Проблемот е што она мисли дека докторот ја излажал, само за пари и напраил мост, а као имала проблем само со 5-6 заби, другите и биле здрави. Она така тврди. И понудил вика и импланти, да се заменат нејзините заби кои и фалат, пошо ги извадила, не ради естетски причини и ради ќејф туку биле расипани и зафатени со кариес и камен, ваљда им немало спас, не можеле да се поправаат. Искусен плус вика бил, стар доктор, он ако не знае, кој ќе знае. И тука ја советуваа докторките по дентална медицина, тврдеа дека во лоша состојба и биле забите, девојкава не им верува и нив. Прикачуваше и снимка, од кај ние да се разбираме шо сме лаици. Ако стварно имала можност да бира меѓу коронки и импланти, она тогаш ја напраила грешката што прифатила мост и сеа ете ја се кае. Така да, не ќе да е крив докторот по се изглеа. И решението е да се прифати каква што е и да се среди психички ама ете...
Камо да се вратам назад ќе ставив имплант ...се избрзав не знаев што како оди .. Затоа сеа ете почнува се да ме боли под мостот.. валда мојте не ќе траат долго ....затоа велам сакајќи да си помогнам се уништив сама . Кој немал проблем не знае А тоа шо велат забите ќе се заштитат од коронките...нема врска забите уште повеќе ќе се расипат сега. Можело може и нешто друго на празните места ....пр. протеза (не е било толку страшно како јас шо замислував ) сеа барем мојте ќе ги сочував...ама ајде Сега од лево ме боли не знам дали е умникот ..дали 6ката под мост..и како да ми тежи нешто таму ..дури глава ме боли ..мислам цела вилица ми тежи долу .
Абе и ги истружиле забите нејзини, значи отишле сите за да може тој мостот со све порцеланските заби да се постави, затоа жали она. Да не ставела мост, пак вештачки заби ќе имаше на тие места кај шо морало ама бар ќе ги задржела и дел од нејзините. Бар она така вика, дека докторот и дал и таква опција, а не била демек свесна шо значи мост уствари и шо ќе и се дешава. Затоа се информира ама јебига сеа биднало.
Да направат преглед повторно на мостот, да го извадат ако треба, да проверат дали нешто не е во ред како што велиш ти.
Немаше ништо ...овие денови почна да ме заболува ...сеа вечерва повеќе од лева страна ...коа притискам дури излева некоја течност нешто дури и глава ме боли .. Може од шо многу ги покајав ...проколнивв се живо ..и час и ден ....старите ми велеа не покајувај сега вака не е арно хаха.
Оставете ја девојката да се искаже ако така и е полесно не знам што ви пречи на вас. Црнооката залудно е да се измачуваш биднало веќе, не може времето да го вратиш, оди си на забар чисто да направиш проверка и гледај ревјус кај кој забар одиш.
И? Ако има мака треба да се спама нон стоп на форум ли не сфаќам? Сите да почнуваме да си ги пишуваме проблемите овде по 24/7 кај ќе ни е крајот. Возрасна е и може да се сноси со последиците на нејзините постапки и одлуки, никој не ја натерал да седне на првото столче кај стоматолог. И пишувањето на форумов 24/7 нема да помогне.
Можда и може а можда и не може да помогне спамање на форум тоа она си знае али па твојот тип на коментари одмага, барем во мој поглед некој така да ми се издере ако веќе имам одреден проблем, ок е знае дека згрешила и дека е крива не мора да и го потенцираш тоа и не можеш ти да знаеш кој колку може да се сноси со последиците, секој е различен.
Ко прво и прво никој не и се издра, пола форум ѝ ја кажа вистината и сите се согласија дека спама. Така што…
Па, некои и со фин тон ѝ рековме да си побара преглед во друга стоматолошка ординација. И кај психолог. Стручни лица ќе ѝ помогнат. Спамирањето во темите нема да ѝ помогне. И за други луѓе не е добро тоа да го читаат секаде.
Никој не и се издра, тоа што вие сте пресензитивни е ваш проблем. На форум со возрасни луѓе не може да комуницираме како со деца.
Ако се помирам воопшто што носам коронки бев потреба...тогаш ќе пишам пак ... Ако не ме изеде чувството на вина.
А што треба, јас да и ставам нови заби? И дадовме совети да ги поправи и да оди на психолог за да и помогне во себеприфаќањето, избегнува. Не е нормално во три теми само да се жалиш а да не превземаш ништо. Божем од кукање нови заби ќе и никнат.
Еве и прашање до стоматолозите ..како може забот 3ка ..шо не ми беше за вадење....почна да го работи се скрши ...како може да го скрши...имав доверба во него....дали не внимание дали намерно не знам....и да го прашам нема да каже.