Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Не е проблем ама да прашам
    Треба да почнам да носам пластична фолија за спојување на забите
    Пошто ретејнерот го кршам.
    Дали има ефект? Колку саати на ден го носите. Ми рекоа колку можам поише, и да го вадам за јадење.
    Е сеа, пошто пушам и си пијам доста кафиња, дали тогаш да го вадам да не положти?
    И како се одржува хигиена? Се мие како мобилна?

    @Annath можда и ти би ми одговорила :D
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Се носи 23 од 24ч на ден. Вадиш само за јадење, и освен вода ништо друго не можеш бидејќи се пребојува. Ако ја носиш помалку од тоа може многу време да треба да постигне ефект, или воопшто да нема.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Fala mnogu
    Znaci za kafe i cigara da praam vadi stavaj a
    Nema sansa bez kafe i cigari hahahahaj
     
  4. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    @Annath @Spidy Ве молам за совет. После поправка на заб-пломбирање,непцетто останува црвено воспалено околу забот. Прво мислев дека е до мене бидејќи имам проблем со непцата. Но иста ситуација се јави и кај сопругот а и кај двете деца.
    Дали нешто не е добро сработено или што е проблемот?
    Кај сопругот и џеб му се направи после пломбирањето,прв пат пломбираше заб на 35години и тоа реално имаше само точка на забот ....кај децава исто... Почнувам да се сомневам дека забите се поправани ради реда ... Искрено се плашам дека и кај децата ќе се појават џебови на поправаните заби. Значи пред поправка на забите непцата немаа ниту оток ниту воспаление. Патем помина доста време од поправката на заби,кај сопругот година ипол кај децата повеќе од 6месеци. Што може да е причината и што да превземам за да го санираме воспалението околу пломбираните заби. Кај децата и кај двете е пломбирана по една шеска и затоа сум загрижена тоа се трајни заби. Многу сум загрижена бидејќи навистина се доследни на чистење и четкање заби ;(
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Со локална снимка може да се провери дали пломбата убаво лежи на забот, и дали таа го предизвикува проблемот. Ама многу често се јавува џеб уште додека се развивал кариесот, и пломбирањето не може да го корегира тој дефект на непцето и коската, едноставно треба поинаку да се чисти за да се одржува здраво. Проверете се со снимка (ако е многу лошо направена пломбата, и со преглед тоа може да се види), па ако е добра пломбата, ќе користите забен конец и течност за плакнење за да се смири воспалението.
     
    На Annath и tambelina им се допаѓа ова.
  6. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Фала за брзиот одговор Спиди.:f: Интрадентални четки користат децата,јас и сопругот конец,а за плакнење покрај листеринот повремено употребуваме концентриран чај жалфија. И добивме препорака да ги смениме Курапрокс четките бидејќи биле премногу меки.
    Ќе треба да отидеме на преглед во друг град кај стоматолог кој нема да му е проблем да каже ако се лошо направени пломбите. Веќе еднаш менувавме матичен стоматолог.Јас верувам дека е до пломбирањето бидејќи претходно никој од нив тројца немаше никаков проблем со непцата. Значи ако е проблем пломбата треба да се обработи на ново и ќе се повлече црвенилото од околу или ќе остане така?:(
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Ако е до пломбата, најверојатно не лежи добро на забот. Во ретки случаи може да се исполира, ама најчесто треба од почеток да се направи.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    36.297
    Пол:
    Женски
    Ако ме заболи заб помага ибупрофен?
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Да ама зависи зошто те боли, нема да се реши проблемот со апче. Кога ќе помине дејството на бруфенот, пак ќе почне да боли. Напиј се, ама оди на стоматолог.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    36.297
    Пол:
    Женски
    Треба да се извади забот ама чекав одмор да имам 12ти февруари. Сега на моменти како да почна да ме боли како импулси. И импулс повремено осеќам цела лева страна помеѓу забот и ушето.
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Можно е да не можеш да чекаш до тогаш. Ако после апчето болката одма се врати и/или е појака, најпаметно е веднаш да го извадиш.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.234
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Треба да правам панорама, а сеуште дојам.
    Колку време не смеам да дојам отпосле?
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Ќе ти стават оловна престилка и заштита на вратот при снимањето, и слободно можеш да доиш после тоа.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jasss1

