Зависи колкав е дефектот. Би требало и орален хирург да заврши работа ама ако е целата вилица зафатена а не само гребенот кај што стојат забите, можеби ќе треба и максилофацијален хирург.
Дали е болна процедурата за имплант? Зашто се пијат лекови ако не е болна? Сакам да ставам имплант ама ми е страв...
Вчера бев на заболекар и ми ставија лек за умртвување на нерв. Денеска имам огромна болка во забот. Дали е тоа нормално и колку дена би траела болката? Неподнослива е Испив антибиотик но како помина дејство на апчето пак почнаа болките...
Нормално е, ќе престане за ден два. Пиј аналгетици по потреба, а антибиотикот како што ти е препишан.
Дечки имам една мака. Лечам еден заб 6ка ,веќе 4 месеци. Ставај еден лек па друг и така натака. Пред месец дена прогнозата на докторката беше дека треба да се вади ама сепак рече да му дадеме шанса. Му стави лек па меко полнење и рече последно ке го пломбираме. Некни бев ,двата канали се во ред и требаше да се затвори ,ама третиот почна да крвари при чистење и пак ми стави лек кој требало да стои минимум 20 дена и ми рече ова е последна шанса ако не биде сега ке го вадиме. За истиот заб бев кај друг заболекар ( постар ) ја виде снимката и не сакаше ни да збори ,рече има процес ова мора да се вади. Ве молам совет дали да се обидувам сеуште ,веќе изморена сум ,дали заб може да се лечи толку долго у дали би можело да успее? Да напоменам немам болки во забот .
Можно е ама многу тешко. Направи нова снимка и спореди со снимка од периодот кога се појавила инфекцијата. После 4 месеца треба да се гледа подобрување. Ако нема намалување на инфекцијата со лекови, многу тешко дека ќе се среди откако ќе се наполни. Обично на 6-8 недели започнува да се создава нова коска ако е успешно лекувањето и тогаш почнува да се намалува процесот на снимка.
А добар доктор кој работи со фонд и е со нормални цени знаеш ? Закажав кај Луканоски ама не знам како работат ?! Асален стоматолог не најдов во Скопјево. Па и не сум од тука и не ги ни знам . Овој го лечам на Европски Универзитет
Ординација Каракамчев, др Томо Јас немам некоја плата, ама барем за заб не штедам, без навреда ама кај што сум правела преку фонд само ми ги зезнале забите
Со фонд никој нема да ти се нафати да лечи заб со ваква историја. Не можат да наплатат доволно за колку труд треба, а на крај никој не може да ти гарантира дека нема да го извадиш.
Уште едно прашање ,ако во случај се извади , се чека време пред да се стави коронка односно мост ? И ако да ,колку . Фала ви
Па ги стругаат соседните 2 заба, ама ако исполнуваш услови, подобра опција е имплант и онака тука е цената за 3 навлаки и имплант, една навлака е од 200е па нагоре а имплант 600е. во ординација Каракамчев е 200евра безметална и јас сум задоволна, една недела траеше процесот на изработка. А, колку се чека од како ќе се извади заб, јас не знам, мислев за коронките колку се чека, праша...
Девојки имам како оток на горната вилица т.е образот под јаболкото ме боли на допир и кога ќе прицнам 4боли и на загриза 4боли,пломбирани се од што може да е и со што да го намалат отокот бидејќи има пулсирачка болка ...
Според описот, имаш инфекција и забот треба да се лекува. Прво и основно е да одиш на стоматолог да се отвори забот и најверојатно ќе ти дадат и антибиотик. Домашен лек нема за вакви случаи
Секако ќе посетам стоматолог утрово станав и со оток на горната уста однатре е потечена а заб не ме боли а и 4што болеше на загриз не боли сега
Оток со болка во секој случај е инфекција. Дали е забот или непцето, сеедно. Поверојатно ми е дека веќе ти некротизирал нервот па затоа не го осеќаш забот, ама сепак забот е проблемот. Ќе ти направат снимка и ќе се знае за сигурно.
Здраво Сакам да прашам дали фолиите за исправување на заби се покажале како добри и дали знаете која е цената
Знам дека е индивидуално, но, колку време имаше болки после тоа? Некои совети шо можиш да ми споделиш ...