Мислам дека сите матични стоматолози немаат исти цени. Ама секој треба да има одредено ценовник. И јас ќе чистам забен камен и исто ќе платам. Се знае дека таа е цената. Пломба е 450 денари. Вадење заб со анестезија е 200 денари. Никогаш не наплатил повеќе.
800 денари. Постои ценовник за матични стоматолози, ама има некои нереални услови за да добиеш таа цена. Пример за овие 800ден треба рачно да ти чисти, што никогаш нема да биде толку ефикасно како ултразвучното чистење, да не правам муабет дека саати ќе треба цела уста да се исчисти ако имаш многу забен камен. Пломба е 450ден, ама тоа е за амалгамска пломба, што никој веќе не ни има во ординација, а не пак да стави на заб. Повеќето ординации наплаќаат околу 1000ден за ултразвучно чистење на цела уста како матични стоматолози, ама ако гледаме според законот, може да си наплатат колку сакаат зошто таа услуга не спаѓа во задолжителните услуги на матичен стоматолог. Едит: баш го побарав списокот со цени дека одамна работам во приватна ординација, очигледно ги покачиле цените на се, тоа што го пишав погоре било стара информација. Го прикачувам овде, ова е јавна информација и секој матичен стоматолог треба да го има списоков изложен во ординација.
Што може да се направи на заб што има повлечено непце рецесија најверојатно? Ми беше помалце, сега гледам како повеќе, ми е страв малце, здрав е забот, може некако стоматолог ова да го среди или како иде ова? Прв пат ми се случува вакво нешто
@Annath Здраво би сакала да прашам за искуство со вадење на 6 ка поврзана со синусот? Имено после вадење на забот имаше компликации и потребна беше операција на максилофацијална хирургија(2019год). После пет години синусот се наполнил( се гледа на 3Д снимка само), со сонда немаше комуникација со синусот. Се препорачува чистење повторно со операција, од местото каде бил забот се осеќа течење на секрет(гној). Примена терапија flexid со тоа престанува гнојот. Дали мора да се прави втора операција? Што ако пак се наполни синусот после некое време, на секои 2-3 години ли ќе се прават операции?
Обично после првиот зафат не би требало да има проблеми со синусите, ако е добро затворена комуникацијата со усната шуплина, синусот не се полни. Причината може да е друга, често при горнореспираторни инфекции знае да се јави воспаление на синусите и да дренира. Ако не е добро затворена комуникацијата, веројатно повторен зафат е решение да се затвори целосно тој дел. Ама инфекциите на горните дишни патишта не можат да се спречат целосно, така што синусот може пак да се полни со гној односно да има воспаление.
@Annath Како е можно со сонда на контроли цело време да вика докторот дека нема комуникација, а тече гној? Од каде тече ми е прашањето доколку нема комуникација како што кажува докторот. Од каде тој гној? Дали ако не се направи чистење ќе има некакви последици по организмот и здравјето? Благодарам однапред!
Не знам што е можно или не, можеби комуникацијата што постои (ако постои) е минимална и не се осеќа со сонда, можеби само коската има комуникација, а не и слузокожата. Гнојна колекција во било која шуплина е непожелно да има, мора да се издренира, да излезе на некој начин, во спротивно може да има компликации.
Вчера вадев 7 мица ,почнаа да го сепарираат па се премислија го извадија целосно со клешта и едно како копач (ми се лоши од терминиве ) Сега го гледам како да има внатре нешто и воопшто немам јадено на таа страна а и ова внатре личи на памукче дали е некој лек или како мислам дека стави нешто пред да ми ја стави газата. Треба да го вадам со чечкалица да го оставам ли така... ? Ми даде и клиндамицин бидејки почнат беше процес...
Ако ти ставиле нешто, ќе ти кажеа, оти ако е дрен, требало да одиш денес да ти го извадат. А штом не ти кажале, најверојатно ништо не ставиле. Ако се нафатило бело на површината на раната, остави го, така треба да биде, тоа белото е како лушпа одозгора. Ако го отстраниш има шанси да прокрвариш. Не чепкај и оди утре да те видат.
Ми рекоа дека загризот не ми бил добар, имам прави заби, па претпоставувам дека тоа ми е од 8мицата, ми предложија да ми ја застругаат малце, каде што и јас малце осеќам дека има дел кој ми штрчи ама навикната сум... Друга раб, ми фали доле 6ка, во план сум за имплант, веќе направив 3д ми рекоа може, ама ова со загризот ме зачудеа, ако ставам имплант ќе ми биде ли ок т. е. сигурно на почеток ќе ми биде чудно, ама дали тоа има некаква врска, не знам? Ми предложија на ортодонт да се обратам пред имплант да ставам... На некој слично да не му се случило? Чудно ми е ортодонт а прави заби, што знам
Zdravo, vo ponedelnikot ja slikav gorna 6ka desno, vo sreda ja izvadiv na oralna hirurgija. Zaboy bese skrsen imalo 3 koreni. Sega koga zarasna ranata osekam kako da ima ostanato del od zabot, nesto ostro, sto bi mozelo da e?
Најверојатно е коската што седи мегу корените тоа што го осеќаш а не заб. Ако го чувствуваш како гребе, може да одиш да го стругнат и израмнат за подобро зарасне раната, ама не дека мора.
Дечки, пишете од искуство некој ако знае, од следната недела ќе одам за имплант, ама сеуште се мислам, дали многу боли за 1 имплант? Дали даваат некакви лекови да се пијат, така нешто слушнав, од 3 до 6 месеци ли се болките...? Ако некој ставал имплант, споделете... Не сакам мост да стругам свои заби
Долго време имам проблем со болки во вратот, а од пред неколку години и со десното уво. Посетени многу орл доктори но освен алергиски оток во носна шуплина немало ништо. На преглед слухот одличен ама мене не ми е секогаш така. На допир можам да осетам дека има "жили" што го поврзуваат увото и вратот и ми олеснува после масажа но докторите не се сложуваат дека е поврзано. Воедно вилицата од таа страна ми крцка секогаш кога ќе отворам широко уста и повремено ми се јавува болка во долната вилица од негде 4ката до зглобот (кој е веднаш до увото). Неколку пати исто и ми се појави многу ситно болно топче под долната вилица ама со кратка масажа го снемувало. Десната страна околу образот, вилицата ми е некако потврда, не ми личи на оток туку повеќе како на појака мускулатура ама не сум сигурна. При преглед на невролог ми посочи дека главоболките, вртоглавиците и зуењето во уши се од вратот а вилицата и увото се некој друг проблем. Ќе ја прашам @Annath , секако и друг ако знае дали со преглед и снимка на стоматолог можам да го решам ова или треба да одам на друго место?
Провери го виличниот зглоб, секако и забите на таа страна и горни и долни, се гледа со обична панорама дали има проблем. Може зглобот да е проблематичен па од него да.се појавуваат овие симптоми.
Имам проблем со долната 6ка пред 3-4 дена почна да ме заболува, пред година дена ја правев но од едната страна немам зид скоро целиот е пломба и сигурно затоа и ме боли, физички забот изгледа океј но очигледно не е, закажано за заболекар дури следен четврток, решение што да пијам? И дали ако му се стави колче ќе е подобро или да се умртви