Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Правена е снимка, забите се супер, навлаките се многу добро направени, забарот е многу стручен каде што одам прееезадоволна сум и затоа нема шанса да го сменам, едино проб е што едната навлака се воспалува малце а другата не, сепак до крајот на годинава ќе ги сменам. Фала многу на мислењето, ми беше страв така да не не смее да стои навлаката
     
    На Badii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.559
    Допаѓања:
    201.695
    Пол:
    Женски
    Земи и флажил во комбинација со амоксиклавот и серапептазето. Од 400 мг, 2х1, поефективно е во комбинација со антибиотикот. Мора да се отвори забот за да се намали отокот, нема да боли воопшто. Забот секако ќе се вади, ама мора да го снема отокот. Ако не се намалува, или не дај Боже се зголемува, оди на максилофацијална, може ќе ти го извадат забот и со таков оток.
     
  3. Broken heart

    Broken heart Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Кој ти препиша стоматолог или кој?веднаш барај нелорен инекции не се играј дечко додека си на нозе уште вакви случаи со оток и гнојови може да завршат фатално што чекаш уште?барај нелорен инекции не седи не се играј никако антибиотик сега само по вадењето оди на стоматолог ајдее
     
  4. Master86

    Master86 Нов член

    Се зачлени на:
    15 декември 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Sepak se odluciv eve da idam privatno na oralna hirurgija na incizija. Da go otvorat mestoto od strana ne direktno preku zabot. Toa mi izgleda za sega najdobro resenie zosto bev na pregled sega a otokot ne se namaluva. A potoa da se sredi se i da se namali otokot ke go izvadam zabot. Drzete mi srekja i vi blagodaram za site soveti..
     
  5. Master86

    Master86 Нов член

    Се зачлени на:
    15 декември 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Da bev na dezuren i mi dadoa edna inekcija vcera, po sto otokot se namali no deneska se vrati vo pogolema forma. Ne mozam da dojdam do sorabotka so stomatilog nikako od strav da mi go otvara zabot pa se resiv da idam direktno na oralna na incizija a potoa i vadenje na zabot. Ti blagodaram sepak na sovetite.
     
    На Broken heart му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Имам вадено 6ка заб доле одамна, 5ката заб ми се гледа малце коренот?? Одма отидов на стоматолог и ми рече, дека непцето отекло, не е повлечено и дека имам почетен гингвитис ако добро напишав, ми ги исчисти забите ок ми се сега, ама ме зачуде, како ништо не му е на забот кога се гледа малце коренот?? Како се решава ова, ми рече да не се секирам ништо не му е на забот ама не знам
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се извади заб, коската тука се намалува. Очекувано е да се повлече надоле малку и на соседните заби, и со тоа се повлекува и непцето и затоа се оголува коренот. Има хируршки интервенции непцето да се корегира, ама коската потешко. Треба да ставиш заб (имплант) на местото на извадениот заб за да се стави коската во функција, и со тоа ќе се забави процесот значително, ама и општо со возраста нормално е да се јавуваат рецесии на забите. Значи третманот е хируршки ако сакаш само да се покрие коренот, ама тоа не е лек за да никогаш повеќе не ти се случува ова, едноставно во иднина мора да очекуваш да се зголемува. Битно е само да не биде премногу за кратко време за да ти трае забот до крајот на животот.
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Другите заби ми се ок, само тој ми е така, значи кога ќе ставам имплант или мостови ако не може имплант, нема да се повлекува понатака коската да не ми направи проблем со другите заби? А вака на забот не му е ништо ако постои додека ставам имплант во скоро време?
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Не можам ништо конкретно да кажам вака, секоја ситуација е индивидуална. Консултирај се со специјалист.
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Фала многу на одговорот :)
     
  11. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.483
    Добро вечер
    Ако забите се слаби (и покрај хигиена на високо ниво) дали се пијат посебни витамини за да се ојачаат и кои?
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Забите се создаваат уште пред да никнат и не постои ништо што можеш системски да примаш за да се смени нивната структура. Можеш да користиш локална профилакса (паста со флуор и калциум за реминерализација, флуор профилакса во ординација, средство за плакнење за дезинфекција против бактериите што создаваат кариес), ама на крајот од денот најголем ефект има од идеална правилна хигиена, и секако навремено поправање на дефектите кои веќе ги имаш на забите.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stefani95

    Stefani95 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Дали е реално после чистење на забен камен, после една недела на долните два заба да ми се појави пак и тоа повеќе од предходно?
    Сега што да правам, чуствувам како песок да имам на тие заби, има жолти линии и ко нешто бело на самите заби, пред да ми ги чистат имав само жолти линии?
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Повеќе не, ама може да ти се создава пак одма, може да е рапаво на допир, и белото најверојатно ти е деминерализација која била под каменот, од претходно ја имало, само не се гледала.
     
    На Stefani95 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stefani95

    Stefani95 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    И сега пак да одам за 6 месеци, ништо не е вака ако оставам за забите?
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    Зависи што точно се случува, не можам да ти кажам за сигурно вака. Претпоставувам дека ако имало потреба од нешто дополнително, ќе ти кажел стоматологот кога го чистел каменот.
     
    На Stefani95 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    67.675
    Ми треба мислење - викендов ми се појави забоболка, а денес стоматологот после чистење на каналите ми кажа дека имам гангрена на забот. Ми го остави отворен забот, рече дека мора така до среда, а од среда ќе почне со лечење. Ме предупреди дека можно е да имам и оток и да ме боли. Прашањето ми е, дали ваквиот пристап е нормален?
     
  18. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Од што може устата и јазикот да ми се суви? Претерано ми е сув јазикот посебно, до сега вакво нешто не ми се случило а пијам вода во текот на денот, не многу ама волку сув јазик не сум имала до сега? (иначе, не сум шеќераш немам шеќер)
     
  19. Zvezda5

    Zvezda5 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Дали е срамота да се иде повеќе пати на забар, како гледаат забарите на тоа? Имам заб со кариес дури кога мијам заби ме здоболе, забарот не ми кажа, ама пред една недела бев за друг заб , сега пак да идам ми е непријатно малце....
     
  20. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    7.353
    Пол:
    Женски
    Срамота е да не одиш на забар,да имаш расипани заби. Оди колку пати треба да ти ги среди сите.
     
    На SummerGirl, Zvezda5 и franca им се допаѓа ова.