Може ако се работи за лекувани заби со големи пломби. Таквите заби лесно се кршат и генерално знаеме дека траат многу пократко од вообичаеното пред пак да е потррбна некаква интервенција.
Нема ли некое решение? Да, ми рекоа дека сум имала големи пломби, не се разбирам баш, ама страшно ми е некако како помисла...
@Spidy, @Annath Вадев заб и на тој до него што ми е пломбата најверојатно цела ми е скршена( отворен заб). Дали може гаргара со камилица чај за дезинфекција на устата, и дали на тој заб каде што е скршена пломбата и местото каде што ми е изваден забот може нормално да го четкам со четка и паста или не.
Два до три дена после вадење заб не се плакне устата со ништо, само нормално внесуваш течности, четкање може, внимателно кај што е раната. Забот што е отворен треба да се среди што побрзо.
Да ќе се среди. Ми рекоа 4-5 дена да поминат и да отидам да се санира пломбата. Ми беше да не ми влегуваат остатоци од храна на тие два места па затоа прашав за исплакнување на устата. Инаку вчера и денес сум само на течна храна.
Па секогаш првите денови мора течна храна да јадеш, и да пазиш да не влегува во раната. Четкањето мора да биде внимателно, да не се раскрвари или изиритира местото. После неколку дена може да плакнеш. Уште денес воздржи се, од утре може постепено да плакнеш, може и потопла храна да јадеш за да затвори местото побрзо.
Ај да прашам тука, ќе посетам лекар секако, ама да ме утеши некој да не паѓам во лоши мисли.. Пред 10 месеци вадев долна осмица со операција. Сега на местото каде што ми беше забот, во вдлабнатината осетив нешто дека имам. Се видов на огледало, нешто бело. Земав со чечкалица да го допрам, тврдо е како ковче. Дали е остаток од забот, или реакција на операцијата немам поима. После таа операција и циста си направив од прегризување па ја отстранував, сега ова... Мора ли да се вади ова? Не ми направило проблем до сега, случајно го открив. Фала
Не знам дали е за оваа тема, но би сакала да споделам позитивно искуство со ординацијата која се наоѓа позади соборен храм во Скопје, односно Каракамчев ординација, прв пат некој забар да биде толку посветен и се убаво да објасни и да не наплати преглед и покрај снимки, предходно каде што одев ми викаа кариес мора да се отвараат забите, сосема случајно другарка ми ги кажа, отидов ми рече др дека е пигмемтација, ми ги исчисти само забите и црните флеки се тргнаа без отварање на забите. Презадоволна, нема да погрешите ако барате забар. Кажувам како човек кој цел живот има проблеми со заби, за жал.
Цел живот бев склона кон создавање кариес и дефинитивно (бар кај мене беше до хигиената) Обичната четка ја заменив со електрична, природна паста за заби и природно средство за плакнење, од neptun го земав и ова https://www.neptun.mk/categories/AIR_FLOSS/PHILIPS-HX-3826-31 секој ден миење на забите после ручек и вечера и чистење на забар еднаш годишно, фала богу сега немам толку проблем со кариес како порано, воедно и непцата од жар црвени ми се бледо розеви.
Дали користите електрични четки за заби? Јас почнав и некако м ие страв, нели се малце јаки за чистење заби? Многу м ие страв да чистам заби со таква четка...
Битно влакната да се меки и немаш гајле. Плус повеќето електрични четки имаат и некој тип на амортизација, намалуваат јачина ако стискаш појако.
Направив мост за заби, го носам 6 месеци и неколку дена осеќав болка кај коренот на забот , направив снимка ина процес гној... го пробуши мостот направи дренажа пијам антибиотик 2 дена и сеуште забот клука и сеуште местото кај коренот боли на допир! Некој да дај совет дали воопшто постои шанса да се спаси забот!?
Витамин б6 се пие секоја вечер по едно? Купив, но заборавив да прашам, бидејќи навечер малце како да ги стискам забите, забарот ми кажа да земам б6, ама како се користи за овој проблем немам пиено до сега?
@Annath дали можеби знаеш зашто едната коронка постојано ми се воспалува? А другите заби ми се ок, непцата, од што би можело така? Чистени ми се веќе еднаш, ама пак ми отече тој заб кај што имам коронка, другите си се ок
Направи снимка да видиш зошто отекува, дали е забот проблем или само непцето реагира. Ако реагира само непцето, работ на коронката не е добар, односно е дебел и не налегнува убаво на забот да создаде вакуум.
Немам ништо на снимка, а коронката ми е осма или 9та година не ми е брзо ставена немав проблем до сега со коронката, можно ли е сега да се појави таков проблем?
Можно е, не е исклучено да реагира и после толку време. Секако на пет години е препорачливо да се менуваат.
Добро вечер Пред една недела извадив доле осмица со операција која беше прилично тешка со многу конци и болки постоперстивно но полека заздравува, но сега имам друг проблем осеќам болка на истата страна но во горната осмица (кога ќе направам притисок со прст на забот ме боли) притоа истата е изллезена .п.с извадив на истата страна и 7ца пред две недели и немав никави проблми. Прашањето ми е кога најрано можам да ја извадам осмицата бидејќи осеќам болка а притоа на истата страна и горе вадев заб и доле операција. Ви благодарам