Девојки имам проблем. Постојано на јазикот, во внатрешноста на устата, ми излегуваат пљуски. Е сега ми излезе огромна пљуска во устата(внатре) и не можам да јадам убаво, не можам да зборувам, и многу ме боли. Ако знаете нешто што ќе ми помогне, ве молам кажете.
Здраво девојки , видов дека овде има многу работи кои може да се чујат и научат. Во мојот случај немам никаков проблем со забите , единствено мака видов со двата умњака додека да избијат и една пломба и тоа збарот ме натера -инаку не ме болеше тој заб.Е сега пред извесно време пред некој 4 -5 дена во устата имам чудно чувство, како да ми гори јазикот на неколку места (на овака од око не се види дека има нешто) исто и левата страна на непцето и тука се шири тоа пецкање како да кажам некое непријатно чувство.Отидов кај матичната ме погледна вели ништо немаш оди си слодобно.Потоа се упатив кај забарот тој ме виде со лупите и најде во близина образот минимално црвенило и малку раздразнето непце , ме премачка со некое средство од кое утрнав цела -после помина тоа и ми даде некој раствор се вика Оралсепт и вели плакни ја со оваа устата ,ако не ти помине , тогаш ќе испитуваме за каков вид инфекција се работи...Малце се уплашив да не е нешто сериозно , иако искрено од забар никогаш не сум се плашела.Ама оваа сега што ме снајде , не знам како да постапам...Ако имала некоја девојка сличен проблем-нека пише .Фала на хелпот и позз до сите!
Пеперутче бело е то шо ти се појавува??, ако е бело, можи да е афта, мене многу често ми се прат, не можам ни да јадам, нити да зборам ако ми е на јазикот, јас го тријам со кафе и одма ми врви, пробај
сакам да ве прашам за тоа забните џебови, на горната лева вилица меѓу петката и шестката или шестката и седумката не можам точно да определам каде почувствував ладно при пиење вода,бев на стоматолог ми ги провери сите заби и со нив се е во ред, ми кажа дека тоа тука ми е џеб да го четкам појако местото, ми кажа дека и на десната горна вилица ми се појавува таков џеб мегу петката и шестката, и еден меѓу двојката и тројката исто на горната десна вилица, воедно ми рече дека за моја возраст тоа биле многу џебови и дека во иднина би имала проблем... од што настануваат џебовиве, како да го спречам натамошното нивно појавување? дали се појавуваат како надостаток на витамини, оти во последно време почесто сум на брза храна...
Џебовите се појавуваат како резултат на повеќе фактори, во кои главна улога имаат забните наслаги со флората во усната празнина, а потоа доаѓаат другите фактори како забен камен, задржување на храната меѓу забите, анатомски неправилности во положбата и формата на забите, лоши протетски изработки и пломби, фиксни апарати, лошите навики, но и некои општи заболувања. Сепак, главна улога тука имаат забните наслаги кои секојдневно се таложат на забите, супра- и субгингивално и со тоа овозможуваат ем создавање на забен камен кој врши механички притисок врз непцето и тоа се повлекува, па се соголуваат корените на забите и затоа се јавуваат џебови, односно се јавува пародонтопатија. Кај помладите, обично е поагресивна, понапредна. Лек нема, само може да се забави нејзиниот напредок, со редовно четкање, користење на конец за заби, редовни посети на стоматолог за чистење на забниот камен (два пати годишно), чистење на меки наслаги и обработка на џебовите. Ако има потреба од дополнителна терапија од типот на антибиотици, тоа кажува стоматологот.
Имам малку кариес на забите и би сакала да одам на забар само не знам кај кој забар да одам кажете ми вие предлог.
Јас имам едно прашање, горната лева 5 ми ја умртвуваа пред две недели, т.е. тогаш за прв пат ми ставија токсавит, после една недела бев ми го извадија тој и ми ставија нов токсавит. Откако нели умре забов бев денес да ми го пломбираат, ми копаше докторкава со иглиштата, копаше, копаше по малку ме здоболуваше но ми го извади нервот, ми го покажа. После почна да ми го пломбира, незнам што ми ставаше, ама не беше стандард пломба зошто откако стави некаков дел ме остави 10-15 минути тоа да се стегнело па ми ја стави пломбата. Меѓутоа откако чекав чувствував некое стегање на забот, и демек нормално било тоа. Е сега, ми го затвори што ми го затвори, првите неколку часа не ме болеше скоро ич, но сега ме боли поише, и осетлив ми е забов на допир, со нокт го удирам и ме боли, исто и со јазик кога ќе го допрам, неможам убаво уста да затворам зошто штом долниот заб го допре осеќам поголема болка. Иначе го чувствувам како да ми го стега непцето и да ми тежи. Јас се тешам дека ми е од тоа иглите со кои ми копаше но моиве дома ми викаат дека не би требало да ме боли од тоа. Иначе не ми е осетлив на ладно, туку ладното како да ми годи, ми ја смирува болката од непцето. Да и досаѓам на докторкава пак да ми го отвара, или да почекам некој ден да ми се смири болката?
