Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Не, еве и отекувам, значи страшно. Ништо не помага.
     
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Штом имаш оток имаш некој процес на забот не е туку така не знам колку е паметно да го оставиш така.
     
  3. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Па и јас тоа мислам, пулсира цела страна, не може да е само до лекот како што вика тој, дека нормално било од лекот да боли
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.708
    Пол:
    Женски
    Треба да се отвори забот штом отекува.
     
    На Spidy и Lena0903 им се допаѓа ова.
  5. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Еве сум кај друг заболекар, па ќе видам што ќе направам
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.668
    Допаѓања:
    79.681
    Пол:
    Женски
    Бев на забар и после забележав дека во устата имам како подлив, токму спроти забот што го поправав. Веројатно со некој од инструментите ме чепнал таму... Не ме боли и не е баш отечено, ептен малку, и е модро. Што можам да направам за да помине или да оставам само од себе да се повлече?
     
  7. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Вчера пишав дека минатиот петок умртвував живец на заб, а вчера се соочив со големи болки. Докторот не сакаше да ме прегледа, велејќи дека е нормално да боли, но мене не ми изгледаше нормално. Бев кај друг заболекар, и ми кажа дека погрешен заб умртвил, и дека болката доаѓала и од двата заба, тој што навистина болел и тој умртвениот што имал свој процес и гноел затоа и отеков толку. Па постепено ги средуваме, а најважно болката се намали. Така што не знам што да кажам веќе, кога се јавив единствено нешто што почна да вика заболекарот е дека ќе ги рефундирал парите. Мислам не се толку важни парите колку што е важна претрпената болка до лудило.
     
  8. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.218
    Пол:
    Машки
    Најмалку што може И мора е да ги рефундира парите
     
    На Lena0903 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Нели ве снимаат стоматолозиве пред да ви прават заби?

    Панорамска снимка е како лична карта, мора прво тоа па да се одреди што ќе се поправа. И локална снимка да се направи на еден заб, се гледаат и соседните. Некои работи не се видливи со голо око и без снимка е бесмислено да се работи речиси се во стоматологијата.
     
  10. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Овој првиов каде што бев не, кај втората да ми направија снимка.
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Без снимка нормално е да не може да погоди со сигурност кој заб има акутен проблем, особено кога и двата ти биле расипани (иако со различна дијагноза).
     
  12. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Епа не е баш нормално да не погоди, еве кај вторава каде што бев уште пред да ми направи снимка лоцираше од каде е болката.А ако не е сигурен, не треба да чепка или треба да ме прати на снимање некаде кога веќе нема апаратура. Сега се два расипани, претходно тој работениот беше здрав. Моја вина е што сум отишла таму, а негова се останато.
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Крив е, не викам не, сакам да кажам дека веројатноста за ваква грешка (ти лечел погрешен заб) е многу веројатно без снимка.

    Чисто го коментирам твојов случај зошто премногу пациенти се опираат на снимањето на заби мислејќи дека којзнае што ќе им се случи, а реалноста е дека без снимка премногу често се прават грешки.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Да, да, разбирам, но во мојов случај не ми ни понуди да се снимам. Инаку, секако дека немаше да одбијам. Еве каде што бев на второво место во самата ординација имаше апарат за снимки, откако лоцираше каде би можело да е предизвикана болка, таму снимаше и виде тоа што и' требаше. Во секој случај, одев по логика дека е во населба, блиску ми е, и други од населбата се лечат тука, рекоа дека е добар, а и долги години е овде. Ама ете, пекол во устава ми направи, вчера и до треска дојдов од тоа.
     
  15. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    jas nesto sakam da prasam
    vcera slucajno mi izleze nesto drugo barav ama sega ne mozam da go najdam
    pisese nekoja stomatolog cistela karies bez bolka bez inekcii bez voopsto da dopira zabot so nekakov prasok i dali bese vozdusna ili vodena abrazija taka nesto i potoa plombiranje
    mislam ljiljana ja pisese no prezime zaboraviv, ne mora taa ako znaete ili ste slusnale za nekoj stomatolog ova da raboti bi sakala da mi kazete
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Кариесот безболно може да се отстрани само ако е во почетна фаза (само на глеѓта на забот), ако е подлабоко од тоа мора анестезија за да биде безболно. Повеќето кариеси во таа почетна фаза не се ни приметуваат, така да 99% од случаите не е возможно сосема безболно да се иструга заб зафатен со кариес.
    Воздушна абразија се прави за чистење на пигментации, обично во комбинација со ултразвучно чистење, а не за чистење на кариес.
     
  17. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    ne ne tamu pisese bezbolno dlabinsko cistenje na karies i plombiranje i moze poveke od eden zab , ubavo pamtam za karies bese , zosto imam drugarka koja mnogu se plasi od stomatolozi a ima rasipani zabi , planirav nejze da i kazam ama ete , cel den baram po net no ne mozam da najdam kade bese
     
  18. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    uf ja najdov ne bi da ja reklamiram
    samo izvadok citiram " Во нашата ординација, први и единствени воведовме метод на воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак. Може да се користи и кај деца и кај возрасни. Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес. Методата е многу конфорна, третманот релаксирачки. Освен ваквите придобивки, оваа метода го штеди здравото забно ткиво од прекумерно одземање, а влијае и на квалитетот на финалните изработки. Се третираат лезии, од површни до најдлабоки, а се овозможува и третирање на повеќе заби во една сеанса и тоа без употреба на анестезија. Имено, направена е статистика и потврдено дека пломбите изработени со оваа метода, траат двојно подолго. Сето погоре набројано, ја прави оваа метода мошне атрактивна за нашите пациенти.
     
  19. Anettta

    Anettta Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Имав чисти и бели заби кои што си ги одржував со чистење на забен камен еднаш годишно и тоа беше доволно. Е сега од минатата година почнав да ги чистам по два пати бидејќи ми се правеа ептен црни и долу и горе. Не ме нервира тоа дека се прават така од долу туку почнаа да излегува и од пред на забите што мене лично ми е многу гадно и ми прави голема несигуност. Последен пат ги чистев почеток на Декември и веќе после три недели беа катастрофа. Сега ден со ден стануваат уште поцрни се шири. На долниот дел имам ретејнер кој што го носам за да не се искриват. Докторот вели од тоа е ама не ми се верува бидејќи го носам повеќе години и немав проблем. Не пушам цигари, не пијам кафе и не знам од што така излегува
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.708
    Пол:
    Женски
    Дали си сменила нешто во начинот на исхрана, да не си почнала со некои лекови, витамини, хронична терапија? Тоа се фактори кои може да доведат до промени во составот на плунката, оттаму и тие пигментации. Не е од ретејнерот, еден куп луѓе носат ретејнери, не би требало да е тој причината.