Не се навлаки. Навлаки имам кога ги ставав одма ги навикнав. Се работе за мост од 4 заби. Уште сум со истите маки како и првиот ден кога ми го залепија.Чекам да помине недела дена како што ми рече стоматологот па да видам во што е проблемот..
Може не ти се легнати убаво, а и на јазикот му треба време да се навикне дека му е затворен празниот простор кај што се ширел. Дај си време.
Ако некој знае имал вакво искуство ..од лева страна коа ке притиснам со горните заби..под мостот како да излегува нешто како да тече и има солен вкус чуден а валда и мириса Имам закажано на доктор А пред тоа сакам да знам дали е опасно и што може да е . Сериозно прашувам.
Пред 6 дена ми ставија лек за да го умртват нервот и еве 6ти ден осеќам болка при притискање со горната вилица, болката не е страшна се трпи,прашањето ми е колку време е потребно додека се умртви забот
Здраво... Ме интересира како познатите личности имаат такви преубави бели рамни заби? Импланти се тоа или? Удобни ли се тие воопшто?
Dokolku imaat nivni zabi se strugaat i se stavat navlaki, a ako nemaat nivni zabi togas implatni se stavaat.
На тројка доле имам фистула која гнои 2-3пати годишно и освен тоа не ми прави друг проблем. 2 заболекари до сеа не ми спомнале вадење. Денес кај што бев стоматологот, кој што е уствари орален хирург рече дека заб со фистула мора да се вади. Правев и снимка денес, има сенка на коренот кај тројката, ваљда гнојна кеса. Во петок имам повторно закажано да се договориме со докторот за што понатаму. Но дали морам забот да го вадам? Тројка е, преден заб, сигурно нема така да ми го извади само.. неможе ли некако поинаку да се третира? Што ако речам дека не сакам да го вадам?
Фистула значи активна инфекција, која очигледно многу време ја имаш. Како никој не ти рекол дека забот е за вадење до сега е чудо ако знаеле дека повеќе пати си имала фистула. Ако не е лечен забот досега и ако инфекцијата не е преголема, треба прво да се проба лекување, ако не мора да се вади. Да си имаш инфекција некаде во телото, особено во главата, и да не се презема ништо во врска со тоа е огромна грешка, сериозно сфати си го проблемот зошто ако се влоши состојбата ќе поминеш многу полошо од само вадење на преден заб.
Фала ти на одговорот. Тогаш во ред, не ми беше вака објаснето. Зборовите на заболекарите беа нели не ти прави проблем нека седи. Туку еве ќе го извадам. Колку време треба да заздрави раната? И потоа што, сигурно нема празно да стои местото. Имплант ќе треба да ставам?
Раната затвара за 1 недела, ама коската долу зараснува после минимум 6 недели. Па после може да се става мост или имплант. За тоа време може да ти направат привремен мост или жабица да не одиш без заб.
Има многу што прават ама ми треба нешто проверено тука ако некој има искуство да сподели Фала за предлогот
Бев денес пак, рече може да се оперира, без да се вади забот. Ќе го засече коренот и ќе го извади заедно со гнојната кеса, па празнината ќе ја попуни или нз како рече точно. Ќе ми јави наредна недела да ми закаже термин.
Не е страшна операцијата. Само внимавај, јас на два заба имам правено вакви операции, па на крај повторно рецидиви, за на крај да мора да се вадат. Напорно е малце.