Не би требало да има проблеми штом не те боли, ама ќе се види тоа кога ќе го отворат забот. Не значи дека нема да може да се спаси Повеќе Ц-витамин, редовно четкање и користење на конец за заби, плус плакнење со течност за уста на база на хлорхексидин (антисептик). Ако се јави воспаление и крварење, можеш да земеш гингивал Ц или генгигел, мачкај го непцето.
И јас имам проблем со непцето и јазикот,пред 2 месеци ме болеше грлото и јазикот ме печеше и непцето ми се нафрли на лекар ми даде антибиотик,и ми кажа дека имам крајници за операција тоа си го знам бидејки мака мачев како мала со 3 крајник али од пубертет навака немав проблеми додуше едниот секогаш ми беше како јагода црвен и голем сега двата ми се како искинати тогаш испив две дози антибиотик ама јазикот не ми помина ми се исфрли со некои ситни црвени топчиња бев на забар докторката ми вика не е инфекција не ми бил бел можно било да ми е од антибиотикот нарушена флора на јазикот,ми даде проафтол ме мачкаче со мастило правев гаргара со бетадине и ми помина,ама еве сега пак почнува да ме пече како попарен да ми е и непцето исто како температура а крајниците не ме болата големи ми се исто само лупаат незнам од што е?паника?
Nenuske, ако не грешам, те читам и во темата Анксиозност - може да ти е ова печење на психичка база. Земи Б витамини, конкретно Б12, и помалку зачинета храна. Плакни ја устата од време на време со 3% хидроген, или пак со течност за уста на база на хлорхексидин. Друго, направи си една крвна слика, да видиш каква е состојбата со железото, со шеќерот - неретко се јавува овој синдром кај анемија и кај дијабетичари. Не значи дека тоа е проблем кај тебе, ама не е лошо да си провериш
Фала ти Анатх за одговорот.Точно спагам во групата на анксиозност ама периодов да не се подречам па не сум имала баш некој напад,а за крвна слика правев сега пред извесно време на систематски шекерот ми е 5,7 како покачен ми е ,железото ми е супер ,е сега во мокрачата имам некоја си бактерија и циститис,али ја си дремам дома а знам дека треба да се испита,ама пуста страв и паника од лоши вести.Ме интересираше дали јазикот моше да ми биде таков од грлото бидејкки ми рекоа хронични крајници за операција или сепак нема врска со него?Фала ти поздрав
Мала е веројатноста да е од грлото таков, ќе покажеше инфекција и подобрување по терапијата. Може да е и од проблеми со стомакот. Ако треба операција, зошто не ја направиш?
Мене забите на ладно многу ме болат Кога ги мијам морам да ги плакнам со топла вода инаку многу ме болат Слушнав за некоја паста од Lacalut (ако се викаше така ) која била за осетливи заби па се двоумам дали да ја купам. Ја има некој пробано? Делува?
Во средата бев на заболекар и ми ставија лек. Ми рече за две недели да одам пак. Е сега јадев лешници и малце ми се потскрши лекот. Мислам тука си е уште, ама малку е скршен. Нема врска така? Или? Не е до внатре скршено, нема луфта него како слој да е паднат мал.
Па појди на краток преглед таму или во било која најблиска ординација и кажи да проверат, тоа не е ни 1 минута работа. Во случај да е повеќе отпаднато отколку што си мислела тогаш закажи термин за санирање, а можеби и веднаш ќе го санираат - заменат.
Можеш Lacalut sensitive да земеш, но мислам дека подобра е Sensodyne за осетливи заби. И јас го имам истиот проблем, сум ја користела вторава, и помага доста. Ако не е цел лек паднат и нема луфта, нема потреба да одиш предвреме. Лекот си стои, може само горниот слој од завојот (така се вика) се излупил малку, тоа често се случува.
Јазик... Еве вака имам си еден проблем, неможам на никој да го кажам оти ми е срам, а тука баш да видам како ке реагирате и какви предлози ќе дадете. Мојот јазик незнам како да ви кажам али на некои делови е како да е изрецкан со нож тоа не сум го правила сигурно ја, туку природа... немам си дечко а и нема да си имам срам ме е со таков јазик како ќе биде првото мување? Едноставно што сакам е да умрам да ме нема веќе или пак да го средам проблемот, дали некој од вас има нешто да ми кааже ве молам.....
Самата си кажа, природа - ништо страшно, ниту невообичаено. Освен ако немаш и други симптоми од типот на жарење, печење и болка на јазикот, е тогаш може да има некој проблем. Меѓутоа, претпоставувам дека си во пубертет, во период во кој сите си наоѓаме мани и недостатоци и таму кај што ги нема. И верувај, дечкото нема детално да ти го прегледува јазикот
Имав болки во предниот заб...Бев на заболекар,и моментално горната усна целата ми е потечена,доста е здебелена...Оток имам и кај окото....Ќе помине ли? што и како?Лицето целосно ми изгледа како деформирано (
Ти се активирал процес на некој од горните заби. Мора да земаш антибиотик, тоа сигурно ти го кажал стоматологот. Кога ќе спадне отокот ќе мора да ти го отвори забот, да се лекува, ама и да направи снимка, да се види каква е состојбата со коренот и коската. Понатамошната терапија зависи од ситуацијата.
Нема ништо да ти биде на лицето, отокот ќе спадне. Само што кога ќе спадне, ќе мораш, како што кажав, пак да отидеш на стоматолог, да ти го отвори забот и да го лекува. А можеби и ќе треба да се вади, не знам. Зависи што ќе покаже ртг снимката.
девојки пред 4-5 месеци ми се скрши еден заб и отидов на стоматолог. Ми го умртвија и ми ставија вештачки.После една недела тој ми падна и веќе 3 месеци немам заб. Од вчера почна да ме боли жлебината околу забот и ми е отечена а забележав дека и вилицата од таа страна ме боли. Може ли некој совет? Благодарам
si imam super zabi i zabolekarkata mi kaza fala bogu nemam problemi i edvaj cekam da odam kaj zabolekar!!!! A mislam deka mastikite bez razlika dali se orbit ili cunga lunga mislam deka ne se dobri viiopsto za zabite pozzz!!!
девојки пред 4-5 месеци ми се скрши еден заб и отидов на стоматолог. Ми го умртвија и ми ставија вештачки.После една недела тој ми падна и веќе 3 месеци немам заб. Од вчера почна да ме боли жлебината околу забот и ми е отечена а забележав дека и вилицата од таа страна ме боли. Може ли некој совет? Благодарам Lallly,драга не би требало да падне коронката за само една недела,има мостови и коронки кои стабилно си стојат во забните редици 15 и повеќе години.според мене не е циментиран(залепен)со траен цимент, или воопшто не ни ти бил.за отекувањето мислиш на непцето околу забот?ако добро сватив се работи за тоа, стручно_ гингива, тоа е можно да е од лоша изработка на рабовите на коронктата,и тие да ја дразнат гингивата. но што и да се каже сепак не е доволно,друго е кога на лице место се види состојбата. моја препорака ти е да си се вратишкај стоматологот и да те лекува како што треба.а за моментално смируванје на отокот ке ја плакниш со чај од камилица,и да се напиеш вентор ако имаш силни болки. поздрав и утре право кај стоматологот.
Јас лани бев на операција на забите, на предните, меѓу 1 и 2. Одев на забар половина година секоја недела и сега забите ми се супер. Само малку ми беа пожолтени пa користев една маст се вика GC Tooth Mousse, супер е, многу помага и сега забите не ми се многу жолти. И уште ја користам има секакви вкусови на малина, јаболка... ммммммм..... Позз....