1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.032
    Допаѓања:
    14.907
    Пол:
    Женски
    Консултирај се со гастролог. Ако имаш и кандида генитално, најдобро е системска терапија во комбинација со локална (таблети да пиеш заедно со капки во уста и вагиналети).

    И партнерот да се третира ако имаш, зошто се ова се пренесува со вагинален и орален секс. Џабе ќе се лечиш ако он ти пренесе пак.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Da
     
  3. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.624
    Дали некоја има искуство со Шутаров? На инста добри изработки на фасети има, ама да не има мавнато фотошоп?
     
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    8.666
    Пол:
    Женски
    Бели наслаги на јазикот што може да значи?
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    25.381
    Функционира oil pulling или за џабе е?
     
  6. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Dali e stetno za zabi cistenje so ultrazvuk?
     
  7. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Nemam licno iskustvo ama imam slusnato samo pozitivni komentari.
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.032
    Допаѓања:
    14.907
    Пол:
    Женски
    Не. Нема штета на забите, ама ниту ќе ти замени четкање за одржување хигиена, нити ќе ти поправи заби за да не мораш да ги пломбираш.

    Не. Машината со која се прави ултразвучно чистење може да направи дефект на заб само ако тој е веќе расипан внатре. На здрав заб и да сакаш не можеш да го оштетиш при чистење со ултразвук.
     
    На jagotka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    25.381
    Нонстоп налетувам како совет дека добро е да се прави oil pulling, нормално покрај миење заби и користење конец. Се прашував дали има придобивка некаква, штом толку го фалат.

    Иначе, што мислиш за еко/природни/органски(?) пасти? Демек без хемикалии. Може да се исто добри како да речеме Парадонтакс?
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.032
    Допаѓања:
    14.907
    Пол:
    Женски
    Со правилно чистење само со вода можеш доволно добро да ги исчистиш забите за да ништо друго не ти е потребно. Ама никој не седи да четка заби 3 пати на ден по 15мин плус да користи конец, и тоа се да го прави правилно. Затоа постојат електрични четки, флосери, специјални пасти, кои помагаат да се спречи кариес дури и кога не ги чистиш забите најидеално.

    Кога постои специфичен проблем, на пример воспалено непце, тогаш се препорачуваат посебни пасти како парадонтакс. Значи ако немаш акутен проблем, можеш слободно да користиш каква паста сакаш. Ама кога ќе имаш проблем логички е да користиш "хемикалија" (и природните состојки се хемикалии иначе, се е хемија без разлика дали природно се создала или е произведено во фабрика), за да си го решиш проблемот. Зошто ако не користиш парадонтакс и воспалението ти се зголеми, не само што се оштетуваат ткивата трајно, него и антибиотик ќе треба да се спречи тоа да продолжи да се шири.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    25.381
    Уште нешто, Парадонтаксот помага превентивно да се спречува воспаление или ништо не прави кога немаш воспаление?
    Порано често ми се воспалуваа непцата, меѓутоа во последните година-две повеќе не (може еднаш-два пати годишно одредено место да ми се воспали на неколку денови, претпоставувам поради одредена храна), поради тоа мислев дека морам да користам секогаш Парадонтакс.
    Значи не морам да ја користам таа паста иако имам историја на воспалени непца?

    Страв ми е да пробам со друга, но имам желба да користам повеќе природни производи општо, па се двоумам околу пастата.

