни стоматолози ми рекоа дека моите заби неможат да се прават
    Бидејки биле лошо поставени и ако ги прават мост дека првите заби ке ми бидат мн големи и нема да ми изгледаат естетски убаво бидејки мене ми се здрави забите сакав само естетски да изгледаат убаво
    Предлог имав само со протеза фиксна да носам па да ми се соберат единиците и двојките и да се отвори простор за тројки
    Но за тоа треба долг временски период
    Па сакав да видам дали некоја имала некој ваков сличен проблем дали има некоја друга метода за естетика
    Јас се разочарав премногу искрено
     
  16. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Сакам да направам ласерско избрлување на забите. Искуство и предлог за ординација во Скопје?
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Не можеш да имаш добра естетика ако почетната ситуација не е добра и не овозможува да се добие добар естетски краен резултат. Стави си протеза. Што и да бараш алтернативно, само ќе се покаеш во иднина. Ќе поминат 2-3 години и ќе си речеш ех да почнев тогаш до сега готова ќе бев. Верувај ми, премногу пати сум го видела истото. Ако ти фалат заби, не може никој да направи магија. Мора да се наредат тие заби што ги имаш како што треба за да може да се надоместат заби каде што треба. Особено за тројки, претпоставувам ти се заглавени во коската, значи ако ги имаш забите со протеза ќе се наредат и нема да ти треба ни мост на крај. Ако си решила дека сакаш да направиш нешто со забите, направи го како што треба од старт, ќе се покаеш во иднина инаку.
     
    На resenska и Annath им се допаѓа ова.
  18. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Немам јас двојки тројки имам
    И не ми се заглавени ми правија снимка едноставно не ми се излезени забите
    Ти благодарам сепак на одвоеното време ке размислам што е најдобро да правам
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Лошо сум разбрала. Двојки се заби кои често се случува да ги нема (генетска аномалија), а тројки ако нема најчесто се заглавени во коска, па со протеза се влечат на место. Ако немаш двојки, ќе треба да се надоместат, ама единиците и тројките прво да се стават на право место, со доволен простор меѓу нив за двојки, и идеално да си ставиш импланти, а не мостови, секако ако има услови за тоа.
    Лаички гледано, ако вилицата ти пораснала доволно за 6 заба во фронтот, а ти имаш само 4, и пробаш тие 4 заба да ги направиш поголеми со некаква протетика само за да се пополнат просторите, нормално дека тоа нема да изгледа убаво. Ако тебе естетиката ти е на прво место, секоја алтернатива што може некој да ти ја понуди наместо носење протеза, биди сигурна дека нема да бидеш задоволна од крајниот резултат.
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Да и мене тоа ми рекоа дека некаде може да ми кажат дека може да се направи но дека само парите ке си ги дадам а нема да бидам задоволна и потоа назад нема
    Затоа и пишав тука да слушнам мислења и искуства ако некој имал
    Сепак ке прашам и колку време би требало да се носи протеза а тебе ти благодарам многу
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.