На забот приметив хоризонтална линија?? Ама од едната до скоро другата страна е на забот, кога ќе допрам не е мазно туку го линија тврда е, многу ми е страв може ли да се скрши забот??? А од другата внатрешна страна немам ништо, тек во понеделник сум на забар ама до тогаш не знам што да мислам, би ја замолила @Annath како постручна ако знае што би можело да биде да не го изгубам забот, бидејќи вака освен таа линија нема ништо И има ли начин да се спаси некако? Ако е напукнато?
Не знам што е во прашање, ни во кој дел на забот се наоѓа. Тоа само стоматологот со преглед, евентуално снимка ќе ти каже што е и што ќе се прави.
Ти благодарам на одговорот На предниот дел кај забот до непцето блиску имам како линија,ама се гледа само на појака светлина вака не се приметува, забарот ми кажа дека не е страшно не може да се скрши забот дека таков е самиот заб со тек на време таков станал ама не значи ништо тоа, мене ми е страв некако не знам, до сега вакво нешто не сум имала, го снимав и на снимката немаше никаква линија.
Девојки треба да ставам мост од 5 заби цирконија.Слушнав многу мислења дека после некое време има непријатна миризба од устата влегувало храна не знам што..Ваше мислење ?
Zdravo si ja skrsiv trojkata zab vrvot pa me interesira dali moze da mi se dogradi toj del sto fali bez da se vadi i stava vestacki cel ?
Може, ама ако си го скршил својот заб, тоа значи дека при истото движење ќе ја скршиш и пломбата. Мали пломби на работ на било кој заб лесно паѓаат. Ако нешто ти пречи скршеното, поедноставно само да се исполира и измазни. Може и да пробаш да се стави пломба без дополнително да се струга забот, па да видиш колку ќе ти трае. И да падне пломбата одма, барем да не е дополнително оштетен забот од тоа што е веќе скршено.
Не знам дали е за овде, меѓутоа би било во ред да има и тема каде што ќе ги објавуваме ординациите од кои не сме задоволни, бидејќи се отворија премногу и секој стана забар. Личност која што ја познавам се грижеше за забите, редовно одеше на забар, но Доктор Жарко Петровски има ординација во Бутел ја остави без 4 заба!!!! Наводно, не е ништо, не се секирај не е итно ќе се среди, девојкава остана без четири заба не се разбира од забари и заби, најочигледно и пукнаа од кариес, целата иронија е што кога отиде кај друг забар и рекол не си дошла на време... бидејќи на овој не му се работело или не знам така и викал не е ништо, да знаете каде да не идете. Извинете ако објавава не е за тука, ама да не се зезне некој друг.
Нема такво, сите средства се јаки дезинфициенси. Чај од жалфија ти е добра опција за плакнење, ама тоа повеќе е за бенефит на непцата.
Не, ама за тоа не помагаат ни средствата за плакнење. Фистулите се фактички отвори преку кои се дренира гноен процес во коската кои се појавуваат најчесто на корен на заб. За тоа треба да се лекува/прелекува/апикотомира или да се извади забот. Фистулата ќе се затвори штом ќе го снема процесот.
Вака, ми поправаа преден заб двојка, е сега нели со пломба се струга од забот, мене тој ми бил правен и предходно изгледа и сега забарот убаво ми го направи среди се, но приметив дека е пократок од единицата малце не многу, ми рече дека морало да се струга за пломба, ама заборавив да го прашам, дали еве недај боже повторно ако се расипе, кога ќе ми го прават уште толку ли ќе се струга? Бидејки вака не се познава некоја разлика во однос на единицата, пократок е да, но не е многу впечатливо, па ме интересира за понатаму, има ли шанса со пломба да ми го '' продолжат '' забот следниот пат? Да не иде со навлака или?
Јас ова го користам, имав почетен гингвитис, со ова црвени непца не сум приметила и стоматологот ми потврди дека се многу подобрени непцата. Spoiler Може секој ден да се користи, не штети.
Двојките природно се пократки од единиците, помали заби се по морфологија. Нема потреба да се продолжува, ама ако сакаш може,по можност да се поврзе пломбата на работ со останатиот дел каде што има пломба, во спротивно ќе паѓа. Инаку, да, секое наредно стругање одзема поголем дел од забот ако продолжи да се расипува под пломбата.
Благодарам многу, навистина си посебна членка на сите ни одговараш и одвојуваш време да ни ја разјасниш секоја дилема
Вчера извадив умник 8-ица одсабајле оток болка кој знае каква немам пијам амосиклав што може да е со отокот докторот ми рече ако не се среди отокот во понеделник да појдам кај него се плашам од сепса јадев на другата страна по вадењето вчера околу 14 часот дури сабајле во 6 часот незнам ме прифаќаат разни мисли болки немам ќе се среди ли?