Никој ама баш никој стоматолог...тоа на свое дете не би го направил. Ама не ми се пишува повеќе...мислам џабе е кој сфати сфати.
Па мора да стават на повеќе заби, како сакаш кога се работи за катен заб на кој се џвака постојано храната? Мора повеќе заби да го држат, бидејќи ќе ти падне. Искрено, одмори малку од темава. Постојат доктори кои сигурно знаат повеќе од тебе. Логика малце. Едит: да, ниту еден стоматолог не би дозволил на свое дете волку расипани заби како на снимката.
Значи мост се вика со причина, мора на некои заби да држи тој за да ги пополни празните места. Ни имплант не е лесна опција ако ти така мислиш има многу процедури и за таму макар и за еден заб да се работи тоа веќе ти е еден вид на оперативен захват, и се случува кај некои луѓе телото да не го прифати. Стоматологијата не е лесна работа, ако толку веќе не можеш да ги трпиш навлакиве па вади ги сите заби и стави вилици. Твојот проблем е психички не е кај стоматологот, помири се, не си единствена што има денеска мост, навлака или слично, сите ги прават забите и верувам дека ако докторот за кој ти зборуваш дека те зафркнал немало да има толку позитивни искуства. Aко ставиш имплант во оваа психичка состојба уште толку ќе се уништиш. Реално до тебе е.
Татко ми стоматолог и има ставено мост на сестра ми која е исто така стоматолог и има стружено два заба. Замисли на сопствено дете тоа напраел
Абе јас тоа го знам .. Во ред е направена левата стрна ... Ама зошо бе од десно за 1 катник 6 заба истругани ..можело без него да ме остави...не ми ни кажа ...не му личи ова . Еве кажи како би се чувствувала во моја кожа ....убаво сигурно нема....ни ти ниту било кој овде. Таман си бев психички ...додека беа мојте заби.
Не знам какви се стоматолозите во Систина али знам дека на дерматологија во Систина Андреј Петров е тутуле бале. Нека не те лаже тоа што е приватна скапа клиника.
Како што напоменав и ја имам коронки на предните 4 заба горе. И според снимката што ја прати се гледа дека твоите заби ти многу внимание не си им обрнувала во основ на хигена, мојот стоматолог не ми препорача да стругам ништо друго и да ставам нешто друго под коронка бидејќи ОСТАНАТИТЕ ми беа здрави. Можеш да седиш тука и да пишуваш есеи колку сакаш, ама реалноста е таа забите не ти биле во добра состојба, кој пломбиран кој поткршен и со тек на време така ако ти ги оставел поголема грешка ќе направел а и тебе ќе ти било дупло полошо. Кога има повеќе заби што го држат тој празен простор мостот ќе ти биде многу постабилен па и загризот. Вештачките заби макар и имплант никад нема да бидат како твоите ПРИРОДНИ тоа е факт, и затоа ако не си сакала коронки и навлаки требало да одиш на време на заболекар да ги поправаш, а не да вадиш неколку заби бидејќи се расипани до коска. И ја сум хипохондричар бе срцка и ја мислев дека имам инфаркт кога фаќав повеќе панични напади, мислев и дека тумор на мозокот имав, по сите лекари интернисти и секаде бев и се беше во ред и што заклучок од тоа? Дека проблемот ти е во главата не во коронките, и ако ти сама не си го решиш не го прифатиш не знам колку луѓе да ти пишат и колку доктори да ти кажат џабе ќе е.
Зошто еден катник пуштен како крило на крајот на мостот бара повеќе заби да го држат. Да имаш 7ца, ќе се стругале 5 и 7 и ќе се ставело 6ка. Бидејќи имаш заби само до 5ка од таа страна, мора да се струга МИНИМУМ 3,4 и 5 за да се стави 6ка. Предните заби ти се стругани бидејки така се подобрува општата стабилност. Ова е најпросто објаснето, нормално има финеси на ова (да не мисли некој дека така се прави без исклучок кај сите), ама за кај тебе не е воопшто чудно ни страшно ни погрешно. Проста физика е за функционалност на една 6ка бидејки тој заб е центар на оклузија и трпи најголем притисок од сите заби, а да не правиме муабет дека дополнително трпи повеќе дека немаш други катници од таа страна.
Абе предните заби ми беа здрави ни пломбирани ништо ...двата ќеца... 2 .3 4..5 ...и Анат ги гледа кажа дека се ок забите.
А зарем не сум можела да живеам без таа 6ка.. Мислам татко ми е без 2 катника и ништо не му фали .. И други знам без еден катник од страна. Кај мене баш така морало цк. Од лево една 6ка и 2ка (што почнуваше да се расипува) носат 3 заба....3ка 4ка 5ка.
Ти кажа Спиди пак погоре, и мислам дека редно е да се затвори дискусијава. И не шири паника на други членови безпотребно.
Леле аман еј, значи кога и да го отворам форумов се твоите мислења први во темава. Си требала да се информираш со време што е мост и како се става, а не од кога си го направила тоа.
Ако ти ги оставеле така горните заби ќе почнеле да се спуштаат со тек на време бидејќи немаат потпора. И, физионимијата на лицето со тек на време би ти се изменила.
Пак доаѓаме до истото, не ја разбираш проблематиката. Без катници се функционира само ако сакаш да си ги уништиш останатите заби. И без една рака се може, ама не е иста функционалноста со една и со две раце, така? Или можеби мислиш дека е во ред да јадеш само на предните заби, само да не си ставела мостови? Не можам да ти ги раскажам сите проблеми што проследуваат од тоа, од губење на коска, до абразија на твоите заби, до комплетно пореметување на џвакањето.
Нели можев до 5ка ..да јадам. Ама ок ...може психички е проблемот ко што велите ..не знам пак. Исто стоматологот кој ги прави кажуваше колку се важни заби катниците .....баба ми нема катници има само неколку предни заби малку и вели неможела убаво да ја џвака храната и ја болело желудникот исто и тетка ми така нема неколку заба доле исто ја болело желудник.
Исто колку што можеш да возиш на резервна гума. Привремено врши работа, ама има причина зошто постојат катници (6ки) и предкатници (5ки), не може едните да ја имаат функцијата на другите.
Ќе јадеш до петка, да, со заби што не се наменети за џвакање како 6 и 7. Значи треба да сфатиш дека ако макар еден заб фали во уста, особено катниците, тогаш другите заби го преземаат нивниот товар и имаат улога што не им е наменета. Поради тоа со тек на време и нив ќе ги изгубиш. Биди благодарна што воопшто некој се нафатил да го среди твојот проблем. Ако треба некого да обвинуваш во ситуацијава тогаш тргни од себе, не зашто си ги направила забите, туку затоа што си дозволила на 20тина години да дојдеш до ваков степен на оштетување на забите за да мора да се стават коронки, односно за негрижата за сопственото забало. И да, никој со сила не може да те седне да ти направи нешто што не сакаш. Второ, самата кажа дека тој стоматолог му е пријател на дедо ти, дека е еден од најдобрите во градот, дека е со години искуство. А во Систина верувам дека истово ќе ти го кажат, што можат друго да направат? Импланти да ти стават? И да стават, што со струганите заби? Пак ќе одат под навлаки. Чуда таму не прават.
Мислев на импланти пред да ги правам ....само импланти да ставам на местата кај шо фалат заби .....без да правам мост на цела вилица . Колку импланти би ми требало од прилика? А што да правев ...едни поправув други се расипува ....од 15 години сум по стоматолози..