Секако дека имаат ефект заштитните гуми, ама можеби е подобро миофункционален апарат конкретно наменет за проблеми со зглобот, подобар ефект ќе имаш од него. А за забот со процес, побарај второ мислење, по можност од специјалист по ендодонција, дали може да се направи ревизија на полнењето, да се прелекува забот. И тоа ќе чини доста, оти оди на приватно, не е по фондовските цени, ама некогаш се исплати. Сепак со вадењето заб се отвора простор кој на некој начин мора да се затвори после зараснувањето на раната, а и тоа чини.
Како изгледа тој апарат? Не можам ништо да најдам на нет. За другово ми вади стандардни штитници по цена 12 пати пониска од таа на докторот И имаш ли некоја препорака за специјалист по ендодонција? Се малтретирав повеќе од година тогаш, една докторка беше за операција, друг доктор дека нема можност, еден за да се лечи, друг да се вади. Го лечеа, чистеа, менуваа лекови година дена и на крај го затворија. Ама очигледно не го бива, плус потемне некако. Ама ако има шанси да се зачува би се обидела пак.
Др Мартина од етернадент мене ми спаси, ама 3 000 и нешто платив тоа пред неколку години сега ако не поскапеле ама не верувам
Види на линков за апаратот https://www.myoresearch.com/it/appliances/tmj-system/tmj Како протезичка е, силиконска, ама ги држи вилиците во правилна положба и помага во опоравување на зглобот, се носи преку ноќ, и неколку часа преку ден. Ако си од Скопје, имам лично искуство со Томо Каракамчев, ама скап е, прескап за наш стандард. Ама некогаш вреди за парите. Има и други што работат тоа, Дејан Ивановски во Хром некаде, потоа Вега (не знам кој е таму), Етерна Дент, Ендомак...
Мене исто вака ми се случи откако некако ми крцна зглобот на вилицата само од себе. Добив ненормално зуење во ушите, болка при секое минимално движење при јадење, на моменти знаеше да ми се укочи скроз. Бев и на преглед, излезе дека си преувеличувам (иако стварно ми крцкаше и се слушаше звук). Сега ова не ти го препорачувам, но зашто не можев да издржам почнав уште толку да ја крцкам вилицата. И некако ми се намести. Инаку немав толку проблем со вратот колку со ушите, но би требало да има и кај тебе некоја поврзаност.
Кај соборна се наоѓаат ординација Каракамчев и јас сум задоволна од нив... Иначе, не е скапо 4 000 ден ако го спаси забот, пари се враќаат, заб не.
Фала на сите. Овој кај што одев изгледа нема конкуренција во цена. Прескап е ама не сум се мислела зашто важен е секој заб. 4000 е ништо во тоа што наплаќа другиов. @eliesaab и јас пробувам да ја крцкам ама само моментално помага
@Minnie-e заборавив да спомнам дека дури спијам ја стегам вилицата. Имам длабок загриз, па мислам дека и тоа некако плус придонесе за дополнително укочување. Почни со некои масажи на тој дел (врат, уво и вилица) барем два-три месеца. Мислам дека подобро ќе ти биде кога веќе другото не помага. Едит. оттогаш поинтензивно комбинирам масажа на лице + масажа на тело (баш се поминува и делот кај вратот). А и кога можам правам јога на лицето (5 мин се скроз доволни). Ѕирни низ јутуб и пробај некои движења.
Правел ли случајно некој заби во Турција и дали е задоволен? Јас секако навлаки ќе ставам, Германија, ама ми викаат прво мора да се пломбираат тие заби што се за пломбирање, мора? Турција дека нели многу ефтино.
Девојки, умникот доле лево ми е излезен скроз и тоа пред неколку години но еве денес непцето позади забот ми е како отечено и ме наболува. Имала ли некоја ваков случај? Да ми кажете некој спреј за да се смири непцето?
На забар оди, да ти го исчисти и испере убаво џебот. Ниеден спреј нема да помогне, мора под непце да се влезе.
Аа штом е за на стоматолог работата ќе закажам денес. Не сум имала проблем со забен џеб и не помислив на тоа. Фала ти за одговорот.
@Annath @Spidy Едно прашање до вас бидејќи е постручно а доколку некој има искуство нека се надоврзи. На околу 13-14 год правам операција доста сложена, која мн се искомплицира, кршена ми е коската, значи просто кажано во делот измеѓу 6ка и 4ка ми фали коска а петката е извадена. Максимално одржувам хигиена со се можно, бидејќи влегува храна. Моментално побарав совет од доктор ми ја објасни ситуацијата, во фаза на поправање заби сум нели и тековно имам за поправање, максимално е затворена таа "дупка" таму. Прашањето ми е бидејќи постои опција да се стави вештачка коска дали и каков совет би ми дале околу тоа. Не било баш едноставно тоа, тоа знам а немам подетални информации па би сакала да слушнам размислување, совет доколку имате. Фала
Коска може да се стави, ама може и да не фати. Ќе помине време и пак ќе се ресорбира. Дали во твојот случај може да има подобрување треба да се консултираш со хирург, не со општ стоматолог.
Да си се надоврзам. Ми направија снимка. Имаше гној и излезе дека е инфекција од осмицата. Забот воопшто не ме болеше само непцето затоа мислев дека не е ништо страшно. Ми дадоа два антибиотици, антимикроб и ми ставија инекција. Утре доколку не е подобро ќе ми ја вадат осмицата. Е сеа да се спремам психички бидејќи немам вадено заб, болно е? За колку дена поминува болката? За вадење осмица се ставаат и конци?
Зависи колкав е дефектот. Би требало и орален хирург да заврши работа ама ако е целата вилица зафатена а не само гребенот кај што стојат забите, можеби ќе треба и максилофацијален хирург.