Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    8.181
    Пол:
    Женски
    А од кај тоа то знаеш дека може, така лесно не мрдаат 8ци како што мислиш ти. Не си ти учена за тоа. Плис мостот се врзува не е ти како со мислиш стави заби. Знаеш дека биле за правење. Тоа што уплашена и психички наоѓаш маани е друго.
     
  2. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Ја многу добро сватив што е работата ама касно многу
     
  3. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Не ме интересира ни инфекција ни ништо .....нека цркнат ако сакат уште подобро
     
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    8.181
    Пол:
    Женски
    Воопто не сфати, ама мачно ми е со тебе да се објаснувам веќе и да се обидувам да ти помогнам. Побарај психолог. Толку имам да ти кажам.
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.007
    И што чаре ќе имаш тек тогаш? Која е поентата на тоа?
     
  6. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Кога веќе пола сум уништена барем целосно да бидам...тоа е поентата
     
  7. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    А добро ако речеме дека ти е направена ќе се смириш?
    Значи ставени ти се под коронка, естетски ти се поубави. Јас не знам што сакаш повеќе?
    Немаш проблеми, немаш ништо. Дај уживај малку.
    Мене навистина за 1 заб цела вилица ми направија, имав инфекција на едниот под мостот, па ми го кршеа па привремен носам, со синусот имам проблеми па не правам вакви драми колку тебе.
    Ти викам искачај, дружи се повеќе. Психички ќе оболиш вака..
     
  8. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Од кога ти ги направија доби проблеми со синусот.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.809
    Пол:
    Женски
    @Crnookata биди реална дека за вадење ти беа 6 од 12 заби. Мостови не се ставаат без да се истружат носачи, а според распоредот на забите немаше друг избор кај тебе. Закони на физика и статика мора да се почитуваат. Осмиците може, но и не мора да пораснат, јас ти кажав дека може, но не 100%.

    Криво ми е што толку време изгубив на објаснување за твојата ситуација, веќе и престанав да пишувам оти само се вртевме во круг и конечно сфатив дека за џабе зборувам, ти пак тераш по свое. Ти немаш проблем со забите, имаш проблем со себеприфаќањето. Наместо да се радуваш што си ја средила ситуацијата со забите и естетски и функционално, за да имаш заби на 20тина години, ти плачеш дека си ги уништила, напротив. Ако оставеше така, ќе ги уништеше и здравите заби, и ќе мораше да носиш вилици, еве импланти нека се, ако мислиш дека е полесно.
    Секојдневно гледам случаи како твојот во пракса, и верувај, никогаш и никој со сила не може да ти направи нешто ако не сакаш. Не си излажана, воопшто.
     
    На Gossipgirl31, Spidy, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Од 14 заба беа 6 за вадење
    Од 12 заба 4 за вадење ....вклучувајко ја 6ка од десно што просто и без неа сум можела
     
  11. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Ќе се замешам извини ,воопшто не е ни сличен може мојот случај како на девојчево ама гледам стручна си.
    Имам бактерија и стоматолог ми кажа да чистам забен па да поправаме полека.
    Закажав за 20 ти. Дали има нешто шо би можела да правам дп тогаш за да поминам побезболно на чистењето.
    Ме боли на топло ме боли на ладно .
    Многу ми крварат имам парадантоза сигурно .
     
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    60.625
    Пол:
    Женски
    Не ти е направена штета. Штета ќе ти направеле ако те оставеле така и тоа што можело да се зачува да го изгубиш.

    Побарај си стручна психолошка помош, најдобронамерно ова.
     
    На Annath и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  13. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.321
    Пол:
    Женски
    Тоа што беше здраво можев без навлаки да си го зачувам ...може и до 40 и до 50 г. ке ме служеа ....вака им го скратив векот само
    Ама касно ми текна
    Сега на секој 10 години навлаки ке менувам ....на 24 ги ставив на 34ке менувам ..на 44 ...на 55..на 65 години додека умрам 5 пати заби ке треба да купувам..
    Ама ако ме служат 10 години ако се на 5 тогаш предвреме кредити да си плакам или тргам пари на страна само за заби.

