Вчера ми чистеа корен на заб со она средство како доместос не знам како се вика ама денес црева истурив и плус дијареа иам, вчера чинам почна после третманот, дали може од тоа е или имам некој вирус закачено?
Ми падна пломба од заб(5ка) и полна да се клати забот Како е можно? Има шанси да се спаси или мора вадење? @Spidy
Не може заб да се клати зошто му паднала пломба. Поверојатно е дека е скршен, па се клати некое парче. Ако е мало парче, ќе го пломбираат пак. Ама ако е лошо скршено, може и за вадење да е. Те боли забот сега, лечен бил претходно?
Инаку не памтам дали е лечен, јадев пуканки и ми се случи ова.... се заглави некако непукната пуканка пропадна у пломбата претпоставувам и кога ка извадив почна да се клати.... Ме боли кога го мрдам со прст јас, вака не. Тек во понеделник ќе одам на стоматолог дури
Да не си имала и предходно нешто со тој заб? Баш чудно и мене ми има паднато пломба од пуканки и веќе тоа не јадам, исто и од грицкање сончоглед ми се пукна малце забот, да знаеш дека пуканки и грицкање сончоглед се лоши за забите во иднина, ако ептен треба да го вадиш може мост да ти стават или тоа како се викаше не знам, не сум стручна
Добар ден... Ајде и јас нешто да прашам за забите, 5ката ми е лечена правена (немам проблем со забот вака) меѓутоа и претпоставувам од тоа што се стругало за пломба, внатре делот од забот ми е помал, а надворешниот дел поголем (ако добро објаснив), терам вака, ама ми е страв да не се направи некој проблем во иднина, што би било најдобро решение а да не се дооштети забот?
Горните 6ки ми се партал, правено пломби многу пати. Постојано паѓаа, се кршеа. Стоматологот пред 2 год одлучи да ми ги извади. Не дозволив, ги правев соло коронки. Едната ме наболува, како лабава да е коронката, бев вчера, ме виде рече изгледа внатрешно е скршено и другиот е загноен, а не чувствувам на другиот ништо. Денес рече да ги вадиме. Добро нема ли некое решение? Не сакам да вадам, па и баш 6ка.. ми спомна дека може веднаш по вадење имплант да ми вгради. Ај да е еден, ама два треба, две 6ки ќе вадам.. немам 1000 евра одма да платам. Плус тоа горните умници ми се импактирани, не знам сеа дали ако се извадат 6ките ќе се пополни местото со 8ците...
Кога ти рекле дека се за вадење, сигурно не биле во добра состојба. Биди среќен и што издржале 2 години така скрпени. Кај возрасни не се затвора простор од извадени заби спонтано, не е битно дали имаш умницо. Само може со тек на време соседните заби да се навалат кон празниот простор, и тогаш ни мост ни имплант да не можеш да ставиш. Извади ги забите додека не направиле поголем проблем, нека зарасне местото месец до два, и после имплант или мост (што дозволуваат локалните услови и секако финансиите).
Инаку да се надоврзам да прашам нешто... Пишав погоре уз јадење пуканки мислев дека ми се скршила пломба и расклатила делче од заб. На преглед ми рекоа дека бломбата стои, едното делче го извади. Ми стави лек и ми рече да го носам 3 4 дена па да видиме што ќе правиме. И од тогаш често кога ќе плукнам плунката е како кафено розе, нормално е да има крварење од таму?
Зависи каков лек. Ама ако парчето што е скршено е до или под непцето, најверојатно привремената пломба што е ставена над лекот го иритира непцето, или непцето било воспалено од скшеното парче па може крвари додека комплетно да се санира. Според времето што ти го кажале (3-4 дена) најверојатно е само привремено затворање на забот за да може да се смири гингивата за да можат убаво да го пломбираат забот после тоа. Ако е така, си имала среќа што само мало парче се скршило, ќе го надоместат и тоа е тоа.
Не знам, умниците ми се импактирани, ужас. Ми ги туркаат веќе другите заби.Не знам дали ќе се помрднат натаму по вадење на 6ките.. лоши беа и пред 2 години, ама сега се плашам да не оставам празен простор. Ќе присоберам за импланти.. друго нема..
Како се прави заб под коронка, прв пат? Се буши коронката се става пломба и после најобично се затвара, не се оштетува навлаката?
Не, се буши и се работи преку коронката, без да се извади, после се затвора кога ќе се заврши. Ако е изводливо, секако.