Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Не, се буши и се работи преку коронката, без да се извади, после се затвора кога ќе се заврши. Ако е изводливо, секако.
     
  2. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Па зошто мене не ми предложија вака? Јас сум против вадење на забот... цц ц
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Не секогаш може да се лечи преку коронка. Ако е претходно лекувам, тешко е ревизија преку коронка да се прави, затоа се вади.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Многу се извинувам што те гњавам.. денес треба да отидам на контрола секако ќе прашам меѓутоа познавајќи го докторот ќе ме чука по рамо и ќе ми рече како сакаш, јас моето го кажав... значи ме боли едната горна шестка. Правени се соло коронки и двете горни 6ки пред две години. Десната ме боли како да е лабава коронката. Не е баш болка, ама така непријатност е..Кога ја виде рече не изгледа лошо, изгледа е внатрешно скршено. Рече другата (лева) 6ка дека е загноена, а не чувствувам ништо.. јас сум за да се спаси нешто ако веќе може.. ако ги вадам 6ките дали ќе имам проблем со поместување на другите заби ? Бидејќи имам никнати 8ци ама импактирани. Не знам дали да вадам 6ки и да оставам да се пополни просторот или да ставам импланти. Искрено цени на имплант ми рече од 350 до 500 евра. Еве 1000 евра ќе ги искеширам, за заби не жалам.. ама не знам која е правилна одлука, од докторот совет нема. Он кажува само дека 6ките се за вадење (уште од пред 2 год го кажа тоа, кога јас бев против и одлучив коронки да бидат.)

    Дополнително, вчера имав екстракција на еден умник, долен. Рече дека тоа било тешко вадење. Ако се сеќаваш и снимка ти праќав и на максилофацијална ги молев да ми го средат, никој не се нафати. Само овој доктор прифати. Е сеа образот ми е отечен, огромен, внатре како слуз крвава имам во устата, верувам тоа е нормално. Но пола уста ми е отрпната се уште не ја чувствувам. Океј можам да зборувам, но некако чудно. Сегде ме пушти анестезијата, само долната усна уште ми е отрпната се до брадата..
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Досега требало да пушти анестезијата. Другото е нормално, ама за анестезијава ме чуди. Види како ќе биде, ако нема подобрување, оди пак кај тој што те оперираше, види што ќе ти каже, обично магнезиум и неуробион се дава за да се опорави нервот. Паметам дека беше комплициран случај, можеби и тоа има влијание.

    За 6ките, сигурно со причина ти рекле дека треба да се вадат. Просторот нема да се пополни, оти целосно изникнати заби не се поместуваат, туку се искривуваат и издолжуваат према празниот простор, на лош, непосакуван начин ќе биде затворен, тогаш ништо не може да се прави. Импланти може да се стават, ама не е еден фактор што влијае на тоа, а ако не може да се стават, мост секогаш може да се направи. И јас не сум за вадење заби по секоја цена, ама ако мора, тогаш нема назад. Ама заби секако се надоместуваат, не е тоа голем проблем. Поголем проблем е да чуваш заби кои не се добри во уста.
     
  6. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    2.540
    Не сфатив, ако почне да боли заб под коронка, ако не може да се направи под коронката треба да се извади забот??
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Зависи од забот, дали е оштетен или не. Може да се лекува под коронка, ама ако е деструиран од кариес (се случува и тоа), тогаш ќе се вади. Ако е оштетен многу, самата коронка ќе падне, барем најчесто паѓа ако е соло коронка. Ако не е, се пробува да се влезе преку коронката, да се лекува забот. Потешко е така, ама се прави сѐ што се може да се спаси.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Бев. Ми го стисна образот. Океј било. Ме виде, рече океј е. За десет дена конци да вадиме. Комплицирано било кај мене. Тешко вадење било. Се ќе ми средел, да сум чекала ова да заздрави. Устата ми е уште отрпната, долната усна и до брадата.. врска немам..
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Можно е да е нервот повреден при вадењето. За жал, и тоа се случува, и потребно е време да се врати осетот, неколку месеци. Магнезиум и неуробион таблети обавезно, и да се следи ситуацијата, како оди опоравувањето.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Кај може да најдам штитници за заби (гумирани) и од прилика колку се ?
    Оние за бокс
     
  11. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Благодарам. Моментално плачам од болки. Испив кетонал.. не знам веќе кое боли повеќе.. дали отокот на образот (огромен е), дали раната или шестката.. мислам шестката најмногу боли, ја чувствувам коронката како лабава, како ќе биде ова не знам...
    да испијам антибиотикот, па ќе пробам заби да измијам внимателно и полека.. кажи ми дали смеам Listerine да употребам? Не ми е ич добро, општо слабо се чувствувам, загрижена сум и исплашена..
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Смееш Листерин, ама не плакни премногу. Ако ти е лошо, оди на лекар, дексаметазон да те боцнат. Макар што требало да те боцне после зафатот одма.
    Шестката ќе ја извадиш, а за отокот и химорал форте да земеш. Ќе помине и ова, само треба време.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Земам ХИМОЛИТ форте мислам пишува. Три пати на ден пијам по две таблети. Исто така ми даде и Клиндамицин и пробиотик. Многу ми е лошо. Не знам само голтам таблети за болка. Си ставам и ладна облога, како гел е, ја замрзнувам.
    Не знам дали денес одма да отидам и ми ја вади таа шестка. Секако сум отечена и за никаде.Не смеам од работа да отсуствувам. Не знам што е паметно. Јас бев решена истиот ден да извади на десната страна осмицата долу и шестката горе, но рече дека ќе биде премногу. Да оставиме. Надворешно шестката не му се виде проблематична. денес ќе отидам да ми направи една панорамска снимка. Не знам што толку боли..

