Пробуваме да го спасиме бидејки нема ништо поубаво во устата од природен заб, за секој доктор стоматолог најисплатливо би било да го извади забот и да стави коронка на тоа место , мислам најисплатливо финански, исто така забот после полњење доколку е наполнет со квалитетен материјал нема шанси да потемне, и незнам зошто би се искривил освен ако нема соседни заби или антагонисти. А за девојката обавезно да го извести докторот пред да го полни забот да не има некој процес на коренот, и да си направис рентген слика.
Сијалолитијазата и не е така ретка, а најчесто настанува поради таложење на минерали во плунковните жлезди, а потеклото на истите зависи од составот на плунката, храната, водата... има повеќе фактори, но не се знае што точно ја предизвикува појавата на каменчињата. Антибиотик се пие само доколку има воспаление на жлездата, инаку не. Ако болките се неиздржливи, може да се земаат аналгетици - а одличен совет ти дала Битерсвит, би требало да помогне и кај мајка ти. Ако не помогне, може да се кршат каменчињата со ултразвук, а во краен случај се оди и оперативно, иако тоа е многу ретко (јас лично на максилофацијална гледав оперативно вадење на камен од канал на плунковна жлезда, краткотраен и едноставен зафат со локална анестезија и брзо опоравување). Стоматологот ќе проба да го спаси забот затоа што нема ништо подобро од природен заб. Вадењето се применува во екстремни случаи (или кога некој не сака да се мачи да лекува заб, оти сепак се работи за долготрајна процедура). Инаку, ти ставил лек да се прочистат и дезинфицираат каналите, штом ти рекол во вторник дека ќе го полни. Не знам дали ти направил снимка на тој заб, ама штом велиш дека те боли при џвакање, не е лошо да се сними, за да се исклучи постоење на процес на коренот. Дали делот од непцето кој те боли има потемно црвена боја или не? Ако е изразито потемен од другите делови, може да е воспаление (гингивитис). Нека види стоматологот нареден пат дали таму има џеб или не. Повеќе витамин Ц, редовно четкање и користење на конец за заби, може и да користиш течност за уста на база на хлорхексидин како дезинфекција. Досега веќе би требало да помине и крварењето и здрвеноста на местото - пиј аналгетици од типот на аналгин, кафетин (вентор не препорачувам) за да не те боли местото. Ако уште крвари, ако ти се јави оток или имаш болки кои не поминуваат ниту со овие погореспомнати аналгетици, да одиш на стоматолог, односно кај тој што ти го вадеше забот за да направи ревизија на раната ако е потребно.
Сниман ми е забот од предходно мислам дека немаше ништо , ама ако треба пак ке го снимам не е проблем , конкретно на 5-ката не е црвено непцето , а кај двојката малку е потемно од останатиот дел , и м истугаше забен каменец можно е од тоа да се воспалило ?
Можно е од чистењето на забниот камен да се иритирало малку местото, но ке помине за кратко време, може да си земеш гингивал гелче да го масираш , ама и без тоа ке ти помине.
Денеска напипав дупче во забот! Сите заби ми се здрави, немам ниеден расипан, ниту пак пломба... Случајно со јазикот минев и знаете, осетив со јазикот дупче. Како на бонбонче кога ќе се направи дупче од лижење, е и ова така. Минимално е, не ме боли ништо, редовно ги мијам забите, дури некогаш и претерувам со миење. Досега никакви проблеми не сум имала со забите, едино со непцата дека ми крвареа и имав зголемена осетливост еден период, го средив сето тоа со Сенсодин. Значи испаничив, секако ќе одам на стоматолог, ама од кај па сега такво дупче? Што ќе ми прават? Има ли безбојни пломби, или бели барем? Се ужаснувам од помислата да ми се гледа црна пломба во устата.
^^ Има бели пломби Дузи не се секирај,ќе си земеш од тие порцеланските 450 денари што се,подолго траат
Не се секирај и јас исто ќе ти кажам има порцелански пломби и тоа ќе ти направат точна нијанса. Јас имам таква на долната 6ка веќе 5 години може и повеќе и ни малце не е променета, нити паднала нити ништо (пу пу). Инаку јас ја платив 800, може сега ги поевтинеле
Јас сакам да си ги извадам осмиците. Неможам повеќе. Ми ја деформираа цела горна вилица. И така и претходно ми беше тесна вилицата носев како помала мобилна протеза за да ми се уредат некако. Ама сега откако ми излегоа целосно осмициве пак ми ги искривија забите. Двојките ми штркнаа нанапред. Многу ми се забија забите. Можно ли е да ги извадам осмиците, да поминат тие недела дена за опоравување и конци вадење и после пак да ја носам мобилната да ми се подредат забите? Иначе немам проблем од седење цел ден на забарски стол. Стоматолозите може слободно да прават што сакаат се додека мене не ме боли Немам страв. Само сакам да знам дали по вадењето може некако (на пример со мобилна протеза кој сеуште ја имам дома) да ми се подредат забите?
Ќе мора нов апарат да се направи за да ти се исправат забите, старата не ти одговара веќе, уште помалку кога ќе ги извадиш умниците.
