Докторката ми го препорача бидејќи 11-ката многу ме боли, а здрав заб е. Моментално ја кратиме долната единица бидејќи ми се подудараат и страшен бол трпам. Ми кажа кога ќе те заболи со течен флуор само тој заб однатре и однадвор ќе го премачкаш. Бидејќи дома немам апликаторче како за Клумски и Бонд, па ми рече со стапче за уши.
Веќе ти пишала Anath, не е тој за сама да си аплицираш. Затоа и не може да го најдеш во слободна продажба, мислам дека само преку веледрогерија на ординации продаваат.
За гингвитис има ли решение? Ставам гингивал гел ама не гледам нешто баш разлика....? Чистам забен камен 2 пати годишно, одржувам хигиена, друго што? П. С. Од хормонален дисбаланс дали може да се појави гингвитис? Или не е поврзано?
Треба да вадам 3 заби на долната вилица. 5 и 6 на едната и 6 на другата страна. Прашањето ми е што е подобро да ставам дали мостови само за тие заби или целосно за долната вилица, навлаки ? Другите заби се во добра состојба сега за сега. Мене некако повеќе ми оди паметот за цела вилица, ама потоа ми е страв дека многу ќе двои од горната. А горната вилица не ми е во план да ја правам во скоро време.
Зависи од целокупната ситуација. Ако соседните заби се сосема здрави, и имаш добар загриз, можеш да ставиш мостови само за забите што фалат. Ако има рецесии, абрадирани заби, лоша положба на преостанатите заби, можеби е потребно повеќе заби да се покријат, дури и целата вилица. Нема правило по книга за ова, мора индивидуално за тебе лично да ти кажат што е најдобро. Ако правиме теоретски муабет што е најдобро, идеално е импланти да ставиш и другите заби ич да не се пипаат.
Ти благодарам. Не се идеални и преостанатите заби. И загризот воопшто не е добар. Да најверојатно импланти би било идеално, но финансиски ми е многу, плус и целиот процес е многу подлог со имплантите, а немањето заби ми влијае многу психички. Мојот стоматолог е да се покријат сите заби, како би де заштитиле и останатите кои сега за сега се добри.
Здраво, може да ми кажете каде во Аеродром можам на приватно да направам панорама, освен кај др. Нина?
Дали осмиците можат да направат болка во уво? Пред 1 месец бев на стоматолог, немав расипан заб, се беше ок, за толку кратко време може да се зафркне нешто?
Речиси 3 години носам навлаки на забите, од денес имам болка, и поим немам дали е од жлебина или заб. Пред да ги ставам убаво беа направени, исчистени, средени. Не разбирам од што може да биде болката.
Здраво, имам проблем со забен камен, тврдокорен. Ретко чистам, 1 годишно бидејки за мене тоа е многу болен процес. Анестезија не помага, не знам зошто. Да напоменам и дека страв од стоматолог имам преееемногу. Денес имам термон за чистење забен камен, и воопшто не сум спремна ни физичкки ни психички. Имам премногу воспалени непца, со ништо не се смириваат па заради тоа и многу боли кога се чисти забниот камен. Не знам со што да си помогнам за барем малку да си олеснам. Благодарана сум за било каков совет