Не пијам никакви апчиња ниту пак витамини. Премногу јадам благо и често пијам газирани сокови. Меѓутоа тоа не е од сега. Одсекогаш сум јадела и пиела
Без причина не се јавуваат тие промени, можно е сега да почнале да се покажуваат ефектите од тоа. Газираните сокови и благото се лепат на забите, киселините што ги создаваат бактериите во усната шуплина ја разјадуваат глеѓта, и станува порозна и приемчива за пигмент. За жал тоа кога ќе почне како процес, назад нема, оти глеѓта тешко се реминерализира кај возрасни луѓе. Имаше одамна некоја статија, како некој стоматолог ги тестирал извадените заби во чаши со кока кола, кока кола зеро, енергетски пијалаци. Значи три заби во три посебни чаши со различни пијалоци. Ефектот бил ужасен, забите биле со променета боја и со наслаги. Прекини со газираните пијалоци, пиј вода повеќе и не јади многу благо. Spoiler ефектот на газирани пијалоци врз забите
Кај левата страна на забите не знам кој заб осеќам некоја не знам дали може да кажам болка, како повеќе е на ладно ама не знам кој заб ме '' боли''? Дали може да е осетливост мада тоа до сега сум го немала? Не можам да приметам кој заб ме боли, што би можело да биде? @Annath од прилика што би можело да биде?
На кецот имам циста долги години не ми прави проблем ама сега се решив тој заб да го вадам не сакам операција на цистата,па ми е страв за вадење дека има циста да не се направи некој проблем, забите после бременоста ми се израсипаа и ми се изронија, горе имам за вадење пет заби два се блиску до синус и не знам од каде да почнам
Добар ден, сакам да се консултирам со вас како би постапиле во следнава ситуација и доколку има некој стоматолог да ми каже дали сум во право. Пред месец ипол ми е поправан заб кој имаше процес и гангрена која се виде на снимка, забот е умртвен , лечен и затворен за кој си платив убава сума. После еден месец забот почна да ме боли односно коската бидејки и на сам старт имаше премногу голем процес кој го зафаќа и соседниот заб. Јас одма реков да се извади но докторката реши да се обиде да го излечи. Е сега после еден месец јас две недели имав болка во вилицата (со вентор бев две недели)пиев антибиотик се смири болката во коската и вилицата но на загризок ме боли и не јадам на таа страна , и на повторна снимка се виде дека процесот стои и има шанси да се створи циста на тоа место бидејќи процесот е голем и докторката предложи сепак да го вадиме забот . Прашањето ми е што да правам со оглед на тоа дека на сам старт јас реков да се вади но го лечевме … јас си дадов пари за лечење и пломба на забот кој сега треба да се вади. Дали сметате дека парите треба да ми бидат вратени?
Па, требало да воочи какви процеси се одвиваат и дали вреди да се лечи забот. Можеби и треба да ти ги рефундира средствата или за наредната интервенција да не ти наплати.
Па со оглед на тоа дека за полење канали лечење и пломба платив 6000 за по еден месец да го вадам истиот заб и јас сметам дека сепак е премногу кус период да останам и без заб и без пари…. Како безболно да го кажам ова а сепак да не си ги нарушам односите
Како доктор сум била во ситуацијава. Иако се надеваме на најдобар резултат, и секогаш сум барем да се проба лекување пред да се вади забот, мое било да ги објаснам опциите и можностите, и потоа пациентот си бира. Гаранција дека лекувањето ќе биде успешно не можам да дадам, така да ако пациентот се одлучи за лекување тоа си е негов избор, иако било со моја препорака. Колку и да е наплатено, освен ако не ти рекле дека со сигурност ќе биде успешно, не може да бараш повраток на средства. Ако ти дале гаранција, тоа е нивна грешка зошто никој не може ништо да гарантира во медицината, и можеби би можело да биде гратис вадењето на забот. Ако ризикот од неуспех ти бил објаснет, тогаш на крајот од денот ти како пациент си го избрал тој третман. Многу пациенти би го направиле истото дури и 5% шанса да има за успех, зошто не сакаат да се вади забот по секоја цена.
@Spidy Ако можеш да ми одговориш на моето прашање… Вака имам пред скоро 3год ставено порцелански безметални коронки на двете единци и бев премногу задоволна но еве како поминува времето непцето ми е некако повлечено нагоре но само на едниот заб го приметивам тоа, сега вака моето прашање е дали има начин да тоа да се корегира некако или морам да ставам нови заби навистина не изгледа убаво а забите се предобро направени но тоа ми е сега голем проблем. Навистина ми значи некој одговор, совет што е најпаметно да правам. Иначе не живеам во Македонија и тоа ми е додатен проблем што се однесува на забите, но наскоро си одам дома и дали може тоа да се среди са недела дена додека ќе бидам доле *извинте што неколку пати го пишувам тука мојот проблем, но навистина ми е потребен одговор
Нормално е со годиноте да се повлекува непцето на забите, тоа полека се случува на сите заби и да нема коронки, ама кај млади луѓе со вештачки заби очекувано е да се случи и побрзо. Нажалост, освен комплетно да се смени коронката друга опција нема. Мораш на контрола да се види да не има некој друг проблем или е само нормален физиолошки процес во прашање, и во некој момент да се сменат коронките.
Ако работ на коронката не е добар па предизвикува иритација, или можеби има ниска инсерција на некоја плика што ја влече гингивата при џвакање и зворување, агресивно четкање што доведува до механичка иритација... Но најчесто се работи за нормална загуба на атачмент што се случува кај сите луѓе.
Јас го имам истиот проблем, само коронките (две ги имам) ми се воспалени и мислам дека малце непцето е дури повлечено, не се грижев за хигиената едно време и имав погрешна четка за заби, дали може од тоа да е? Многу ми е страв да не ми се повлече скроз?? Ставам паста и средство ама каков ефект ако веќе е повлечено....? Забарот не ми кажа ништо посебно, само да користам некоја паста за осетливи заби, нормално ли е непце да се повлече од коронка, мора да се менуваат навлаките ако е ок забот? Нели може само да се чистат еднаш годишно на забар? Фала однапред
Здраво се надевам ќе ми одговори некој пошто се осеќам мизерно. Осумката ми беше излезена ама не цела, па почна да ме боло непцето бев денес на заболекар го исчисти гној имало и стави дрен. Паничар голем сум, ова не е проблем голем и за колку време се средува? Дали смеам да ги четкам забите откако ќе го извадам дренчето? Утре сум повторно ама заборавив да ја прашам ова па да не се реметам до утре
Извадив корен 4 горе , наеднаш ми потече цела усна шуплина и фати сите заби да ме болат , помина 1 недела уште не е зараснато местото