Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Бев, докторката ми го чистеше местото, стави пломбичка за да се затвори отворот и го оставивме така. Кога ми ја стегаше пломбата изреагирав на болка (ме болеше на допир забот) рече дека можеби ќе треба да стои отворен. Ако не помини болкава да појдам да го отвори забот и да интервенираме после пораѓај.
    Не ни спомна за инфекција, валјда се гледа тоа, можеби не е инфициран...
    Болката ми е мн намалена, ептен минимално ама да видам баш до утре како ќе ми биди..
    Од што имав тапа болка вчера и некни во вратот од забоболката, сеа како малаксана сум, мерев темп смс немам..
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    13.391
    Пол:
    Женски
    Инфекција се гледа само на снимка, или ако е многу голема па да имаш и оток што е видлив со голо око. Ако треба да стои отворен, дефинитивно е инфекција во прашање. Ако е само кариес или воспалено непце/некој џеб, треба да се смири со самата интерврнција (чистење и пломбирање на забот).
    Не можам ништо да тврдам 100% вака по муабет само, ама мое мислење е дека не треба да се остава така.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ailurophile

    Ailurophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Имав третман на коренскиот канал двапати на еден од забите и сè уште ме боли кога џвакам со тој заб. Стоматологот вели дека забот треба да се извади, но јас не сакам. Дали тоа навистина ми остана единствената опција? Дали да побарам упат до ендондонт за друго мислење?
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    13.391
    Пол:
    Женски
    Побарај, нема штета од тоа да се консултираш со специјалист, ама зависи од ситуацијата дали воопшто има шанса тој да ти помогне. Ако имаш огромна инфекција над блокиран канал, некогаш едноставно нема друг озбор освен вадење.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marijaaa67

    Marijaaa67 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво луѓенца едно прашање. Имам циста на 2ка ми ја лекуваа, но ќе треба операција. Дали може некој со искуство да ми каже каков е процесот, дали боли и на што да бидам спремна. Фала виии
     
  6. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Здраво. Многу често ми крварат непцата. Ми се прават како меурчиња помеѓу забите од задната страна и крварат, исто така имам и лоша миризба. Забарот ми ги чисти, ми дава антибиотик, ке ми се смират, но за некое време месец, два повторно истото. Вака вели дека не гледа проблем од што би можело да се случува тоа. Би сакала совет дали можеби некој имал ваков проблем или препорака за некоја забна ординација во Скопје каде што би можеле подетално да испитаат, да се види која е причината за ова.
    Да напоменам дека редовно чистам каменец, користам конец секој ден ..
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    13.391
    Пол:
    Женски
    Специјалист пародонтолог да посетиш, има на клиника на најгорниот спрат.
     
    На SummerGirl и Darlingzz им се допаѓа ова.
  8. Foffygirl

    Foffygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    30
    Искуство од вадење на 6ка долу, дали ќе има оток после тоа и дали е многу болно?
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    13.391
    Пол:
    Женски
    Дали боли и дали има оток не зависи од тоа кој заб е, туку дали ќе биде тешко вадењето. Ако се работи за скршен заб зо голема инфекција, можно е да има оток и болка после вадењето, ама никој не може сигурно да знае предвреме. Ќе следиш препораки од стоматологот за после екстракција за да ја намалиш шансата за компликации и ќе биде во ред. Ако се работи за многу лоша ситуација, најдобро е да ти го извади хирург, а не општ стоматолог.
     
    На CarrieBradshow и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. therealdeal

    therealdeal Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj imal problem so nepodnoslivi bolki pri niknuvanje na osmici? Imav perikoronit, mi krvarese prostorot na desnata dolna 8ca, go irigiraa stavija dren se smiri, no boli nenormalno. Sega pocna levata isto da me boli i me boli cela koska, zabite se pocnati da niknuvaat no ne celosno i toa boli. Pijam serapeptazi i ketonal rapid ama posle 1h e pak isto…Vcera pak mi stavija dren so analgetik za ublazuvanje na bolkata no ova ne se izdrzuva…..btw primam antibiotik! POMOS!!!
     
  11. krissssss

    krissssss Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2024
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    zdravo koj listerine e podobar za osvezuvanje na zdivot cool mint ili liljakoviot 6 vo eden sto e na nego pisuva deka traj 24 casa
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Ниеден освежувач не трае 24 часа. Подобро провери зошто имаш непријатен здив, отколку само да го прикриваш со течности што реално и не се за секојдневна употреба.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Постојат течности што се користат секојдневно :)
    Јас ова го користам два пати дневно после доручек и ручек од како ќе ги измијам забите, јако е и има мирис на ментол, мада ја немам проблем со непријатен мирис, ми помогна со почетен гингвитис и генерално за цела уста е ок.
    Screenshot_20240510_094750.jpg
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Ова е друго, може секој ден да се користи. Ама Листерин и слични, не баш. Секогаш прво треба да се најде причината за непријатниот здив, не да се прикрива.
     
    На Tea678 и CarrieBradshow им се допаѓа ова.
  15. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Забарот ми рече дека од плунката ми се создава каменец на предните два заба, решение нема ли никакво?
     
  16. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Не сум стоматолог ама можно е да е поврзано и со дехидрација, пиј повеќе вода, цедени сокови...
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    13.391
    Пол:
    Женски
    Нема, генетика е во прашање. Само почесто ќе си чистиш.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Тоа ме чуди, кај мене во фамилија забар во живот не виделе, ниту пак некој имал каменец како мене, дури дедо ми на 80години има подобри заби од моите, многу осетливи заби имам и правени ми се, моите немаат проблеми со заби, чудна генетика некоја, сепак фала Ви:(
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    13.391
    Пол:
    Женски
    Не мислев генетика во смисла наследно, туку генетски е одредено колку минерали се лачат во плунката, и со тоа и колку забен камен се создава. Секако има некој ефект хигиената, пушење, положба на заби, некои лекови, ама 90% количината на забен камен е предодредена и не може ништо да се направи за да се смени. Едноставно само мора почесто професионално да се чистат забите.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mcluckie

    mcluckie Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, не сум имала до сега проблем со непца и заби, редовно идам на контрола и ги чистам. После пораѓањето ми се запуши канал на градата и качив температура но тоа одма го средив веќе следниот ден бев подобра, вечерта кога качив температура ми се воспалија непцата со стоматолог се консултирав бидејќи дојам да чистам со четка, хидроген 3 % и да пијам витамин ц. Поминаа 3 дена јас немам подобрување, некој совет да ми дадете. Ви благодарам