^^^Ако имаш болка напиј се Аналгин, а мислам дека нема потреба од повторно отварање. Попрактично ќе ти е да направиш снимка, чим веќе толку си запнала да превземеш нешто.
Не би требало да те боли ако забот е среден како што треба. Најдобро е снимка да направиш, ако не си правела претходно, за да се види да не се активирал процес на коренот на забот (тој е до забот, во коската). Мене на тоа ми личи од ова што го опишуваш. А можно е и дел од полнењето на корените да ти поминало преку апексот (врвот) на коренот, па да ти прави проблем. Иако, болката од такво нешто се чувствува веднаш, во истиот момент кога ќе пробие иглата или полнењето. Ако има некаков процес, тогаш пак ќе мора да се отвори забот. Тоа е грешка на докторот - или не ти направила снимка, или не знае да ги чита ртг снимките како што треба.
Здраво на сите.Да прашам некој ако може да ми помогне.Пред еден месец чистев забен камен и сега имам неиздржливи болки на двојката кај што е чистен каменот ни вентор нни кетонал ни ништо не ми помага а некни бев на заболекар ми стави некој лек на местото и еве сега сум пак со истте болки
јас веке подолго време имам проблем со десната горна страна..мегу двата заби ми боли многу и често..идев на заболекар и двата забии ги пломбира али исто е пак...едни викам демек растел умник али незнам што мозе да е
А дали некој се нашол во ситуација како мојава-веке 2 години имам постојана болка на деснава страна на вилицава,,најмногу кај десновов уво,кај што е споена.некогас повеке,некогас помалку,ама цело време ме боли.кога јадам....смрт.се снимив,ништо не гледа докторот,со умниците се е во ред,др заби-поправени се.Сега од пед неколку дена почнаа и забите да ме болат на десната страна,а немам појдено на заболекар.дали некој имал сличен проблем со вилица?
слично и со мене е така..незнам веке и ка точно боли...некогаш па и цела уста со заби боли... на заболекарот му реков ти си крив што немозес забиве дами ги направиш ама еве и кај тебе било така..незнам што ке е
^ Леле и кај мене истото се случува моментално. Баш таму кај увото имам болка и долната десна вилица ме боле. Од што може да биде, кој знае. Да не ми расте умник?
^ Сигурно е тоа. И мене истото ми се случуваше еден период, и тоа траеше некои 2 месеци можда, таа болка.
Јас имам 19 години и би сакала да ставам фиксна протеза на забите, ама претходно да ставам "вештачки заби" ( не знам како ги викаат стручно)- инаку тоа би биле два заба 5 и 6 бидејќи ми се извадени, па дали е можно на такви заби да се стави фиксна протеза
Да си направиш снимка за да се исклучи постоење на процес на коренот. Кога се создава забен камен тој предизвикува повлекување на непцето и соголување на дел од коренот на забот, што е маскирано со забниот камен. Кога тој ќе се исчисти, непцето не се враќа во првобитната положба, па останува соголениот дел, кој може да предизвика болка. Се решава со пломбирање или со навлака. Girl-miri, Simonice, Starbucks - најверојатно ви расте умник. Проверете ја ситуацијата со џебови меѓу забите, понекогаш може да е од тоа, т.е да се чувствува силен притисок поради активноста на џебовите што се манифестира како болка, па мора да се исчистат. Најверојатно ќе може, ама тоа зависи зошто ти е потребен фиксен апарат, и колку време ќе треба да го носиш. Најдобро е да се консултираш со специјалист ортодонт, па тој ќе ти каже дали може или не. Сама не можеш да одлучиш дали ти е потребен фиксен апарат и колку време би го носела.
Ако немаш умник може да е од тоа,ама јас имам и поправен ми е.бев денес кај орален хирург,ја виде снимката,се е ок,ми даде 300 лекови да ми се смири вилицата,може да бил зглоб излезен од местото. Ако и тоа не успеело,следувало некое зрачење,ако не па,да сум одела скопје да ми местат .
лелееее женски хелпппп незнам што ми се случи ,ми се скрши заб јадев пуканки ,и ваљда од нив,ама наеднаш гледам пола заб е добар ,пола скршен...мислам дека е 4 горе,и кога ке се насмеам се гледа дека нема заб иначе ми беше со привремена пломба забот,и сега ме интересира дали ке може со пломба да се затвори скроз,или ке морам да го вадам???????
Зависи од забот, штом имало привремена пломба, може ти го лекуваат, па ќе се спаси, дали со навлака, дали со пломба. Не се оди веднаш на вадење.