Ај здраво, да се убацам вака зошто сте најактивни оток на заб… што да правам да спадне побрзо? Пијам антибиотик и серапептазе. 4тво апче денес од атб а оток не се намалува мора до понеделник да спадне јер родителска..
Мислам дека ме изигра да...не мислам него 80 % сум сигурна. Се каам што ставив цела вилица мост....а работата е била за многу малку
Не ти се свиѓаат ? Зашто може се ова да е твој впечаток, затоа те прашувам. Дали се консултира со втор доктор?
Како мислиш мој впечаток само? Добри се...немав потреба толку од нив ...и не се како моите заби нормално.
Може ти ги перципираш грди. Ако е тоа проблемот. Мислам уште има поминато многу малку време, затоа не ги чувствуваш како твоите. Не знам, не сум стоматолог, само моја претпоставка е.
Не знам ...ама друго чаре освен да ги прифатам немам . Јас упорно мислам за пари ми стави цела вилица доле...а и јас бев збунета тогаш не ни знаев што правам ..кога ке ми текне на струганите заби тешко ми паѓа...и лани дома кога стигнав со мостов кога се видев во огледало почнав да плачам ...татко ми почна да ми вика кој ме натерал да го правам .
Ама се надевам со тек на време ке ми помине. Дури и уште ми е трауматично кога се гледам...кога ги четкам..кога ке помислам на нив...се чувствувам многу повредено реално.
Тоа секако. Ти ги прочитав и претходните мислења, добро е што бараш психолог. Барај некој квалитетен, зашто само за земање пари има и во таа фела.
Знам и таму има само за пари земање...се надевам дека еден ден ке успеам да прежалам што си ги уништив забите....иако сега кога пишувам за нив ми се плаче.. А камо некој тогаш да ме спречеше. И татко ми мисли дека работава беше само за пари...ама не сака изгледа отворено да ми каже да ме тревожи уште толку.
Не се обвинувај себе си. Не си виновна што си му верувала на стоматологот. Побарај добар психолог, ќе ти помогне за да го надминеш ова.
Не би ти препорачала протези на клиника. Јас ставав таму фиксна протеза и дополнителен проблем ми се направи
Многу нормално, кога има нестручни, а и многу измислуваат проблеми само за повеќе пари. Но, тоа е небитно сега. Консултирај се со психолог.
Повеќето заби пола ми беа во добра состојба...имам слика кога ке ги видам уште толку плачам што си направив на себе ....како што кажа измислуваат проблеми само за пари ...ама бидна си веќе ...се надевам ке пребродам некако со тек на време ..не знам како да го заборавам . Само дополнителни проблеми си направив за жал....пред да одам да ги правам ни на крај памет не ми одеше дека долу ќе носам мост. Не знам како ќе ми помогне психологот.
Ќе ти помогне така што ќе работите на себеприфаќање. Пак ќе потенцирам, барај квалитетен психолог, зашто во Македонија 99% се продавање ветер во магла.
Еве ако некој познава стварно квалитетен психолог.....наместо да сум среќна сега јас ќе шетам психолози. Мислев ке се средувам јас се уништив.