Gledav na youtube video za implatni i mi deluva mnogu strašno zatoa so se bruse koskata i se stava štrav. A kolku pari e toj most od cirkonium od prilika? Toa ne mi izgleda tolku strasno po videata na youtube
Да си одиш на стоматолог и да се види која е најдобрата опција за тебе. Зависи од комплетната ситуација во устата што ќе се става, не се прашува на форум. Циркониум не е секогаш најдобар избор, остај што ти кажуваат тука, тоа е повеќе за естетика и корекција на загриз, кога се присутни забите, кога фалат повеќе заби, баш и не е добар избор секогаш. Стоматолог се прашува и консултира, не рандом луѓе на форум.
Da da taka ke napravam, sakav samo da prašam nekoj ako e staval slučajno most ili implant da spodele iskustvo kako e bilo, dali e zadovolen, inaku normlano deka so stomatolog deka ke se konsultiram. Fala u sekoj slučaj
Здраво, умникот ми испадна ама расипан беше и почна да ми се рони сам по себе и сега имам уште многу малце од него а на средина имам голема длабока дупка (тој дел што ми се изрони) и исто така тоа сега почна полека да станува модро и да ме боли месото на крајот на умникот. Дали со операција на умник би ми се средило тоа или сепак не? И дали има простор за паника (две години ми е вака).
Здраво. Веќе подолго време лечам горна тројка на стомотолог од причина што не живеам во Македонија и лечењето се одолговлечи, поточно од јануари годинава. Имено, стоматологот го чисти каналот најверојатно за да го умртви нервот. Во овие 6 месеци немав некои посериозни проблеми со забот освен што ми реагираше на ладно и некоја минимална болка кога ќе допрев со прст над забот. Последен пат бев пред 2 недели, ми го исчисти каналот, ми стави лек и ми кажа најкасно за 2 месеци да дојдам. После една недела откако бев кај стоматологот ми се појави болка на допир над забот, накај коренот и забот ми отече. Сега пијам антибиотик и ќе гледам следната недела да отидам кај стоматологот. Прашањето е од што може да се појави отокот? Дали може да настанат некои дополнителни компликации ? Би била благодарна доколку има некој што е запознаен со оваа проблематика.
Дали може да се стави навлака на еден заб само? Предниот дел од забот ми е малце поткршен и нема контакт со другиот, ми рекоа на забар добро би било да се стави под навлака ама скроз изумив да прашам дали ќе мора и соседен заб да се струга здрави ми се забите во близина на тој заб, некако криво ми е и друг заб да уништувам? @Annath или некој да ми каже фала однапред на одговорот
Може само еден заб да се стави под навлака, не мора соседен да се струга, ама јас во твојот случај би правела фасета, бар за некое време, а подоцна навлака. Е сега, да знаеш дека наверојатно ќе двои од твоите заби, колку и да е совршено погодена бојата, на почеток можеби нема да се забележува, ама подоцна ќе двои од другите.
Се мислам за нешто.. Во четврток правев кортикотомија на едниот заб, бев на контола се е во ред. Е сега треба во вторникот да одам конците да ми ги извади, а во четврток да ми направат пак кортикотомија на друг заб, па се двоумам, дали може кога ќе одам во четвртокот за другата кортикотомија да ми ги извади и конците , или мора посебно.. Маката ми е да не излегувам од работа.. @Annath или некој друг хелп..
Малку сум исплашена и почнав да си правам филмови. Надвор од Мк сум, ама за скоро ќе си одиме и ќе проверам секако. Само сакам да слушнам некое мислење. Долната 6ка ми е скршена и стои само корен неколку години, од пусти страв не го извадив. Осеќам болка при јадење или кога ќе го пипнам и околното место. Ама нешто друго што ме мачи е тоа што пред една недела под вилицата, некаде доаѓа баш под забот осетив болка и кога напипав осетив топче ми делува големшко и се помера. Сега раката само таму ми оди и убаво го напипувам, веќе 300 филма си направив дека е нешто лошо. Го имам и од другата страна, ама од левата како да ми е поголемо и кога ќе стиснам незнам дали од забор или што го иритирам осеќам нелагодност. Дали се жлезди незнам, ама знам дека ме фати страв и лоша мисла.
Без снимка не може да се знае, ама голема е веројатноста дека корените развиле инфекција. Секако треба да се извадат, ако е тоа само плус антибиотик ќе ти дадат уште пред вадењето.
Самото тоа што се фали како е најдобар и од него никогаш нема да се роди подобар стоматолог па дури и во Германија да отидеш нема да најдеш подобар од него, ме одврати од помислата да ми прави заб, преглед и да ме нема. (мое искуство беше тоа)