Извини @Crnookata ама ќе ти реплицирам. И јас мостови ставив доста млада 22 23 години имав. Состојбата на забите беше пола здрави пола расипани за вадење. Цел живот по заболекари, цел живот пазење што и како јадам ама ете не ми ги биваше забите. Мојот стоматолог ми даде избор, да продолжам да се мачам или да ставам мост. И тоа мост на долна и горна вилица. Горе имам на двете страни мост, а 7 заби доле. Да ти нагласам значи имав и здрави заби меѓу тие што беа расипани. Се одлучив за мост иако знаев дека нема да е исто како со моите природни заби. Не зажалив ни момент. Ги носам повеќе од 10 години, не се мрднати. Плус си добив на самодоверба, за естетика да не зборувам, баш се преродив. Сакам да ти кажам не се измачувај со нешто што не можеш да смениш, прифати го тоа зошто така требало да биде и продолжи напред. Не значи дека ќе мора секои 10 години да менуваш, ако се добро направени ќе тераат и повеќе. Не мисли од напред на нешто што ќе биде во иднина.
Добро вечер Кај 4ката забот приметив како да имам нешто со јазикот кога ќе го допрам забот, не знам како да објаснам не ми смета ништо, вака немам болки ништо, но имам црно нешто, е сега дали е пигментација или кариес не знам, кога ќе го допрам со прст круто е, не е мазно, ми е страв да не ми се скрши забот ако е кариес? Секако ќе закажам на забар утре, ама како се разликува кариес и пигментација?
Исто се согласувам со тебе. Мене сите до еден ми беа здрави заби, без кариеси, без пломби ништо ама абразија имав и парадентоза и веќе ги јадеше и намалуваше забите и излезот беше циркониумски коронки. Поубаво во живот не сум се чувствувала да не зборувам за естетика и самодоверба.
Имам ставано порцелански заб на долната вилица, и поради тоа неможам да ставам фиксна портеза, па ме интересира постое ли друг начин за исправување на забите..??
Ако е само еден заб, можеш да ставиш протеза, ама обично се оштетува коронката при ставање на прстен или брекет, и на крај после протезите ќе треба да ја смениш.
Колку време по вадење на заб (не умник) може да се јаде? Дека забарот ми спомна после два часа најнормално само не на страната каде што е забот изваден. А читам по форумов првите два три дена само течна храна?
После 2 часа можеш да јадеш, ама избегнувај на таа страна да јадеш. Храната да биде течна и кашеста, и млака. На мене така ми рекоа последниот пат кога вадев заб.
Здравје Боже, напролет ставам други заби. Мора да ги сменам мостовите. Ама овој пат без металот внатре. И плус уште 6 импланти. Ми фалат 6 заба.
Мене не ми се мостови, циркониумски коронки обични без мостови ама што е со право мене ептен ми беа здрави забите одоздола без кариеси без ништо, чисти како суза. Со среќа и лесно ставањето
Фала ти. На мене едниот заб ми се скрши на пола и си носам штраф внатре. А другите 3 почнаа да ми се кршат. Особено ако каснев потврдо. На ништо не личеа. Стоматологот ми препорача и тие да ги сменам. Многу поубаво ми е вака. А и не се забележува дека не се мои.
Na koi zabi sakas da stavis implantati mislam deka najvekje moze 6 implantati da se stavat na edna vilica.
Јас многу добро те разбирам , мене забари ми ги зезнаа забите не ми ги полнеа корените до крај, коронки исто неквалитетни и сега ги оправам моментално дадов околу 30.000ден, за жал имам уште да давам и болки да трпам, пари ќе се заработат ама навистина да не си му во кожа посебно на млад човек, јас пиев апчиња за смирување бидејќи од нервоза притисок ми се качуваше и се повлеков скроз во себе, не е сеедно и те разбирам, но треба смирено да се помириме и тоа е, дај боже ова да е најлошото од животот што носи.
Почнав да користам електрична четка за заби и ја користам обично на најслабо уклучена, ама кај одредени заби имам болка кога ги четкам со неа. Дали треба период на навикнување или?
Не баш. Не ве читав сите со ред. Ама знам како работат стоматолози и дека секакви желби исполнуваат за пари. Не се за бранење.