Ќе ти помогне така што ќе работите на себеприфаќање. Пак ќе потенцирам, барај квалитетен психолог, зашто во Македонија 99% се продавање ветер во магла.
Еве ако некој познава стварно квалитетен психолог.....наместо да сум среќна сега јас ќе шетам психолози. Мислев ке се средувам јас се уништив.
Смири се. За почеток збори со некој близок, а и контактирај психолог. Мој совет е не онлајн, зашто најголемиот дел од нив се само за земање пари и не се квалитетни.
А и сите го фалеа тој доктор...стар специјалист.....мајка ми го фалеше како млада кај него ги правила забите и 20 години немала проблем со тие заби. Сите сакаат кај него да одат ...зет ми кажал еднаш тој е најдобар.. Башка и се знаат долги години со дедо ми како пријатели затоа отидев кај него ....не знам што и како бидна ....дали моја беше грешката не знам што да мислам веќе. Не знам зошто вака ми направи мене....изгледа среќата таа ми била.
Не психолози .....велам на 10 стоматолози што им пишав сите различно кажуват велам валда до стручноста е.
Онлајн не може ниеден стоматолог да ти даде 100% точна дијагноза и препорака, едноставно не е возможно тоа како што ти објаснив и во пораките. Кога немаш конкретен физички проблем со новите заби, освен тоа што се каеш или можеби не ти се допаѓаат, мислам дека немаш потреба од корекција на тоа што е сработено. Потребно ти е да разговараш со психолог заради другиве проблеми. А еве и отворено пред сите ќе ти повторам дека иако не можам ништо да тврдам со сигурност само спрема една снимка и твоите објаснувања, забите ти биле генерално во многу лоша состојба и воопшто не ме чуди што ти препорачале сите да ги заштитиш со коронки, и не мислам дека ти ја згрешиле терапијата. Не можам да го гарантирам тоа, тоа е само моето мислење. Ако сакаш професионално второ, трето или 10то мислење, посети стоматолог во живо.
Здраво, дали некој може да препорача доктор од максилофасцијална? Ми треба за проверка на 8ците(една е изваден) и загризот
Мостот ми е на два дела ....цртката розева ми доаѓа од лево таму немав 3 4 5 ....6 ми беше пломбирана ..а 2 ми беше забот расипан ама одоздола само го виде ама не му стави ништо .......од лево мост носам од 6 до 2 .....и да левата страна ми беше по оштетена. Десно со сината црта зошто носам мост и јас не знам ...ради една 6 што немам ли...исто 4 беше малку расипана исто одоздола и стави цинк. Другите беа добри. Ама стварно немаше потреба десно од мост можеше и без 6 да бидам. 7 немам и од двете страни ..дека таму не ставал во случај да излезеле 8 можело да бутнат мостот. Прво велеше цел мост ќе бил ...после на два дела ..зошто ..бидејќи мислел дека така е подобро за мојот загриз. Шо ќе биде за пола пари што па да не за цела вилица....ама џабе иако работата е за пари ...пак за сите докторот добра работа завршил. А не ми ни објасни дали имам услови за импланти некако.
Хелоу женски. Бев на забар, ми стави лек на долната 6ка. Нели 2 саати нејадење. Е сега, дали е нормално кога ќе ја затворам устата и ќе гризнам (не јако нормално) за да се израмни, и на горните заби да ми остане дел од лекот? И колку му треба да се засуши зошто зборам ко кловн од страв да не ми падне лекот
Треба да ставам навлаки од 4ка до 4ка, а на еден заб колче. Исто и на долна висилица мост, ми фалат два заби. Дали знаете од прилика колку би ме коштало, и која ординација ми ја препорачувате во Скопје или Охрид? @Annath
Цената зависи од тоа што ќе ставаш, и каде. За препораки, не би знаела, искуство во Охрид немам, во Скопје исто.
Денеска имав термин на забар попладне, ама ми се јавија и ми одложија тек за 12ти Декември. Прашањето ми е дека веќе имам лек на забот, дали е ок да стои така уште месец дена? Се мислев и да одам кај друг дентист, ама и тоа не ми е опција оти прв пат термини даваат најрано по месец… А и колку и да внимавам веќе ми падна мал дел од привременава пломба.