Утре ќе одам на рентген да ми ја снимаaт петката горе десно. Но никогаш немам направено рентген снимка на заби предходно, па сакав да знам каква е постапката? Како снимаат? Знам дека прашањево ми е глупаво, но многу ме интересира. :geek:
Прво ќе ти стават во устата рентген филм. Штом е за еден заб, малечка фолија ќе ти стават. Потоа ќе те залепат со образот за рентген цефката и ќе те сликаат Ништо страшно, кратко трае.
Девојки, мене оваа ми е маката Пред едно 15 мин си дојдов од заболекар, ми ја чистеа седмицата доле лево(претходно ме болеше многу на ладно и топло), болно беше чистењето, ама ми ставија веќе пломба. Сега откако си дојдов на моменти чувствувам кратки периодични болки. Е сега ме интересира, дали е тоа од што беше малтретиран забот или е пак некој проблем
Порцелански заби Devojki sakam da stavam porcelanski laminati.Ako ima nekoj iskustvo moze da mi kaze se za niv i dali se dobri za zabite
Тоа е реакција на поправањето на забот, би требало за брзо време да помине. Ако потрае подолго од два три дена, да одиш пак да се сними забот, да не има процес. Ламинати/фасети или коронки? Ако се фасетки, каде ќе ги ставаш и колку ќе те чинат ако не е тајна? Овие порцелански ламинати или фасети не се толку застапени кај нас во Македонија, кај нас најчесто пречка е цената, но и состојбата во устата на пациентите која баш и не е на завидно ниво. А такви порцелански ламинати, се ставаат кај промени во бојата на забите или пломбите (кои се обично минимални, а не преголеми), кај промени во местоположбата на забите, при мали неправилности и дефекти на забите. За други случаи се препорачуваат други решенија.
Ми препорачаа вадење на 8мица, или 8миците не знам дали двете горни сеуште, со операција бидејќи биле криво поставени и сами не можеле да никнат, а плус ми ги кривеле забите. За процесот знам што и како е само ме интересира колку е паметно да се прави тоа на лето, бидејќи имам слушнато дека не е препорачливо воопшто да се вадат заби обично, а не па вака ? Нормално топло е, се шират крвни садови, а ова е еден вид на операција... Проблемот е што немам кога да отидам, затоа што после тоа нормално е да имам оток отприлика недела дена, со кој искрено не би се шетала прво и основно на факултет да речеме, а плус постојано имам и други обврски така да ми останува тек лето и тоа после полагањата што значи крај на јуни Има шанси нешто да се искомплицира или??
Оди си слободно на операција кога сакаш. Ако операцијата е добро извршена, а ти ги почитуваш упатствата од лекарот нема да има никакви компликации. Оток ќе имаш. Ама не којзнае колкав да ти го деформира лицето.
Слободно можеш да одиш и во лето. Обично не се препорачува вадење заби во летните месеци, но и било каква друга операција, ама за тоа ќе си се консултираш со оралниот хирург кај кого што ќе одиш. Треба да се земе предвид целокупната ситуација, па да се види кога најбрзо ќе може да се извадат забите, или пак дали може да почека вадењето. Не би требало ништо да се искомплицира, ниту пак да имаш оток една недела. Оток можеш да имаш ден-два или воопшто да немаш. Затоа и сега можеш да одиш, неколку дена се во прашање, ако можеш да си дозволиш.
Читав на интернет за некои ултратенки порцелански ламинати за естетски подобра насмевка.Дебели се околу 0,2 до 0,3 мм,само се лепат без стружење на забите,без анастезија и безболно е.Многу ми се допаѓа оваа опција самошто незнам дали се сигурни и се надевам дека нема да се многу скапи.Уште барам забар иначе...
Колку што знам, а и некој претходно имаше спомнато во темава, кај нас во Круна МС се прават вакви порцелански фасетки. Можеш таму да одиш и да се информираш Инаку, фасетките се одлична замена за протетски надградби кои се прават само од естетски причини. Ако има и други проблеми освен естетиката, тогаш се одбира друго решение.
денес бев на заболекар (приватна ординација) поправав единица горе и ми зеде 1000 ден. далие тоа нормално? терба да одам и утре пак ама скапо некако ми е , демек зимал 600 за поправка , ама дека преден заб 1000 ден ми зеде ...вас колку ви земаат за поправка, зборвам за приватна ординација
Лууѓее,дајте кој има некое искуство со парадентоза нека сподели.. сум била на стоматолог,сум пробала скоро све..но ништо не помага,за болеста да се повлечи или лошиот здив да исчезне (
Парадентозата или поточно кажано пародонтопатијата е неизлечива, само може да се забави нејзината прогресивност. Има повеќе видови на пародонтопатија, а за да се утврди за кој вид се работи кај тебе, треба да одиш кај стоматолог специјалист по пародонтологија, односно болести на уста. Таму ќе се види што и како треба да се преземе во твојот случај. Ама главното е редовна хигиена, употреба на конец за заби, редовно чистење на џебовите и забниот камен (што значи посета на стоматолог два пати годишно) и користење на течности за уста на база на хлорхексидин. Колку толку на тој начин ќе се забави болеста и забите подолго ќе се зачуваат во устата.
Веќе втор ден ми е воспалено непцето на долната вилица од внатрешна страна, вчера беше непцето под 4ка и 5ка, денес е прошири и под 6ка. Ме боли кога јадам, на допир се осеќа дека е раздразнето, а не знам од што ми е(освен што на 6ката ми е паднат дел од пломба). Го мачкам со прополис, ме пече додека ставам, но и не поминува бап, од што би можело да ми е и што да мачкам?
Имаш гингивитис, воспалено ти е непцето, најверојатно иритирано ти е најмногу кај делот кај што ти е падната пломбата (можеби има некој остар раб). Генгигел или Гингивал Ц земи, плус вит. Ц таблетки (препорачливо е да ги шмукаш), добро четкање и конец за заби. Можеш да плакнеш со 3% хидроген за дезинфекција. Ако не се повлече, оди на стоматолог, малку да ти ги среди џебовите кои веројатно ги имаш
Не може да се користи обичен конец за шиење, ќе се скине. Конецот за заби е специјално направен, го има во сите поголеми маркети и секако во аптеки.
Во прилог на тоа,еве како правилно се користи конецот. Многумина не знаат како д аго користат,најубаво е стоматологот да ви објасни.Ако не се користи правилно-џабе користење