Пиши ми лп ако сакаш број од докторката, не се чека одма закажува , во 8 ми септември чистам јас, 300ден ми зима, задоволна сум, на приватно истото е 1 000
Дали е опасно пигментации на заби, често почна да ми се појавуваат во последно време? Не пијам кафе, вино, чаеви.... Ако е до тоа
Дури сега на 30 години сфаќам дека забите ми се искривиле заради тоа што нема место за осмиците и растат на внатре и ги гугаат сите останати заби. Затоа и ми рекоа на забар дека ќе ги вадиме тие заби ама чудно ми е како ниту еден забар до сега не ми го кажал тоа… Заб вадев. Пампучето уште го чувам еден саат помина. Да сменам ново?
На единицата заб имам процес правен е забот, ама забарот рече не е баш нешто ок направен требало поубаво да се наполни и не знам уште што, вака освен кога ќе го удрам забот со нешто малце ме боли да, претпоставувам тоа е коренот, меѓутоа вака немам друг проблем, забарот не ми рече да се прави забот и тоа ме зачуде? Редовно правам заби, не оставам така, ама ме зачуде малце, вика имаш процес и не ми рече да се прави?
Вторникот извадив заб, ниту анестезија осетив ниту вторник ниту среда ме болеше, ама денес од сабајле ме болеше, сега намали болката па можеби сум спиела подолго на таа страна па затоа ама мене ми е страв да не ми влегло јадење па да може да се воспали од тоа? Или брзо се затвора раната и не може да влезе храна внатре? И сакав да пишам дека овој ми е 4-5-6ти забар тука и прв кој рече дека забите горе доле ми се супер само многу каменец имале. Може е средно ниво на парадонтоза да помине само со добра хигиена и исхрана? Дека додека беа бебиња не знаев каде сум, плус доев, плус исхрана катастрофа па сега да се подобрило се откако почнав да јадам ко човек и редовно употребувам конец за заби и понекогаш средство за плакнење многу ретко.
Види ја дупката дали е полна. Треба да има внатре засирена крв, густо и цврсто, со белузлав слој одозгора. Ако е празна, или само храна има, не е добро. Може и ништо да не е, ама болка после 3от ден може да е алвеолит, инфекција на раната. Не е лошо да одиш на контрола ако можеш, на време да се реагира ако треба. Да не те плашам, може и само лошо да си спиела, ама алвеолит боли многу, повеќе и од инфициран заб, затоа better safe than sorry. Ниеден степен на парадентоза не е добар, ама може да се стабилизира. Во смисла непцата да не се воспалени, забите да не се клатат. Спонтано да се корегира, или да се подобри со хигиена и исхрана, не може. Нова коска не се создава, ама со добра грижа може да се спречи понатамошно оштетување.
Да, баш така е, и мислев тоа белото од горе е храна. Многу малку ме боли. Ако почне повеќе ќе отидам на забар. Фала ти на одговорот. Непцата ми се ок и забите никогаш не ми се клателе ама еден забар рече пародонтоза. Сега сум сигурна дека конечно најдов нормален забар. Понеделник ќе каже детално што како. Ако може уште да прашам дали да ги извадам последните заби горе. Осмици најверојатно. Тука weißheits викаат. Здрави се ама треба на време да се извадат или? Никако не можам да разберам. Не дека не разбирам германски туку не разбирам зошто греба да се извадат тие заби.
Зависи. Не дека постои правило да се вадат осмици, ама повеќето луѓе немаат место за нив. Порано сме имале повеќе заби и поголеми вилици и со времето се намалиле вилиците и бројот на забите. 8ците се следен чекор на тоа, често сега има луѓе кои воопшто ги немаат, а тие што ги имаат најчесто не им требаат. Зборов на германски ваљда е умници, така ги викаме на македонски. Ако лошо се поставени, ако криво изникнале, ако го гризеш образот, или ако не се во контакт со спротивниот заб значи не ги користиш за јадење, ако лош контакт имаат со 7цата па може да ја расипат. Генерално подобро е да се извадат, отколку да се чека да се направи поголем проблем. Ама ако се е во ред, може и да останат.
Јас имам една 8мица ми порасна кога извадив 7мица и ја имам преку 12 години, никој не ми рекол да ја вадам, наместо 7 мица ми е израсната чудна форма е малце ама не ми пречи баш напротив супер ми дојде како замена за 7мица заб, јас не би ја вадела
Па затоа не ти рекле да ја вадиш, сепак имаш 7 заби на таа страна, а не 8 па да ти биде вишак умникот. И јас ја имам истата ситуација. Една 8ца на место на 7ца, другите 3 ми се хуруршки извадени заради немање место.
На горната вилица имам многу малку место и пред да ставам фиксна протеза во средно ми извадија лево и десно по еден здрав заб. И сега фактички јас сфаќам дека забите пак ми се искривиле заради осмиците што нема место и ги гураат сите заби навнатре ама ме чуди што тоа не ми го кажал ниту еден забар до сега туку сега на 30 години во една многу позната клиника тука и рекоа најпрво мора да се извадат тие заби. Ама ок значи во право се дека треба да се извадат умниците. Фала ти. Јас немав слушнато до сега па затоа си реков од каде им текна сега нешто баш за тие заби.
Ако плус си вадела заби за протеза, ептен мала вилица имаш. Ќе претоставам дека протеза си носела во периодот 13-16 год, умниците најчесто се вадат околу 18 год. Може тоа да е причината зошто тогаш не ти рекле да се извадат, ама 99% од децата што вадат 4ки за протеза, потоа имаат потреба од вадење и на умници. Јас носев протеза на околу 14 год без вадење заби, па вадев умници на 18год и носев протеза пак зошто немав ретејнери и пак ми се искривија забите на неникнати умници зошто буткаат внатре и пред да се појават во уста.
Да, конечно се ми е јасно. Протеза носев од 16 до 20 години ама се сеќавам дека на 20 сеуште немав умници, на факултет ми излегоа. Е зошто 4 години протеза и јас сега не знам кога обично година година и пол се носи. Не знам дали може да се осети гурањето од осмиците ама можеби затоа цело време ги чувствувам горните непца и имам некој потреба да ги притискам забите. Цело време ми се се покриви. Да сум знаела на време немало да се искриват може до толку.
Зависи од аномалијата. Просек е година ипол до 2, ама не е толку невообичаено да биде и повеќе. Особено над 18 год кога забите веќе потешко се движат.
Здраво девојки. Вчера ми ставија пломба на четворката, и го чистеа (вајда така се вика) бидејќи имало црна дамка. Се беше во ред, меѓутоа денес додека јадев имав некое непријатно чувство на забот како минимална болка и го осеќам малку чудно, ама не е некоја неподнослива и константна болка. Дали е нормално ова после пломба или да се обратам кај стоматологот?
Zdravo koga ostanav bremena pocnaa da mi se krsat zabite do sega imam 3 skrseni plombirani zabi dali e toa posledica od bremenosta ili nekoj drug problem
Здраво дали има некој упатен да ми каже. Забот ми беше пломбиран, па ја сменив пломбата пошто не ми ја работеше матичниот па демек требало и ајде. Е сега имам болка при џвакање? Од што може да е, уште додека го пломбираше ме заболе кога допре негде со инструментчето. Иначе не ме болеше забот му правев и снимка пред 1 месец во ред беше, само чудноно осеќав тука на тие два заби 6ка и 5ка двата пломбирани беа, на 5ката ја сменив пломбата и немам мака. А на овој зошто вака. Денес бев иначе така да одма е ова болкава дали до понеделник може нешто да се искомплицира пошто тогаш ќе одам пак да види што е работата.