    jasss1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Se izvinuvam za dolgiot post ama moram da spodelam sto mi se slucuva i da prasam dali nekoj pominal niz istoto, ednostavno baram pomos sto da pravam. Vo septemvri vadev 5ka, dolu desno (zabot bese umrtven, no me bolese i zabot i nepceto okolu zabot do stepen na ludilo, ne mozev ni da jadam kako sto treba i zabolekarot rece deka toj pravi problemi i mora da se vadi). Relativno lesno i brzo go izvadi zabot, rece deka cela vilica i zabot "plivale vo gnoj" i deka se ke se sredi, mi prepisa i klindamicin i serapeptaze. Od koga pomina anestezijata imav strasni bolki, bukvalno glavata ja akav doma (a ne mi e prv pat da vadam zab, zabite mi se katastrofa, se rasipuvaat od vnatre, pa tek posle nadvor i bas mi e veselo, sekoe odenje e lek, lek, lek, plomba, krsenje na zab do koren i vadenje, no nikogas tolku rana ne me bolela) , piev ventori, ketonali, cuda, mi rece deka tolku bolelo bidejki zabot bil mnogu osteten i so golem proces, i deka uste me bolelo mestoto od anestezijata, deka antibiotikot ke pomogne ... I posle 2 nedeli imav ogromni bolki, otidov, go zamoliv da ja vidi i 4kata bidejki vekje bese neizdrzlivo, pocna da go cepka zabot, mislam deka do srce me zdoboli (da napomenam zabot bese vekje odamna plombiran, no mi rece deka spored snimka plombata e stavena direktno na zivecot i toa mi pravi problemi), no i koga mu spomnav deka uste custvuvam bolka i kaj ranata, onaka drsko mi odgovori - sto mislis ti koska se vadi, ke boli, jas vadev 8ka pa 3 meseci me bolese mestoto..ok... Ja otvori 4kata, cepkase, lek stavase, pa go umrtvuvavme, pa go plombirase pak i rece deka toa e toa (iako seuste custvuvav bolka, mi rece deka me boli mestoto od anestezijata a ne od zabot, deka sum preosetliva i plasliva - ok) . Da napomenam od koga mi pocna problemot so zabite na dolnata vilica pocna da me boli i grloto, visoki temperaturi, oteceni limfni zlezdi, sekoe odenje na ORL bakteriska infekcija, crveno grlo, inekcii, najjaki antibiotici, cuda (nemam krajnici), pa pocnav da panicam dali e mozno nekako ovie 2 raboti da se povrzani i zabot seuste da raboti, da ne e sraboten kako sto treba? Mu spomnav na zabolekarot se iznasmea i rece deka vrska nema, dodeka pak ORL specijalist mi rece deka se somneva site ovie problemi mozno e da se povrzani i so zabite. Jas vekje iskreno ne znam kaj da se obratam, pa ako moze da mi preporacate i nekoj dobar maksilofacijalen hirurg, ili dobar stomatolog, nebitno kade, Skopje, Bitola, Ohrid, nekoj trpeliv, bidejki od premnogu traumi so zabite imam strasna anksioznost, pred sekoe odenje na zabolekar bez apce za smiruvanje ne mozam ni da sedam na stolica, pripagjam. Vilicata, koskata seuste me boli na dopir, tocno na mestoto kaj sto e vaden zabot pa se do kraj, do uvo(da napomenam site zabi mi se ispoizvadeni od pregolema strucnost, nemam ni 6ka, 7ka,8ka sto bi pravela problem), isto momentalno custvuvam kako bolka, tezina, nelagodnost pod jazikot, nekade pod vilicata, ne znam ni da opisam tocno, celi nokji ne sum spiena od stres i strav. Kade jas da se obratam za problemot so go imam? Dali e mozno ovie raboti da se povrzani edna so druga? Dali e mozno zabite da pravat problem so grloto, bidejki ova iskreno do sega nikogas ne mi se slucilo, a kako sto pisav pogore imam bas bas uzasna koska i sum imala i mnogu pogolemi procesi od ovoj, otoci, cuda ili samo slucajno se pogodi se vo isto vreme. Vi blagodaram.
     
  15. Yoj

    Yoj Нов член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    NNN
     
  16. Mayaasa

    Mayaasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Јас ти ја препорачувам Vega smile се наога во Скопје и има таму доктори од сите области. На панорама ке се види проблемот. Смени го тој доктор под итно кај што идеш сега. Направи консултација за ситуацијата па одлучи си. Или на максило некој да ти препорача доктор иако кога се распрашував за друг проблем ми рекоа дека сите се добри доктори во државна. Тој што не трпел болка и мака со заби неможе да ја разбере таа болка.
     
  17. Mayaasa

    Mayaasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    @kristii ,провери си хеликобактер. Ако водиш хигиена, четкаш, чистиш со конец, немаш расипани заби, џебови и пломби, тогаш провери го и тоа.
     
  18. jasss1

    jasss1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски

    Go smeniv i toa odma, navistina bese drzok, premnogu aroganten, a ne e ni tolku dolgo vo strukata pa da izigrava strucnjak, da gi pcue kolegite i slicno. Imam druga doktorka sega, no dzabe koga jas izgubiv doverba vo zabolekarite, od sto imam 300 maki i traumi pominato... Sakam da te prasam dali mora da odam so upat od maticen, ili moze da se javam vo centrala na maksilofacijalna i da si zakazam pregled?
     
  19. Mayaasa

    Mayaasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    За на максило мораш да имаш упат од матичен. Јави им се ти пак, љубезни се па ќе те упатат понатаму.
     
    На jasss1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mala panda

    Mala panda Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Пред скоро 3 год ставив на двете единци(иначе извадени ми се двата нерва на забите) без метални коронки и бев многу задоволна к секс сум задоволна немам фала Богу никаква болка само проблем е што ми се подигнало непцето и има простор помеѓу забот и непцето( не знам подобро како да објаснам да ме разберете) и бидејќи ми се умртвени нервите непцето е темно и плус сега кога ми е така подигнато не изгледа воопшто убаво. Прашањето ми е што да правам дали да мењам сега на лето коронки или е рано или пак има некое друго решение…