Полесно е да се кука на форумов него да се отиде и actually да се направи нешто за тоа што смета. Мислам возрасен чоек претера ај више
Не си од таа професија. Само човек од таа професија ќе може точно да ти каже дали си во право или не. Не си единствена со мост. Другите како тераат? Ќе мораш и ти.
Еј ама се напна. Значи не се работи за некоја неизлечива болест за да нема назад. Оди кај друг стоматолог нека ти ги провери забите, дури пишуваше толку може нови ќе ти ставеа.
Јас 7миците не ги рачунам таму може 8 ќе излезе...исто и 6ка од десно можев и без неа ....само од лево 2 ми фалеа 4ка и 5ка ..3ката почна да ми ја права кажа скршила се ( па како може да се скрши бе ..не си доктор од вчера) Ај за тие три заби ојде цела вилица и што повеќе беше здраво. Ама другите може се имале поголема потреба ..јас не ..јас за џабе ставив.....а веќе не верувам на доктори ..па и немам желба на контроли да одам и друго да попр Ок ..тоа беше последно што го напишав.
А пари за нови заби пак немам ...не ми растат на дрво...јас се каам и тие што ги дадов за џабе фрлени пари.
Извини вака ама ти си била кај ЕДЕН стоматолог, јас пред да ги ставам моите циркониумски коронки бев кај точно 10-11 стоматолози и не ги ставив додека не го најдов тој што вреди, и кадешто е доволно стручен. Еве сега ние на форумов лично не можеме да ти го решиме проблемот и не можеме да го вратиме времето назад, со кукање ништо нема да постигнеш. Земи работи и учи нешто и среди си се, 25 год имаш не доликува кукањево на форум.
Ете јас повторно погрешниот сум го трефнала ..среќа кој како Ај да не пишувам повеќе ќе ме избришат и од овде.
Ама нели ти првенствено си се согласила на таков чекор? Тој сигурно со сила не ти ја отворил устата и не ти ставил мост и коронки, како и да е. Собери пари и пак направи ги ако толку ти пречат. Нема друга опција.
Да бе тебе те снајде, не отиде ти кај еден само и го избра првиот што ти кажа треба да го направиш ова и ова. Се понашаш како тебе некој со сила да те ставил на стол и да ти ги направил забите. Подобро ќе ти биде во животот без толку кукање и малку да си ја сфатиш и твојата грешка дека си отишла и кај првиот стоматолог си ги направила забите.
Ојдев кај него оти сите го фалеа Најдобар бил Мајка ми дома го фалеше ..мома кај него ги правила забите и 20 години мака немала ...(без коронки е таа)
Ама ти и таа немате иста уста. Секој со своето искуство. Не знам дали физички имаш проблем со забите, болка или слично, ама мислам дека повеќе проблемов психички ти лежи, не си ги свиѓаш сега забите. Како и да е, штом ти претставуваат проблем собери пари и оди кај друг да ти ги направи.
Не се проблем естетските заби ..не се нај нај ама ги прифаќам Не требаше моите да ги уништам за нив ...ама моја грешка од кај да знам дека вака ќе биде. Не сакам повеќе да сметам..иначе ќе си го терам јас проблемот сама Секој сам си направил сам нека си сноси последиците.
Убав совет ти даде @bookslover. Учи или работи нешто, ќе си ги тргнеш мислите од проблемов. Не знам зошто толку трагично го сфаќаш кога може да се санира.
Грешка си ..не се санира повеќе тоа ...уништено е и непоправливо а тоа јас го направив со свои раце ...бидејќи од шо бев исплашена не знаев шо правам .