    јас знаев дека ќе биде вака, ама мислев ќе се издржи, шестката не болеше толку, сега не се трпи. На работа бев вчера, и денес ќе одам. Некако издржувам, пред клиентите ставам маска, после ја вадам. Докторот вика полошо се прави со маската, требало на пола саат да ја фрлам и нова да ставам. За дома сум била првите 4 дена, ама не.. решив дека сепак ќе одам на работа, можам колку толку да зборувам.. функционална сум, само тешко ми е..

    А дексаметазон зошто? Да одам ли ? Инекција да ме боцнат? После зафатот бев ОК ме прашаа дали имам вртоглавици, немав. Грабнав рецептите и директ аптека, па возев до дома. Лежев малку, не ми беше добро, па се раздвижив.

    ЕДИТ:Јас забеганата, првиот ден одма после операција не можев да голтам како иритиран крајникот да беше, си светнав со телефон, отворив уста пред огледало и видов модро ми е внатре. Раната делумно ја видов, не можев многу да ја отворам устата. Вчера веќе можев, кога видов колкава линија е сечено. Ужас...
     
    Последна измена: 7 октомври 2023
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Дексаметазон се боцка за намалување на воспаление. Среќа и шестката што не си ја вадела, оти навистина премногу ќе ти беше. Покриена си со терапија, ќе се смири и ова. Само добро ќе беше да земеш боледување, иако малку тешко се отвора со таа дијагноза со која се вадат умници, ама реално, можеше докторот да напише извештај за матичниот да ти отвори една недела боледување.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Ќе видам после ако пак ме фукне ќе отидам да ме боцнат. Не е проблем, матичниот ми е семеен пријател, може да отвори боледување. Ама на работа отсуствата не се баш пожелни. Не сакам да ми се повтори сценариото да останам без работа или да ме гледаат попреку.

    Туку јас и покрај сите болки ги мислам овие горните шестки што ќе ги вадиме. Докторот го прашав што ќе правиме како ќе пополниме, рече уживај ќе средиме, остави малку да ми дојде идеја, ќе биде добро. Се мислам дали е опција да ставам протези ? Брикети мислам ги викаат. Така нешто спомна ортодонт пред 3 месеци.. Не знам. Осмици имам горе само импактирани, седмици здрави. Една само пломбирана. Да ми се спојат така? Секако горни имам неколку искривено.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на фиксен апарат, веројатно може да ставиш, ама не би знаела да кажам дали ќе се пополни просторот на извадените шестки со седмиците. Не дека не може, ама треба време, треба трпение, треба упорност, и секако, добар ортодонт. Кај деца во развој и тинејџери оди побрзо, поизводливо е, кај завршен раст потешко. Како и да е, извади ги, нека помине месец од вадењето, па ќе се види што понатаму.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Не знам што е паметно. Ама празно не ми се остава. Тие шестки од како ми пораснаа се проблем. Кариес постојано. Редовно поправани, меѓутоа не беа како што треба. Пред две год ги затворив со соло коронки. А сеа гледа докторов на снимката утнат канал има на едниот, а другиот изгледа процес има некаков. Појма немам аман.. боли упм.
     
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Да пишам апдејт. Денес немам пиено ништо за болка. Не дека не боли, ама не е страшно. Завчера и вчера имав силни болки пропратени со пулсирање. Ваљда антибиотикот си ја врши работата. Отокот не спаднува. Face ID не ме препознава. Внатрешно изгледа нешто ми е надразнето странично. Устата се уште ми е отрпната. Јадењето е проблем. Се трудам на другата страна да оди јадењето и да не џвакам. Само да голтам. Чоколино, млеко со бисквити, детските каши инстант му ги изедов на синко и пак гладна... ми скисна и од благо. Лебче пробав, минијатурни залчиња , но трошки ми бегаат на таа страна. Денес палента со јогурт голтав..
     
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    @Annath далеку подобра сум, но уште имам конци, во понеделник кажа докторот да ги вадиме. Отокот се намали, болките исто. Антибиотикот го испив за 5 дена, па вчера земав уште една кутија, се си мислам подобро е бар 7 дена да пијам. Само уште ми е здрвена пола уста. Не знам дали е нормално и колку време би било вака?
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Треба време да се регенерира нервот, мора да земеш неуробион за тоа.