Најпрво фала ти од срце на прашањето. Со 4 анестезии, добро поминав. Сеуште не можам ни да зборувам ни да јадам а поминаа 4 часа ама ќе помине. Си добив антибиотик што морам да го пијам за да се намали воспалението на непцата...
Не ми е стравот од небо паднат, си имам проблем со непцата. Со 4 анестезии и непрекинато крварење едвај ми го исчистија за 45 мин
Здраво, ако има некок стручен или со сличен проблем тука да ми одговори. Имам закажано за наредна недела преглед ама ако имс нешто викендов да му редам. Забележав дека син ми има здебелено горно непце. Ова подолго трае ,да не видев на нет немаше ни да знам дека можеби му е воспалено. Пишува од лоша орална хигиена а ги миеме забите сабајле и навечер. Едит: 5 години има.
На сликава не изгледа како да има било каков проблем. Таква му е градбата на меките ткива. Да е од хигиена ќе биде жар црвено и ќе крвари на допир, при четкање.
Па ако ги чистиш еднаш годишно, нормално дека ќе имаш проблем со непцата. Не одиш од страв и затоа ти е тешко чистењето. Во твојот случај, на три месеци би ги чистела. Јас никогаш не сум ставала анестезија за чистење забен камен кај пациенти, нема логика да му направам нефункционална усна шуплина на човек за да извршам релативно безболна интервенција. Ако сакаш да ги сочуваш забите, мора да го победиш стравот. Нема друго.
Леле добро. Фала на советот, проблемот со непцата не ми е од забниот камен за да биде логично ако одам 1 годишно да чистам да имам проблематични непца. Овој пат се случи така да немам одено скоро 1 година, немав многу и си одложував Бев, исчистив, темата затворена.
Јас имав порано слична ко оваа. Еве ќе прикачам слика. Неотпакована е, старата поима неам каде ми е. Едно време пред некои си 5-6 години ги имаше на акција, двете заедно се продаваа и мене матичната забарка ми кажа да си ја купам. Нема збор како ги чисти забите, скроз мазни ми беа ко ќе поминев со јазик. Едино нешто што ме нервираше кај четкава е што многу брзо рикнуваше и требаше наново да се полни, па така ја забаталив и се вратив на обична
Да, јас, топ е пошто има 3 брзини, лошо е со една, јас на најниската ги мијам и задоволна сум, инаку во нептун имаш ваква и плус црна за пониска цена две.. Ако те интересира уште нешто пиши, јас ја користам два пати неделно искрено малце ми е страв со електричните да не се многу јаки за често Инаку, еднаш ја пунам четката и месец ми тера, пишува made in hungary, ми делува квалитетна јас околу година ипол ја користам и можам да кажам дека сум од 1 до 10, 10 задоволна
И јас се чудам како некои луѓе имаат страв од забар а немаат страв од тоа да ги изгубат забите, јас ако не исчистам на секој 4 или најкасно 5ти месец, непцата ми се црвени, не па една година.
Гингивал гел мене ми помага во последно време а евтин е, три пати на ден ставам на непцата по малце а паста било која користам
Па има околу 600 денари се, се докупува горниот дел, јас земав мека, со четкава иде средна мислам и таа е ок, ама мене ми е боље со меката Сам регулира како сакаш , споро, средно и брзо, најдобра е првата, а другите електрични четки имаат само една брзина најчесто брза, а мислам доста е јако тоа за забите, јас од кога ја купив само со првата брзина четкам и стварно многу убаво чисти, каменец поспоро ми се појавува Јас додатокот меката ја земав од нептун околу 600 денари, еве Spoiler А, четката ја купив со средна (ваљда така ја продаваат) искрено мене ми беше малце тврда затоа ја сменив, не се сеќавам како беше ама ако можеш да бираш оваа како првите слики ти е најдобра ако сакаш мека со плаво, зелената е малце тврда, еве Spoiler
Може ли да ми го сликаш тоа за полнење? Ја ставам, ама не сака да полни А во упатството не можам баш да се снајдам. Не знам каде грешам
Само се става, нема кај да гледаш дали се полни или не, нека постои така некој саат два и доволно е, битно ти работи од како ќе ја тргнеш од полнач така?