А што треба, јас да и ставам нови заби? И дадовме совети да ги поправи и да оди на психолог за да и помогне во себеприфаќањето, избегнува. Не е нормално во три теми само да се жалиш а да не превземаш ништо. Божем од кукање нови заби ќе и никнат.
Еве и прашање до стоматолозите ..како може забот 3ка ..шо не ми беше за вадење....почна да го работи се скрши ...како може да го скрши...имав доверба во него....дали не внимание дали намерно не знам....и да го прашам нема да каже.
Забот за кој зборуваш бил 90% кариес (белото е здрав заб, темно сиво/црно е кариес, црната линија во средина е каналот за нервот). И да не бил првично за вадење, со прст да го чукнеш ќе се скршел бидејки немало доволно здрава забна структура преостанато. Искрено, се обидов да ти објаснам најдобро што можам, најпрофесионално што можам онлајн (пак ќе повторам, ништо не може да се знае 100% само по слика без преглед), 3 страни во лп имаме комуникација, сигурна сум дека уште најмалку толку имаш и со Анат разговарано. Забите не ти биле здрави, тоа можам со чиста совест да кажам. Колку и да ти е криво, реалноста е дека потребна ти била комплетна рехабилитација на забалото, а не само 2-3 заба да се надоместат како што упорно тврдиш. Секојдневно се обидувам на секој пациент да му ја објаснам сериозноста на запоставени заби, ама заради вакви коментари од луѓе кои едноставно не ја разбираат доволно ситуацијата (или можеби докторот не ти ја објаснил најдобро), повеќето луѓе со вакви проблеми мислат дека стоматолозите можат да направат магија. Жал ми е ако овој мој коментар делува непрофесионално, но сериозно ти кажувам дека проблемот не ти е стоматолошки и освен што шириш паника кон други членови кои ќе ја посетат темава за да добијат совет, ништо друго не постигнуваш. И среќа за докторот кој те третирал за максимално подобрување на целокупната ситуација што барем јавно не го именуваш за да не го бие лош глас зошто искрено не мислам дека ти направил ништо лошо.
@Spidy да, од авион се приметува дека бил поткршен, и целиот е изеден од кариесот и ние што не се разбираме па јасно е ко ден вака коа покажа зумирано. А ме интересира дали можело импланти да и стави место коронки како што вика она? Дали постоела уопште таква можност при ваква состојба или последна опција биле коронките и секако у најлош случај вилици?
И мојот заб беше поткршен, па си заработив штрафче и коронка. И другите 3 до него почнаа да се кршат, па и тие ги средив. Верувај дека не можев да јадам убаво. Кога и да каснев тврдо, се кршеа. Наредна година ставам други. Морам. Веќе почна едниот заб да се одделува од основата.
Дали може импланти кажува хирург. Прво се вадат заби, да зарасне коската па ќе се процени. На искршени заби со инфекции не може дирекно да се извади забот и одма да се стави имплант.
Воопшто не делува непрофесионално, баш ве читам од старт, и ти и Анат прстите ги искршвте дури да и објаснете. Јас мислам дека најдобро е да ја банираат од темава. @RainBow ќе те тагнам. Едноставно шири паника кај други луѓе, цело време стручно и објаснуваат и не разбира, ај да е само во темава ај, ама и во други почнува со истото. Не може друг на ред да стигне да праша нешто од што цело време овде има спам од девојката.
Го извадив левиот умник пред две недели мислам. Уредно го извадија, брзо, се пазев, извадија и конци се океј. Арно ама сега ме болат крајните заби. Дали од десната страна ме боли пошто се со неа џвакам- не знам. И некои од левите крајни заби ме болат некогаш на моменти. Не знам нормално ли е, да одам ли на лекар. Не ми е јасно.
Јас не знам зошто воопшто се нудат мостови. Ќе ти истружи неколку здрави заби за да ти надимесри еден заб. И нема гаранција дека по 1 година пример нема да се расипи некој од тие заби во корен и да се вади па да се прави друг мост. Ич ми нема логика. И јас имам еден заб изваден на долна вилица и истото ми го понуди стоматолог ама кога размислив подобро, не, благодарам, подобро имплант ќе ставам. Така и членката требало добро да размисли и да се консултира со повеќе различни доктори ама што е направено направено е ама не значи дека не може да се поправи.
Се нудат мостови од 2 причини, или нема услови за имплант па мост ти е единствен избор, или од финансиски причини зошто мост за еден изгубен заб чини од 200-600е (зависно од материјалот) а еден имплант најчесто е над 1000е. И ако ти фалат повеќе заби, а немаш 5000е да дадеш во моментот, подобар избор е да ставиш мостови за 1000е отколку да седиш без заби. И со правилна грижа мостовите можат да траат и преку 10 години, без дополнително да се оштетуваат забите под нив. А гаранција за заби не може никој да ти даде, бидејќи одржувањето што треба пациентот да го прави секојдневно е 80% од факторите колку ќе трае вештачката изработка, а ниеден доктор нема контрола како и колку ги мие дома забите тој пациент.
Ај и јас да си прашам. Дали може да се стават мостови без тоа металот внатре? Забележувам дека непцето ми помодрува. И дали има некоја разлика со коронките?
Да, постојат целосно порцелански коронки, кои нормално се поскапи, но се поестетски од овие металкерамичките. За предни заби дефинитивно вреди инвестицијата да се избере безметални коронки.
Ок ..ако не можел да се спаси ок...пратив слика како ми стои мостот ...не морал од десна страна да ми става ради една 6ка ..5 заба да ми расипа ....тоа ми е мака мене.. Гледал само шо повеќе да иструга ...требаше цел мост ..на крај на два дела е...толку доверба имав во него а ме заеба дебело . Ама така ми и треба ..коа сум заспана.
Точно, ама не секогаш е проблем само миењето на забите. Ете јас на пример ги мијам наутро и навечер внимателно со електрична четкичка, и плакнам со листерин. И сепак досега 3 заби во корен ми биле загноени, од кои 2 веќе ги извадив зошто немаше спас. Јас од таа причина не би ставила мост, зошто под него не знам што ќе излезе и кога.
Тоа е од што најмногу се плашев за жал ...тоа е .....здрави ли ти беа тие заби под мостот од што се расипале.. Сеа знам дека скроз се уништив. Шо се нервирам ја цело време се оболев...слушајкии доктори ....а и не смеам повеќе да пишувам на темата иако се тресам од нервоза што ли бива под мостот ... дека бараат да ме банират.
Здрави ми беа јас редовно оф мала одам на стоматолог бидејќи и двете тетки ми се стоматолози. И буквално во 1 месец двата наеднаш се расипаа а не ни беа еден до друг. Така да надворешната хигиена не секогаш значи дека забите ќе бидат 100% здрави засекогаш.
Исто и кај мене ...не е до миењето а се расипува забите .. Лично знам луѓе што четка не виделе ...а заби имат здрави.
Леле колку се исплашив ...мислев под мост ти биле ..и под него ти се расипале .. Зарем не може пак истиот мост .. Мада и со имплант да е пак може некоја компликација да испадне.