    И ако живеам до 75 ....валда ке ми се смачи купувајки заби..па пак ке си носам обична вилица ке си купам за 25 евра ..

    Не е за смеа него за плачење .
     
    Последна измена: 10 ноември 2023
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.809
    Пол:
    Женски
    Вообичаено чистењето на забен камен не боли. Забите кои те болат на различни дразби се веројатно расипани и треба да се поправат. Крварењето на непцата е знак дека се воспалени, што од каменот, што од расипаните заби (ако ги имаш, секако). Кога ќе го исчистиш каменот и ќе се обработат непцата, ќе пиеш витамин Ц од 1000 бар две недели, може и да плакнеш со 3% хидроген навечер после миење заби, и после обавезно со вода да ги испереш. Расипаните заби да се поправат, да се среди цело забало и да се направи снимка да се види дали има повлекување на коска.
    Дали ја третираш бактеријата со терапија?
     
    На SummerGirl и Гладиоли им се допаѓа ова.
  15. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Имам фобија од забари.
    Ова се се откри летото ,стоматологот ми рече да одам за да започнеме ама јас од страв не сум била. Вчера конечно закажав. Затоа сакам да се припремам за да не боли.
    Немам терапија за ништо.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.809
    Пол:
    Женски
    Пред да одиш на забар, ќе се напиеш нешто за смирување, дијазепам, бедоксин, нешто појако ако земаш такви лекови.
    За бактеријата те прашав оти спомна дека ти нашле, ама ако нема врска со забите, ок.
    Анестезија за чистење забен камен не се става, може за поправање. Сите имаме фобија од забари, ама забите мора да се чуваат. Снимка обавезно, да се заокружи прегледот за што поточна дијагноза.
     
    На SummerGirl и Гладиоли им се допаѓа ова.
  17. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Епа забарот ми рече дека имам бактерија и дека сигурно ќе треба антибиотик . Фала ти :l:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Пред година дена паднав и ми се скршија двата кеца горе напред. Бев да ставам пломби. Презадоволна сум, докторот ми ги направи како моите заби, не се ни приметува. Но сега после година, приметив на двата заби ми се појави како кафеава флека. Што може да биде тоа, и дали може да се тргне. Ужасно изгледа баш напред, неможам да се насмеам.
    @Annath ако може совет.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.809
    Пол:
    Женски
    На кој дел е флеката, на пломбата или на забот?
    Ако е на пломбата, најверојатно ќе треба да се смени, ако е на забот, можно е да има кариес, или да е потемнет поради траумата, односно дека е мртов и треба да се исчисти. Оди на забар, испитајте виталитет ако треба, и ќе видите што понатаму.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.007
    @Annath сакам да идам кај тебе на забар :wasntme:

    Кога те читам, заклучувам дека мојот забар по сè изгледа ме лаже. Или не е толку стручен. А човек како да знае освен ако вака не читне околу туѓи ситуации.

    Пример, минатиот октомври ставив мост и уште на гриз знае едниот кец да ме здоболи - до ден денес ми вика дека е поради непцата. Всушност, понекогаш ме болат сите 4 при мрдање на устата, но тоа поретко се случува.
    Одам на чистење на 4 месеци и секогаш ме боли чистењето, поготово на одредени места - ми вика дека е и до непцата и поради џепчиња.
    Секое чистење меѓу забите од мостот (горни кецови и двојки) ми става од она смдрливото ( :D ) на конче да постојат некој саат.
    После што и да јадам, користам конец, буквално секогаш со мене имам конец каде и да одам.
    Во август пиев и некој антибиотик (не го памтам сега, на Д беше нешто) демек за да ми се зацврстиле непцата (а во упатството пишуваше дека е за инфекција, дали он сумљаше нешто или експериментираше зш му се жалев пак за кецот), и што дека?
    Повеќе од деценија користам само Парадондакс и Курапрокс четка.
    Не ми крварат општо, ама ако правам нешто на забар, секогаш има крв.
    Аман веќе со тие непца. :D