Здраво како го среди ова сега читам и јас сум со ист проблем а исто сум бремена па да знам што ме чека моето на допир боли
Поради лоша и нередеовна хигиена имам проблем со забите. Минатиот месец бев на заболекар ,ми кажа дека имам бактерија во устата ,мора да се чисти забен камен и да се лечи со антибиотик ,од страв уште немам отидено. Почнав да четкам но втор ден имам неподносливи болки на непцата ,не можам ни топло ни ладно да пијам. Дали може некако да ги припремам забиве за чистењето и што да користам за болки. Како да стекнам навика на четкање ?
Имам каменец на забите. Дали е можно од тоа да ме болат непцата? Од страв не сум била да го исчистам. Горните 1 и 2 (лево и десно) ми се мостови. Двојката лево како да почнува да се поместува надоле. Односно, има отвор помеѓу забот и непцето. Веќе ми влегува храна внатре и кога ја отстранувам непцето ми крвари. Што можам да превземам за да не се направи поголема беља?
Прво да исчистиш забен камен, и да продолжиш да чистиш на секои 6 месеца. После кога ќе се смири непцето ќе може да се процени дали треба уште нешто. Ако непцето е повлечено од работ на коронката, најверојатно ќе треба да се сменат коронките.
Здраво Имам еден проблем и незнам како да реагирам, ама еве 3 дена само на тоа мислам и се нервирам дека е нешто лошо. Скоро пред месец време осетив како мало тврдо топче на горната вилица од внатрешна страна некаде меѓу 7ца и 8ца заб, ама незнам како убаво да се објаснам се наоѓа кај што се корените на забите. Тврдо е како коска и не боли. Лошо е што не сум во Мк, а го приметив кога си заминавме од таму. Вака забите не ме болат,ама на допир мала болка осеќам кај осмицата. Преплашена сум од читање дека може да е рак, бидејќи не се повлекува.
Почна да ме боли 6ката горе. Бев на стоматолог, го правеше стави пломба и си отидов. Утредента полошо. Отидов денес пак, го отвори и исчисти забот и му стави лек и го остави така до вторник. Рече ако се смири ќе стави пломба, ако не ќе мора да се умртвува живецот. Од лекот забот ми се смири, ама почна на долната вилица забите да ми трнат. Дали може да е нешто од лекот? Незнам до вторник што да правам...
Здраво, ме интересира мислење. Во петокот ставав две колчиња за импланти. Постапката заврши во ред. Но, ме загрижува тоа што уште ми е здрвена долната усна и брадата. Чувствувам трнење, како уште да ми е под анестезија. Дали е ова нормално?
На еден заб сега при миење приметив како нешто црно не е баш линија не знам како да објаснам, не знам дали е пигмент или кариес, ми е срам веќе да идам на забар, како да препознаам пигмент дали е или кариес? Не ме боли вака кога го допирам тоа, кариес боли ли на допир?
Ќе Ве замолам некој ако има ставано импланти да каже дали се удобни??? Дали вредат за парите, секако доколку организмот ги прифати? Како се чуствуваат?
Јас имам мостови. Тоа е нешто слично. Ок ми е. Долг период ги имам. Редовно одржувам хигиена. Избегнувам да јадам тврда храна. Имав еден период крварење на непцата, ама го средив со паста Лакалут актив. Пред некое време приметив мал отвор. Можеби е време да ги сменам.
Мостови и јас имам, мислам дека разликата е поголема, сепак имплант е како штраф па затоа мислев дали вреди, ако е удобно како мостови, тогаш супер би било, ама пак не знам некој од искуство би сакала да ми каже.
Јас сум во план да ставам импланти, ама на други делови. На едниот заб имам штраф. Ме интересира како се со цени имплантите. Не е изводливо да направам мостови.
40.000ден 50.000 не сум и јас баш упатена, затоа ми е важно дали вреди, не е баш евтино, барем мене не ми е.
Дали некој има ставено фиксна протеза на клиника, или знае колку отприлика чини? Дали докторите таму се постручни за покомплицирани ситуации?
Здраво. На двата предни заби извадени ми се нервите и имам ставено порцелански заби, е сега горе под непцето е црно и непцето е потемнето. Некој совет што да правам и дали то воопшто може да се реши…