Фала за советите на сите...и 100 да ми пишат не бива. Но јас како јас си стојам на тоа дека направив грешка и нема да се прифатам..не можам . Сакам назад ама нема. Толку од мене. Ќе се казнувам уште не знам до кога.
Еден заб е 100 евра (така ми кажаа), ама со метал. Без метал се поскапи. Јас кога ги ставав забите платив 200 евра (50 евра од заб). Ама ова беше пред 18 години. Моите се со метал. На пролет ќе ги менувам, ама сакам од другите да ставам. А за јадењето... Јади течна храна. Јас цела недела јадев супи и каши. Течности пиев со цевка.
Ама нема гаранција дека 8 ќе излезе некогаш. Може за пет месеци, за пет години или никогаш. Сум видела луѓе без заби во уста на 80 години, со неизникнати осмици, си стојат во коска. Така не можеш да планираш. Ако чекаш на осмиците, во меѓувреме пак без заби ќе останеш. Иначе, ако си одела редовно на забар, ќе си имаше сега санирано забало, колку и да се расипувале, ако се чистат и поправаат редовно, се средува сѐ, и немало да ти вадат сѐ што ти извадија, ќе имаше помалку навлаки во уста. Вака ќе ги заштитиш и тие здрави што ти се, тоа треба да го сфатиш. А импланти, хирург ќе ти каже дали може или не може импланти, ама сега во ситуацијава, и да ставиш импланти, пак ќе мораш да носиш навлаки на струганите заби, не можеш голи да ги оставиш.
На човек што не се разбира во таа струка, џабе објаснуваш. И уште 100 да и го кажат истото она пак ќе си тера по свое. Кај нејзе е деуг проблем очигледно или овде си тера мајтапи.
Тек сум 25 години ...до 50 години јас не знам колку пати че треба да ги менувам. Не можам да прифатам дека носам цела вилица на 25 години ..се сакам старата јас .....никогаш не ни сонував дека ќе стигнам до кај шо сум.. Ниту фасети не се ставаат на струганите заби...не ми се толку исилчени.....дек ми е крајот до 60 г.леле.
И немав проблем до скоро....од што сеа почнав болка да осеќам од под мостот...од лево умникот ли е 6ка ли е не знам ...и на друго место заболува ..аман.. Да не ги покајав многу...
Јас пред 8 години мислам правев мост доле и горе, не се сеќавам како сум јадела, ама знам дека првиот ден кога ми ги наместија навлаките или како и да се вика, имав чуство ко камења да имам во устата, наредниот ден веќе ништо си терам супер ниту ми се познаваат дека не се мои, ич да не се секираш и да не мислиш. Јас тогаш 50евра за еден, сега сигурно е поскапо, најубаво ординацијата да ја прашаш, вака од прилика толку се
Генерација си ми, еве и јас не си ги пазев забите, лани 3 ми извадоа заедно со умник, носам мост еве неколку месеци. Кога сум дошла до тој степен да си ги расипам забите, никој друг не ми е крив. И мене не ми е сеедно што не се сите моите заби, па што да правам сега да паѓам во депресии? Дај олабави малку и фокусирај се на нешто друго, сама си дозволила да дојдеш до тој степен, не барај кривица во доктори, не си ни прва ни последна што има мост/импланти, без разлика што сме млади.
Извини да прашам, можеби глупаво ќе звучи ама нели навлаките се вештачки, сепак влијае да се мијат? т. е. логично е дека кога ги мијам природните ги мијам и тие, ме плаши малце дека викаат имаат рок 10 години, користам паста, конец и средство за плакнење на уста и 2 пати годишно чистење на стоматолог, дали е доволно за да траат подолго време? И дали е точно дека 2 пати годишно чисење на стоматолог не е убаво за природните заби? Фала.
Нормално дека се мијат. Самите коронки може да се обојат од храна, ама миењето е повеќе за да се одржува непцето и коската, за да не заостанува храна помегу забите, зошто ако се повлече непцето и се оголи коренот на забот таму пак може да се појави кариес. Од професионално чистење на забите нема штета. На здрави природни заби еднаш годишно е доволно, ако имаш мостови или парадентоза тогаш се препорачува почесто, сум имала пациенти кои и на 3 месеци морале да прават професионално чистење.
Да.. ама јас цела вилица ..лудост ме фаќа на моменти ги сакам моите стално ми се пред очи ...ќе полудам.
Аха значи не е глупаво да кажам сл пат на забар само навлаките да ми се исчистат, инаку, немам проблем со непцата не ми крварат. Фала, уште еднаш
Навлаките може само да се полираат, нема што да се чисти на нив. Се чисти под нив и околу нив, и апсолутно не треба да чекаш да крварат непцата за да одиш на чистење. Ова конкретно мислам на ултразвучно чистење, на тоа се мисли кога се вика професионално чистење, што е исто и со чистење на забен камен (така го викаме, ама реално се чисѕи многу повеќе од само каменот). Не е глупаво да речеш само навлаките да се исчистат, ама такво чистење нема смисла, ако чистиш се чисти се, а не селективно.
Имате искуство со Др. Станков Дентал? Во дебар маало се наоѓа, ме интересира колку наплаќаат за поправање заби.
Јас мислам дека за импланти треба да си скроз здрав, како второ 6 месеци се пие терапија па дали телото ќе прифати страно тело па дали не и уште што не, изгледа си замислила дека е плукни залепи имплант.
Извини @Crnookata ама ќе ти реплицирам. И јас мостови ставив доста млада 22 23 години имав. Состојбата на забите беше пола здрави пола расипани за вадење. Цел живот по заболекари, цел живот пазење што и како јадам ама ете не ми ги биваше забите. Мојот стоматолог ми даде избор, да продолжам да се мачам или да ставам мост. И тоа мост на долна и горна вилица. Горе имам на двете страни мост, а 7 заби доле. Да ти нагласам значи имав и здрави заби меѓу тие што беа расипани. Се одлучив за мост иако знаев дека нема да е исто како со моите природни заби. Не зажалив ни момент. Ги носам повеќе од 10 години, не се мрднати. Плус си добив на самодоверба, за естетика да не зборувам, баш се преродив. Сакам да ти кажам не се измачувај со нешто што не можеш да смениш, прифати го тоа зошто така требало да биде и продолжи напред. Не значи дека ќе мора секои 10 години да менуваш, ако се добро направени ќе тераат и повеќе. Не мисли од напред на нешто што ќе биде во иднина.
Добро вечер Кај 4ката забот приметив како да имам нешто со јазикот кога ќе го допрам забот, не знам како да објаснам не ми смета ништо, вака немам болки ништо, но имам црно нешто, е сега дали е пигментација или кариес не знам, кога ќе го допрам со прст круто е, не е мазно, ми е страв да не ми се скрши забот ако е кариес? Секако ќе закажам на забар утре, ама како се разликува кариес и пигментација?