Фала Annath, многу ме болеше, на живо да ми го вадат мислам дека помалку ќе ме боли. Сега ми ставија дренче, и ми помина болката , се надевам дека до четврток нема да се врати болката. Ми го снимија забот, забарот рече подобро е да се извади, многу бил расипан и поради него и шеската ми била потисната и под шеската се појавил некој процес. Веројатно нема да ја дигнам ординацијата во вис, ако треба и дупла анестезија само да не ме боли многу Фала за информацијата, се надевам дека мојот катник има само едно коренче
Штом ти прави проблем со другите заби, тогаш најдобро е да се извади. А за болење, навистина боли, ужас. Ама се ќе биде во ред, анестезијата брзо фаќа и трае околу саат време, ама забот ќе ти го извадат побрзо, за тоа не се секирај. Ќе треба да пиеш нешто против болки, препорачувам кафетин, аспирин никако, и ладни облоги да ставаш, ладно да јадеш и пиеш, и повеќе на течна храна да бидеш, барем само првиот ден. Повели и другпат, тука сум
Blagodaram na odgovorot. Inaku imam 28 godini, i stom dosega ne sum nosela proteza ni sega ne planiram Nemam krivi zabi tuku stesnata mi e vilicata i sakam podebeli navlaki za da dobijam posiroka nasmevka. Inaku trojkata od ednata strana e malku povisoko od desnata strana i mi rekoa za da bidat zabite identicni od dvete strani ke mora da se vadi. Pa me interesirase da ne slucajno ima nekakva vrska zabot so ocni nervi bidejki se vika ocen zab...barav na net ama nisto ne mozev da najdam...
Во последно време забележувам како ми жолтеат забите, а редовно ги мијам. Има многу постапки за домашно избелување на забите, ама слушнав дека ја оштетуваат глеѓта на забите. Некоја препорака за паста или слично? Thanks.
Очен, т.е ocnjak го викаат Хрватите, кај нас е песјак или кучешки заб. Е сега, со очите има врска единствено тоа што има доста долг корен, па ако има процес на коренот кој не се лекува и често гнои, може да се префрли на окото преку т.н. fossa canina која се наоѓа на коската на горната вилица, затоа што нема природна пречка која ќе го спречи ширењето на инфекцијата. Ама тоа ширење ретко се случува. Кај тебе забот е здрав, па не постои опасност од компликации. Затоа не се секирај и не мисли многу.
Ако пушиш, пиеш кафе, чај, црно вино - ништо чудно од тоа да ти жолтеат. Исто така некои пигменти од храната можат да ги обојуваат забите. Тоа не можеш да го избегнеш, едноставно такви ти се, глеѓта ти прима бои. Освен тоа, со текот на годините забите пожолтуваат и потемнуваат, што е сосема нормално и не може да се избегне, но веројатно може да се ублажи. Тој процес кај секого е различен. За избелување не ти препорачувам ништо, затоа што забите уште повеќе примаат пигменти и потемнуваат. Евентуално, можеш да користиш секојдневни пасти за забите на кои што пишува whitening, а не оние што се конкретно за избелување, затоа што тие не се за секојдневна употреба. Нема штета ако еднаш до двапати месечно употребиш сода бикарбона за миење на забите, подобро тоа отколку лимон или нешто слично што содржи киселини кои ги нагризуваат забите. Освен тоа, кога ги миеш забите, пастата ставај ја на сува четка - триењето е подобро. И пред да ја плакнеш устата од пастата кога ќе завршиш со миењето, почекај барем минута, дозволи му на флуорот малку локално да делува
јас пак нешто да прашам...пред една недела додека јадев се повредив со виљушката,гледав во тв и страсно се удрив на 6ката,сега гледам дека имам посветла бела линија на тоа место и ме боле кога јадам,значи не е напукнат ниту скршен само посветла бела боја(изгледа од ударот) има на тоа место и ме боле само кога јадам на таа страна....што може да се случи со тој заб?
Па малку посилно си го удрила штом те боли, белата линија може да значи дека е малку напукнат, но ти го гледаш само како линија, а не го чувствуваш. Oди на стоматолог, па тој да ја види состојбата. Може и да те премачка со флуор поради заштита на напукнатото место, и тоа неколку пати. Не изложувај го забот на преголем притисок, јади нормално. Ако уште те боли после две до три недели и повеќе после ударот, пак оди на стоматолог, и можеби ќе треба да се отвора забот. После таков посилен удар може да дојде до умртвување на нервот на забот, АМА - тоа е ретко, и повеќе важи за предните заби. Во секој случај, може да има некоја микро пукнатина на забот, но тоа се средува.