Ајде сега јас да си прашам нешто. Порано во 2004 носев фиксна протеза, 5-ката инаку ми е цела нагоре фатена, навнатре... вака отстрана да се насмеам изгледа како празно место, како да нема заб, навнатре е фатен. Ок тоа. Тогаш докторката ми рече као демек ајде да не ја иставаме 5-кава, ке си се наместела. Тикви се намести. Напред си се наместија убаво забите, се' супер. Арно ама после тоа, почна едниот преден заб да ми оди нанапред. И ми пречи бе, сакам назад да си биде, пак некак ми се разместија. Еден стоматолог ми рече дека 5-ката била крива, вршела притисок и затоа се вратил напред едниот. Ми рече ако сме ја изваделе 5-ката, и после тоа носам мобилна (пошо фиксна нема шанси пак да ставам), дека ќе си се наместеле. Друг стоматолог ми рече џабе ќе сме ја иставале 5-ката, после тоа со мобилна немало да ми се врати. Ајде Анат твој совет
Ме боли заб цела недела. Денес отидов на заболекар, ми вика не ти е расипан тој, само ми стави лек. Ама кога се вратив дома ненормално многу ме болеше и се напив аналгин, па престана. Од што може толку да ме боле, што дури и грлото и увото ме болат на таа страна?
Забот тешко дека ќе се намести сам ако е искривен, посебно како во твојот случај. Еве ти совет од паталец - нека ти направат мобилно апаратче по мерка, на 5 нека ти залепат брекет од фиксен апарат и врзувај го со еластичен конец, може да се исправи - кај мене имаше ефект на горната десна тројка која беше буквално хоризонтално поставена (по претходно правена кортикотомија - мене забот ми беше во коска, ми ја сечеа за да излезе). Ми требаше околу една година за да се исправи забот целосно (крај на трета средно забот ми беше хоризонтален, на матурата сосем исправен). Истовремено, мобилната протеза ќе делува на предниот заб. Ама, треба упорност - секогаш кога можеш, да ја носиш мобилната, врзана со конецот, не само за спиење. Специјалист ортодонт ми го изнајде ова решение, затоа што и јас не сакав да носам фиксен апарат од причина што беа многу скапи тогаш, а моите не можеа тогаш да дадат толку пари. Значи, забот може да се исправи штом имаш место, само треба да се изнајде најдоброто решение. Да не ти растат умници? Понекогаш болката може да се рефлектира на целата вилица, па дури и на одреден заб. А може и џеб да имаш, но како ти ставил лек, ако не ти е расипан забот?
Веќе и јас не знам што ме боле. Во вторникот правев заб, ми стави привремена пломба, да ми го заштите живецот. Ми кажа ќе ме боли 2-3 дена најмногу до 7. И мислам дека од тоа ме боле цела таа страна. Сега приметувам дека најмногу ме боле на крајот од вилицата. Инаку ми стави меѓу забите едно како материјалче потопено во некаква течност.
Премногу ме боли целата десна страна, можно е и умник да ми расте. Што да се напијам за да престане да ме боле? Мама ми вика жал ми е да те гледам таква, умирам од болки. Не можам веќе.
Ти ставил дрен најверојатно (тоа меѓу забите), а за болката - е па Вентор. Јас во никој случај не го препорачувам, многу е штетен, ама е доста силен аналгетик. Сепак за еднаш, нема да биде ништо.
Пијам ибупрофен, ама не помага. Кога го допрам местото до седмицата почне да ме боле многу. Не знам дали да се напијам вентор сега пред спиење.
Анат кажи ми нешто ама биди најискрена . Носев фиксни 3 ипол години и сега кога ми ги извадија треба да одам на забар нешто за непцата, да ми ги чистат , така нешто ми кажаа .Затоа што ми се ептен воспалени. Прашањето ми е што поточно ми прават и колку е болна таа постапка? Повеќе второто ме интересира ама искрено кажи ми
Ќе ти ги средат џебовите, обично не е многу болно колку што изгледа, ќе исчистат сè што може да се исчисти, ќе ти стават локално комбинација од антибиотик, кортикостероид и аналгетик, за да ти се смират непцата, а после дома ќе си продолжиш со редовна употреба на медицинска паста против воспаление на непцата, повремено плакнење со 3% хидроген и физиолошки раствор, а може и течност за уста на база на хлорхексидин. Ќе се смират, не се секирај, тоа е реакција на фиксниот апарат и притисокот од него. Три и пол години не се малку.
Девојчиња ќе ве замолам доколку некој има искуство со операција на умник доле кој тргнал хоризонтално , значи се види само врвчето ама изникнал внатре и ги бутка сите заби зашто се залепил за 7 мица и за коска на вилицита.Инаку не ме боли ,немам никакви болки (а Господ го видов додека да избие пред една година беше тоа, некакви џебови му правеа , дренови ,антибиотици триста чуда), а доктрот сега кога ми ги чистеше наслагите кажа дека е пожелно да се извади , иако е здрав и не боли. Сега ја имам здрави заби имам само 1 пломба и тоа минимален почетен кариес не ни почувстував кога ми ја ставаше, практично одам на забар за чистење и прегелд на забите и непцата.Овој кажа по хируршки пат се прави на орална во скопје, малце ме фака страв де , не знам како е? Фала многу! Поздрав