Пред неколку години ми се воспалија непцата како последица на висока температура па веднаш потоа гингвитис(на 15 години) знам дека има опција ласерски да ги отстранам ама премногу ми е страв и мислам дека никогаш тоа нема да го направам..па ме интересира дали има некој "домашен лек"..Страв ми е на овие години да останам без заби
за гингивитис? Ц витамин пиј редовно 500 мг наутро и 500 мг навечер и прави масажа на непцата со гингивал гел.
Еве уште еднаш ќе прашам до стоматолозите ..пред да ме банират од темата ...дали вреди за 1 заб од страна..да ти расипат точно 6 здрави заби ....па и до другите членови.. Лесно е да се осудува од страна..ама како некој од вас би се носел со тоа не знам .
Јас ништо не те разбирам. За еден заб што ти фали, ти ги истругале останатите 6 на таа страна, за да го стават мостот?
Тоа се од левата страна тие.. Зборам сеа за од десната ..кај шо фалеа 6 и 7 ...на 7 не ми стави навлака празно остави можело таму 8 да излезе. И за тоа за една 6ка ..лом ме направи. Здравје на пролет ќе одам во Систина (се надевам има таму стоматолози ) да види и тој колку штета имам направено само...у систина се врвни доктори тоа го знам.....како не ми текна порано да идам .
Тоа се обидувам и јас да сфатам. Вели дека и истругале 6 здрави заби на таа страна, тогаш истругани и се двете единици напред, 2јка, 3јка, 4ка и 5ка? Само за да имаш 6ка? @Crnookata
Девојче друг проблем си имаш ги, подобро советувај се на време. Многу убаво ти објасниле и @Annath и @Spidy. Дома имам двајца стоматолози и истото би ти го кажале и они. Мислам треба да се повлечеш од темава и да оставиш простор на другите.
Девојко двајца стоматолози ти кажаа дека мора да се фати мостот на повеќе заби и од другата страна, затоа што не можат само два заби да држат 3 или 4. Мислам врска неам од стоматологија и пак од што ги читав девојките разбрав, не знам зошто упорно се инаетиш.
Никој ама баш никој стоматолог...тоа на свое дете не би го направил. Ама не ми се пишува повеќе...мислам џабе е кој сфати сфати.
Па мора да стават на повеќе заби, како сакаш кога се работи за катен заб на кој се џвака постојано храната? Мора повеќе заби да го држат, бидејќи ќе ти падне. Искрено, одмори малку од темава. Постојат доктори кои сигурно знаат повеќе од тебе. Логика малце. Едит: да, ниту еден стоматолог не би дозволил на свое дете волку расипани заби како на снимката.