Девојки јас сега се вратив од забар, пола лице не си го чувствувам , се лигавам како ротфајлер и не можам да зборувам. Жал ми е за забарот, го препотив, греота човекот, не знаете колку се трудеше. Инаку катникот имаше два корени , преплетени и на крајот завршуваа со закосено шилче. Примив две анестезии, една на почетокот и една на среде вадење бидејки тоа шилчето го чувствував како игличка да ме пара во вилицата. На пола вадење ми се слоши, почнав неконтролирано да се потам , ама тоа нормално било, бидејќи долго траеше зафатот крвта ми се спуштила од главата, па морав малку да прилегнам. Annath фала за поддршката, навистина ми требаше. Поздрав. П.С. Реков дека вака ке се смеам ама изгледа ќе почекам некој ден за тоа
анатх а мене ден умник ми расте 2,3 години и едвај ми се виде само едно крајче од забот другото уште не е излезено зошто толку се задржа што го нема да излезе волку долго време.....другиот од другата страна веднаш ми излелзе а горните два умници на горната вилица уште не даваат никаков знак дека ќе изпаѓаат....
Малку сте се измачиле и двајцата, ама искрено не верував дека до толку ќе биде, штом рече дека ти бил целосно излезен забот. Ама со умниците никогаш не си начисто, така што сепак, добри сте. Сега, не знам дали ти кажал, ама се надевам дека ти кажал, ладни облоги да ставаш на таа страна, можеш малку и да отечеш поради операцијата, да пиеш кафетин или аналгин за болките (јас не препорачувам аналгин,не го сакам, ниту вентор, а аспирин никако - може да предизвика крварење) и да јадеш полесна храна, не многу топла. Брзо ќе ти зарасне, и наскоро ќе се смееш од уво до уво
Annnii, умниците се прилично терсене заби, па може да се случи или наеднаш да излезат или да се влечкаат со години. Се додека немаш проблеми со тој што е подизлезен - значи немаш главоболки, отоци, не ти се прават џебови - не го чепкај. Евентуално, ако ти чувствуваш дека е целосно излезен, ама е покриен со непце, можеш да одиш да ти го сецнат малку непцето, да се ослободи забот. А ако не е излезен - ќе излезе тогаш кога треба Што се однесува до горната вилица - можно е и да немаш умници, ама тоа може само на снимка да се види. Јас би ти рекла - не се зрачи за џабе. Можеби и се тука, само не добиле стимул за растење, па можеби ќе излезат подоцна, а можно е и никогаш да не излезат, да си останат во коската и воопшто да не прават проблеми. Такви случаи сум видела доста. Евентуално, ако имаш некои необјасниви главоболки, болки во зглобот, увото, а забите не излегуваат - тогаш мораш да ги снимиш, да видиш да не случајно фатиле некој погрешен правец на растење,затоа што и тоа може да се случи поради немањето место во вилицата.
Веќе неколку дена имам маки со десната долна 4ка или 5ка не можам точно да ја лоцирам болката. На забот нема ништо надворешно.. Ме боли само ако гризнам нешто потврдо на таа страна или се напијам нешто ладно. Тогаш болката е силна, ама краткотрајна. Што би можело да биде? Се плашам да не е нешто внатре во структурата на забот некоја циста или гноење. Можно е такво нешто?
Може и да не е ништо - понекогаш и кај здрави заби може да се јават вакви болки. Ама малку е да кажеш само дека имаш болки при џвакање и на ладно - дали имаш црвенило на непцето, дали те боли некогаш ноќе? Може да има кариес на страните на забот, а да не е видлив за тебе. Според симптомите, ако е кариес, веројатно е во почетна фаза. Може да е и џеб лоциран меѓу 4 и 5, обично џебовите се активираат на вакво топло време и знаат да бидат доста напорни. Ако не ти помине за ден-два, оди на стоматолог, само да те ѕирне, евентуално да ти го исчисти џебот ако постои.
Jas da vi kazam gi pravev zabite i mi gi napravija katastrofa, dvete strani se totalno razlicni i mislam deka prethodno mi bea poubavi zabite... Dzabe si gi frliv parite... Inaku imam i drug problem, otkako pocnav da gi pravam, nenormalno me boli glava, znaci nema den da pomine a da nemam glavobolka i sekoj zvuk me ezi... Koga zbori nekoj mislam deka primer bukvata "S" vo nerv mi mava... Dali na nekoj mu se slucilo takvo nesto i do koga ke trae?
Ова многу ретко се случува, досега не сум сретнала таков случај во праксата, ама би можело да биде последица на анестезијата при вадењето заб, или при стружењето на забите за навлаки. Мој совет ти е малку да пиеш Б комплекс витамини. А тоа што не си задоволна од конечниот изглед на забите, тоа може да се реши со посета на друг, постручен стоматолог.
Свежото кафе како домашен лек помага во лекувањето на афтите. Исто така, во аптека има средства, како Проафтол, Афтозил и слично - името може да биде различно, а да се работи за исто средство кое помага при зараснување на афтите во устата. Пази со зеленчукот и овошјето - миј ги убаво пред да ги јадеш, или лупи ги, доста често во лето знаат да се прават афти поради неизмиени зарзавати и нечисти раце.