Мислење за силиконска протеза? еден заб ми е само изваден, 5ката горе, али сите други опции ми се језиви едино силиконска протеза би ставила ако може за тој заб. @Annath ?
Мене па сите опции ми се јазиви .....ама да се вратам назад би избрала или импланти или некоја протеза за 3 заба ......а не шо си истругах цела вилица за 3 мочани заба си ги уништив здравите кои може ќе ме служеа до крајот на животот.
Од лево 3ката..4ката..5ката.... Од двете страни немав 7 ..ама на нивно место че излезат осмиците.......исто и од десно само една 6ка извадив..исто и таа не ми требаше можев и без неа. Ама уште по јазиво е цела вилица мост. Мада 3ката мислев може да се спаси ....дали намерно ми ја утна не знам. Во долна вилица кај мене.
Имам 2 извадени заби заради тоа што во корен фаќаат гној, последно на трет заб фатив гној го лечевме со антибиотици се повлече гнојот пред 2 месеци..сега пак почна да мр наболува имам закажан термин ама тек впеток. Прашањето ми е како да го подобрам здравјето на забите? Забарот ми вели дека имунитетот ми е намален, ама мене ми е смачено да фаќам гној да пијам антибиотици и да вадам заби мислам сите еден по еден ќе ги извадам вака. Ве молам некој совет ако имате.
Да се види во уста каква е ситуацијата. Најчесто за петка се струже соседна шестка да го носи тој заб, а протеза за еден заб тешко дека би се изработила. Жабица можеби, ама таа не е силиконска.
Дали некој знае дали во Систина има стоматолог ....касно прашувам .....таму знам се професионалци и не прават никаква штета на пациент.
Здраво моментално имам отечени непца на 4те заби напред и горе први почна многу да ме боли грлото и си реков можеби е настинка но потоа ми отекоа непцата потоа ми се појавија херпеси и накрај и афти на јазикот незнам што ми е ова ми се случува прв пат вака ако можи некој да сподели мислење...
Затоа што спамаш во темите. Намали малку. Ова нема да ти користи. Подобро послушај ги советите што ти ги дадоа. Посети психолог.
Да, но спамирањето не е дозволено. Убаво ти кажаа. Закажи си кај психолог. Ако сакаш и кај друг стоматолог за да види дали ти згрешиле или не. Само така ќе ти олесни.
Форумот е да побараш мислење со одреден проблем, и да си го искажеш својот проблем еднаш а не е да висиш на него 24/7 и во секоја можна тема да пишуваш за забите. Мислам дека веќе ќе почнеш и во лосиони и креми за тело да пишуваш за забите. Веќе и повеќе од логично е дека никој на форумов не може да ти помогне и дека форумот не е место кадешто треба да ги напнеш луѓето. Кога и да отворам било која тема, ако ми треба нешто да прочитам самот твоите коментари ги има, на секој член би му засметало.