Здраво сакам да прашам бидејќи имам надворешна болка од умниците и минимална болка во увото дали тие два процеси се поврзани односно дали од болката од умниците се јавува болка во увото и дали при болка на умниците се јавува сува уста.
Може непцето да ти е воспалено, начесто тоа е проблемот. Ако имаш болка или оток високо во коската кај што е коренот на забот, тоа е веќе друг проблем. Ако е само непцето, 5мин работа е чистење и дрен, до следниот ден ќе си подобро. Во секој случај најдобро на стоматолог. Дома сама можеш да пробаш да исчистиш со интердентална четка, да испереш со хидроген и да намачкаш некое гелче, ама на стоматолог многу поефективно ќе те средат.
И мене ми е умртвен забот ама ме болеше непцето од внатрешна страна кај небото. Докторката нешто спомна џеп значи го средуваше извади топче крв. Ми рече дека ќе се смири да мачкам гингивал или со хидроген да испирам. Арно ама ова уште ме боли кога ми допира храна таму. Секако ќе одам пак на доктор ако не се среди ама утре празник со тоа продолжен викенд. Па треба да чекам.
Ми отече кога се пипкам кај вилицата тврдо е тој заб ( мислам 5 е доле) од секогаш ми правел проблем сакав да го извадам ми викаа не ќе го спасиме...знам дека е празник но дали знаеш дали некој работи за снимка да му направам?
Некогаш треба и 2-3 пати да се чисти за да може скроз да се смири, и нормано мора после секое јадење да го чистиш и дома. Нормално е да тече крв се додека е воспалено. Се случува. Извади го дренот, пак исчеткај ама убаво не се плаши ако крвари многу. Плакнење со хидроген, и ти препорачувам НБФ гел. Ако отокот е кон коренот на забот, најверојатно е инфекција на забот. Прво снимка да се потврди тоа, па ако не го бива ќе го извадиш. За празник дежурен стоматолог имаш во Јане Сандански.
Прават, ама незнам дали прават на дежурен. Друг оддел е ренгенот, дежурен стоматолог има, ама не знам дали има дежурен ренгенолог.
Да прашам апикотомија е умртвување на нервот? И зошто не прават? Јас имав многу расипана 7ца, докторот од мртвите ја врати што се вика, и нерв ми умртви. Забот на изглед беше ужас. Сега е како нов. Искрено ме замисли сега, нешто да не не ми е во ред со забот.
Апикотомија е чистење на коската во ниво на врвот на коренот кај веќе лекувани заби, се сецнува врвчето на коренит и се чисти местото што е зафатено од инфекцијата. Тоа е оперативен зафат, не трае многу долго, ама на заби со повеќе корени ретко се прави, да не речам скоро никогаш, едно поради бројот на корените, второ поради близина на одредени структури (синус, мандибуларен канал) и обично е неефективно.
Дали има некој искуство со бондирање заби? Наскоро треба да ја вадам фиксната и стоматологот ми препорачува бондирање на двојките за подобар ефект (зашто не ми биле во правилна форма). Ми спомна дека не се оштетуваат забите, но сега пребарувам на нет и читам дека сепак мора да се стругаат за да се направи тоа. Искрено, ставив фиксна за да не оштетувам здрави заби и не би сакала да стругам здрави заби ако бондирањето подразбира какво било оштетување на моите. Сега кога ми се исправени забите не ми е важно да се совршени, прави ми е доволно, но ако е ситна интервенција за значителен ефект би прифатила
Заб лекуван пред 10 години, пломбиран, 6ка, наболнува и ми крвари веќе неколку дена. Заболекарката ништо не гледа, џеб само некој, здравје за месец-два колче ќе стави, а може и навлака. Нормално ли е ова? Иако цел притисок ми оди на тој заб, т.е. двете 6ки.
Не сум во Мкд, а вчера почна да ме боли непцето над горната 4ка, при мрдање на устата, како модрица што боли. Од утрово напипав топче на непцето. Нешто расте, можеби гној? 4ката ми е метал коронка заб, што процес се дешава? Што да барам во аптека додека да се вратам уште 5 дена? Страв ми е да не ми се зголеми, ако е гној.
Здраво дечки. Ме интересира ваши мислења бидејќи бев на повеќе стоматолози и моментално се наоѓам во една ситуација кадешто не знам кого да слушам и што е најправилно да се направи. Многу сум млада, поточно 21 год, имам изразена парадонтопатија на забите и веќе ми лебдат не ми се држат никако за коската. Повеќе стоматолози како единствено решение ми понудија циркониумски коронки, коишто се решение за да ми ги прицврстат забите и да не мрднат. Некои пак ми кажаа дека сум многу млада за тоа и да не ги стругам безврска, дека немало да ми паднат но панорамската слика покажува многу поразлични резултати односно дека повеќето се во право и дека мене ми е алармантна ситуацијата со забите. Сакам да ги заштитам и секако да уложам пари во нив. Што би ме советувале вие?
Ми препорачаа една ординација во Аеродром, ако сакаш ќе идеме заедно, јас треба рутинска контрола да направам на забите