    Фала на сите одговори и информации.
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.032
    Допаѓања:
    14.907
    Пол:
    Женски
    Ако ти се воспалува и покрај користење на парадонтакс, голема е веројатноста дека повеќе ќе се воспалува ако прекинеш да ја користиш. Не е ништо страшно да пробаш со друга паста 2 недели па ќе видиш. Ако еднаш на неколку месрца ти се воспалува непцето, и тоа само на одредени места, не цела уста, тогаш проблемот е друг. Може има кариес, оштетена пломба, лоша положба на забите, и тие работи може да се третираат на поинаков начин од користење на парадонтакс или слични пасти. Пастата е повеќе ако има генерализирано воспаление, на цела уста.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство или сте слушнале нешто за некое карфиолесто топче кое се појавува на јазикот, сосема на задниот дел кон грлото? Личноста која го има ова нешто околу година и пол, кажува дека постепено е пораснато топчето, некогаш и' пречи а некогаш не. Понекогаш и самиот јазик го осеќала како да и' лути или жежи, ако чисти со сода и' се потсмирувало. Посетен заболекар кој укажува дека мора да ги извади прво корењата од катниците (биле за вадење) и дека не е нешто страшно, ако и' пречело понатаму преглед на Максило. Посетени 2 разни др за уво нос грло, едниот и'дава терапија како за алергија, другиот ја гледал со камерче зад тоа топчето, рекол кандида и дека не било страшно оти формацијава била како карфиолеста а оние страшните поинаку изгледале (како мазни биле) па ако и' пречело топчево можело да се отстрани. Крвната слика обично и е нормална. Следно што мора да се направи е Скопје преглед на максило. Па во меѓувреме, сакав да се информирам некој ако има нешто од искуство да сподели, да има слушнато нешто околу ова и сл. Ќе ја означам и @Annath доколку има некое мислење. Да дополнам дека женскава е и пушач...
     
  14. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет.....имав проблем со кршливи заби па на горна вилица пред неколку месеци ставив циркониум. сега ми се јави проблем со непцето, ми се воспалува т.е. отекува првично на едно место, сега почна и на цела вилица да ми реагира, како да ми прават забите притисок на непцето.
    Мачкам генги гел, паста парададатокс, со мека четка ама фајде нема.

    Внимавам и на храна, да не се грицки, тврда храна....

    Може накако да се среди непцето?
     
  15. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    3.175
    Дали е реално каменец да ми се тргне со електрична четка, прв пат ми се случува ова, вчера случајно додека ги миев забите стандард кај долните два, малце појако стиснав и гледам ко дел нешто мислев пломба некоја да не зезнав, ама не, 10 пати се погледнав делот од каменецот бил, јас мислев тоа само со инструмент на забар се чисти :shake:
    И, кога сум тука на прашам, ми се погоди многу електричната четка, дали е ок да се користи преку ден обична кога ги мијам а навечер секој ден електрична? Со 3 опции ми е, со најниската ги мијам ама пак да не е јако? Мада, од како почнав вака, непцата од црвени, розеви ги одржувам ниту ми крварат...
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    25.381
    Го префрлам тука бидејќи не е поврзано со порцелански заби.
    Не се сеќавам, мислам за неколку денови, ама не знам дали растворот помогна или само си помина. Зошто и сега знае некогаш ако подолго време ми стои храна заглавена помеѓу 2 заба, таму да ми отече непцето. И само си поминува после неколку денови.
    Слично сега ми се случи, па ти го прочитав мислењето за растворот, ме потсети дека постои, па го земав да го пробам дали ќе помогне. И сега добро ми е, ама пак не знам дали од растворот или само од себе си помина зошто поминаа пар денови.

    Инаку, ако те мачат отечени непца, мене редовно чистење на забен камен на забар најмногу ми помогна да ми се средат непцата. И редовно користење на конец, буквално после сè што јадам, ги чистам со конец. Ако заборавам конец и ми стои заглавена храна, ми се случува понекогаш да ми отече непце. И Парадонтакс со curaprox четка.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Малце финансиско прашање. Колку кошта чистење на забен камен кај матичен стоматолог? Претпоставувам има регулиран ценовник НЕКАДЕ. Мојот матичен секогаш ми зема различно, притоа никаде нема ценовник. Ме интересира чисто за споредба.
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.859
    Допаѓања:
    39.075
    Пол:
    Женски
    Маж ми плати 1000 денари. Ама и плус полирање.
     
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Затоа прашувам. Јас платив 1500, сопругот 1700. Само чистење забен камен, без полирање.
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.859
    Допаѓања:
    39.075
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите матични стоматолози немаат исти цени. Ама секој треба да има одредено ценовник. И јас ќе чистам забен камен и исто ќе платам. Се знае дека таа е цената. Пломба е 450 денари. Вадење заб со анестезија е 200 денари. Никогаш не наплатил повеќе.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.