Дали може да ми кажете како побрзо да испука гној од непце од заб.. Утре сум на стоматолог, ама страшно ме нервира дури имам и оток на образот..
Дали треба да испитам состојба на калциум ако, забите често ми се расипуваат? И кој има повеќе видови или?
Дали некој правел апикотомија? Јас и после 5ти ден имам оток, дури денес ми препиша докторот серапептазе и антибиотик. Устава уште ме боли и не можам да ја отворам, ваљда ради конциве.. Нормални работи се овие?
Добар ден феминки, имам едно прашање во врска со еден проблем кој го има мојот маж со забите, односно за време на спиење најверојатно му крварат непцата и се јавува многу непријатна миризба што се осеќа дури и по миење на забите. Дали имате некаков совет, паста, било што што би му помогнало? Благодарам
Професионално чистење на стоматолог. Ако има мирис и после четкање, најверојатно има џебови кои се длабоки и не ги чисти, и таму си стои храната. Ќе го советуваат на стоматолог како правилно да ги одржува.
Здраво, имам едно прашање, завчера вадев умник долу десно, но јазикот се уште ми е утрнат и под анестезија, не осеќам ништо на таа страна и едвај го мрдам, на контролата ми рекоа дека е најверојатно повреден или фатен нерв при ставање анестезија. Ми дадоа да пијам неуробион и витамин ц. Дали некој го поминал истово? Инаку сум голема паничарка.
Здраво. Поправив заб пред некое време, не ме болеше беше расипан но еве после затворањето на забот мене ме боли. Болката не е неиздржлива но сепак е непријатна и посебно на ладно ме боли. Досега вака не ме болело после поправка на заб дали да почекам и е од самото работење или пак има подолу кон живецот проблеми и требало да се лекува па после да се затвори?
Ваква реакција сум имала од како ми поправале заб кој имал длабок кариес после една недела ми помина.
Ми чистеа каменец февруари, сеа многу ми се насобра само кај предните два доле, мислев ќе ми рече забарот понатака може да се прави, пак ми ги исчисти сега, нели беше многу брзо за 2 месеца? Ама само долните ми ги исчисти и уште 3,4 што имале плак не знам како рече? Ми е страв ќе ми ослабат забите и онака ми се слаби? Секогаш ги чистев еднаш годишно
Нормално е на долните предни заби да се собира најмногу и најбрзо забен камен. Сум имала многу пациенти кои чистат на 3-4 месеца заради брзо создавање. Забите ќе ослабат ако не го чистиш каменот редовно, а не можеш да смениш колку брзо се создава, само може почесто да го чистиш.
Фала за одговорот. Дали треба да барам некоја посебна анестезија, докторот вели ќе става мали дози околу забите кога ќе биде стругањето... Дали треба да измолзувам млеко и да фрлам после третманот? Инаку друго ништо нема да се прави во смисла пломбирање и сл, ама ете уште ми е шубе и се мислам многу, а договорив за 2 недели да почнам со процедурата... @Spidy
Не, нема потреба од измолзување, анестетикот не оди во млекото, особено ако е Лидокаин. Кај нас почесто користат Скандонест или мепивакаин, тој можеби се лачи во нешто поголеми количини, ама генерално се безбедни. Ако ти е шубе, измолзи се.
Добра ординација Аеродром, Лисиче, К.Вода што работи со фонд и што работи внимателно и што нема да боли? Фала ви однапред.
Пред три месеци лекував заб кој ми беше скршен. Бремена сум па не можевме да го вадиме. Два пати лек ми стави, по недела дена ги носев. На третиот преглед провери докторката и заклучуваме дека живецот е умртвен и можи да се затвори. Пола заб е пломба, пола миј заб. Вчера таа пломба ми падна, утре имам закажно за преглед. Сакав да прашам дали имате искуство што би можело да е проблемот? Неможам да ја затворам устата, ме боли на допир, ме боли забот вака ко че го допрам со прст.... Има шанси живецот да не бил доумртвен?
После 3 месеца не може да биде недоумртврн нерв. Најверојатно имаш процес сега, инфекција на коската околу коренот. Зависно од претходното лекување и од големината на инфекцијата, некогаш може да се прави прелекување и да се среди, ама голема е веројатноста дека мора да се извади, и најверојатно ќе треба и антибиотик. Бремена или не, мора да го средиш сега зошто ако се третира половично само заради бременоста, само поголем проблем си правиш за во иднина.
Какво мислење имаш за анестезија во 33та недела, конкретно мојов случај? Имам слушнато различни мислења и не сум начисто дали да го вадам ако е таму работата стигната..
За примање анестезија, мое мислење е дека може да се прима било кога. Подобро е да не чувствуваш болка, отколку да имаш интервенција од 20, 30, 40 минути без анестезија. Стресот од болката е многу полош за телото и бременоста отколку анестезијата. За интервенции кои не се итни, генерално сум избегнувала да се прават во првите 3 и 9от месец од бременоста, ама кога пациент доаѓа со активна инфекција нажалост не можам да речам ајде ќе издржиш уште 2 месеца. Реалноста е дека кога ќе се породиш уште потешко ќе можеш да посетиш стоматолог и проблемот само се зголемува со поминувањето на времето. Така да сега со описот што го даваш, дека пробано е да се среди забот и пак за кратко имаш јака болка, а и претходно ти е дадена препорака за вадење на тој заб, единствената опција е да се извади сега, без разлика што си бремена. Поголем проблем е ако имаш потреба да бидеш покриена со антибиотик (зависи колкава е инфекцијата), мора да се внимава кој антибиотик ќе се одбере и колкава доза за да биде ефективен но безбеден. А анестезијата и вадењето на забот не се проблем без разлика што си бремена.
Пред два часа ми го чистеа умникот и ми имаа ставено дрен, арно ама сега да го извадам неможам да го најдам никако, највероватно го имам голтнано, дали има потреба да звонам на стоматологот или нема потреба ?