Здраво. Вчера ми ставија лек за умртвување на живецот на 5ка горе лево. Вчера бев сѐ уште под анестезија, но денеска ужасно ме боли (посебно кога џвакам, како со игла да ме боцка) и пулсира. Дали има некој слично искуство или да ѕвонам на стоматолог?
Нормално е првите 2 дена. Напиј де апче за болка, од утре треба да прекине. Јави се на стоматолог ако се јави оток или ако болката се зголемува.
Дали е нормално после изработка на цирконија да имам неиздржливи болки во вилицата? Не непцата, туку внатрешна болка на цела вилица и во мојте заби.
Здраво дали ставањето цирконија влијае на доењето? Какви хемикалии се користат при процесот и дали влијаат на мајчиното млеко? Исто ме интересира за пломбирање со анестезија, доколку прво треба да ми се поправи некој заб пред да се стави цирконија Фала
Да си го смениш заболекарот. И на следниот избор, да се интересираш повеќе, да дадеш до знаење дека ти е битно да се сработи како што треба. Јас па многу сум досадна на заболекар, секогаш правам редовни контроли највеќе зашто ако има нешто (а секогаш се случува, де забен камен, де сронета пломба - некогаш нема ни да осетиш, а баш таму влегува храна и сл.) сакам навремено да го спречам. Башка што ме иритира тој звукот, па се поштедувам навремено. Ако секогаш имаш прашања, да знаеш дека кога ќе одиш максимално ќе се заангажираат. Последно чекав да ми рече за еден заб, пошто виде не прашав. И одма се кажува.
Како се знае кога треба сите заби да се стават под навлаки? Некој ми вика треба, некој не, поделени мислења... Правени ми се, не викам не, сега немам проблем бар ко што ми кажаа ок ми се , ама вака не ми изгледаат до тој степен лошо за да ги стругам? Има некое правило кога треба сите под навлака или?
Здр. Поправав 7ка и умртвував заб и потоа ги полнеше каналите и стави лек, процедурата трае долго и одвај издржав,немам трпение.Битно ми беше да се поправи забот бидејќи и ми се скрши плус, се среди се бев две недели со лек, па потоа одеше до каналите со иглички, го снимаше и немаше некој процес,а болка имам 4 дена.Дали е нормално? Пијам за болка и серапептазе ама секој момент ме боли, а ми кажа дека ќе боли некој ден, и најчесто поминува.Ако помини и болката ќе се пломбира.Ај совет, во петоко стави пак лек, и утре да идам,пак би ме болело, нема солуција или едноставно ќе помини болката да ја купирам со таблети?
нешто слично сум и јас, го затвори го обликување и така одев 2 3 години , еве сега се разрони и од надворешна страна е црн забот почна да ме боли вилицата цела, па ми рекоа да го снимам, колку чини една рентген обична снимка на заб на приватно? иначе кај мене болката помина за 3 дена потоа се смири и го пломбира и обликува, дека беше изронат странично
Ако си од Скопје кај Каракамчев иди не наплаќаат да ти сними заб и да ти каже мислење, јас сум многу задоволна од нив и овде читам други членки се задоволни
Денес правев операција на циста на 4ка заб, а мораше да се извадат и 7ца и 8ца. Операцијата ја правев во 13:30 сега е 20:00часот и пак имам крварење дали е тоа нормално?
Сукрвица да, крвава плунка (не крв), да осеќаш мирис и вкус на крв да, ама обилно крварење не. Ако е второто случај, оди на максилофацијална ако си од Скопје.
Паа немам обилно ама кога плукам има цело време, некогаш мн некогаш малце, болка немам сеа за сеа и местото не ми е отечено.Инаку во Германија сум не сум Скопје, ова го правеше хирург денес.
Zdravo. Pred 5 dena vadev gorna 8ca i malce bese komplicirano, izniknat bese zabot no imase krivi korenja i edvaj go izvadija e sea imam problem zatoa sto osekjam konstantna bolka, na skala od 1 do 10 bolkata mi e 3. Normalno e da boli posle 5 dena vadenje ili ne?
Јас 8ци кога вадев, посебно долните комплицирани, имав болка и оток може 2 недели. Дали знаете од прилика која цена се винирите/ламинатите од заб?
Дали може да ми кажете како побрзо да испука гној од непце од заб.. Утре сум на стоматолог, ама страшно ме нервира дури имам и оток на образот..
Дали треба да испитам состојба на калциум ако, забите често ми се расипуваат? И кој има повеќе видови или?