По втор пат ми отекува непцето позади 8мицата. Првиот пат дури го нагризував со забот, сега не ама ме боли кога ќе го допрам со јазик и мислам дека има гној, има мала бела точка на непцето. Не сум во Мк моментално за да идам на стоматолог. Дали кога има гној мора да се пие антибиотик или може да се среди само од себе? Носам со мене co-almacin за сваки случај па не знам дали да пијам од него. Серапептазе се напив сабајле, ако не се лажам може за секаков вид воспаление. @Spidy @Annath девојки мислам дека вие можете да ми помогнете.
Преглед треба, зависи колкав е отокот и зошто настанал. Ако е само непцето односно од џеб што се формирал позади забот, со чистење и дрен може да се среди, најчесто, но ако продолжи да се зголемува отокот ќе треба антибиотик. Ако е од расипан заб, тогаш мора антибиотик.
Сакам да прашам за протеза за деца, да ми кажете ако знаете која е цената , на приватно или на државно иде? Сакам да споредам цени, на да сепак знам дека треба на контроли да се оди често, еднаш во месецот мислам и нема да се исплати и да е поефтино во Мк, јас живеам во Грција и тука горна и долна протеза коштаат од 2000-3000 евра. Навистина е претерано многу, е сега на рати се даваат значи секој месец кога го водиш на контрола детето плаќаш по 100-200 евра не знам како иде тоа, ама сепак...... Ај пишете искуства ако знаете ве молам. Син ми горните предните заби му се малку понапред и забниот протетичар рече можно е протеза да треба да носи ама тоа беше оддамна кога го носев и сега како расти гледам така малку кецот и двојката како еден врз друг да се , така да сигурно ќе треба протеза за да се исправат 12 години е детето. Нели викаат колку помал толку побргу ќе се исправат. Ако може и @Annath како стручна да ми предложи што да правиме Благодарам однапред
Мобилни протези идат преку фонд, фиксни апарати приватно. Цената е различна кај сите, некои се со вклучени контроли, некои без. Треба да се распрашате во пограничните градови, поблизу ви е тоа, отколку да доаѓате во Скопје на клиника на пример, оти не е клиника толку поевтина од приватните ординации. Не знам каква е ситуацијата кај детето и што конкретно би била терапијата, ама кај нас терапија со фиксни оди од 800 до 1500 евра за двете вилици, зависи кај кого ќе одите. Барем така беше последно кога работев во ординација, сега не знам точно.
@Annath на брат ми му вадеа 4ки што му беа млечни, не испаднаа и после многу години, 31е не ги смени. Не правеа проблем до сега, ама еден се расипа и по многу поправање докторката реши да го вади секако треба место за да му се исправат и другите заби. Многу тешко го извадила многу биле сраснати корените со коската, еден дел од коренот останал во коската, мене ова ми е сомнително нели може да се направи инфекција и проблем ако забот бил расипан? Рекла дека ќе го исфрли вилицата со тек на време, ама пак не знам дали е ок вака или да оди кај хирург да го средат?
Не мора да значи дека ќе се инфицира ако остане во коската. Ништо чудно да имало хиперцементоза, иако е млечен заб. Нека направи консултација со хирург да види дали да го извади, секако никој не може да предвиди дали коската ќе го исфрли делот или не.
На два заба имам по една точка. Забарот вика не е кариес, туку офарбано од кафе на пример. Кој е најдобриот начин да ги тргнам? Професионално чистење на заби правев.
Ако е дамка од храна, треба да може да се исчисти со ултразвук и полирање. Освен ако немаш некој дефект во глеѓта, технички не е кариес ама не може да се исчисти без да се стругне.
Не знам дали професионално чистење и забен камен е исто или слично ама при професионалното чистење ми чистеа забен камен. Фактички може да ми го стругнат и да стават пломба? Забарот ме праша да не пијам премногу кафе и да не пушам цигари, кажав дека не пушам, а кафе два пати на ден пијам. И рече дека тие две дамки воопшто не се ни гледаат. Ако правам белење на забите ќе ги снема? На интернет пишува со пециво и натрон можело да се тргнат,
Не можам ништо дефинитивно да ти кажам, може да е едноставно и да се исчисти со полир трака, а може и самата структура на забот да е попорозна и бојата да е навлезена во забот, па единствен начин да се отстрани е да се иструга и да се стави пломба (што не ти препорачувам ако забот е здрав). Со белеење ќе добиеш посветла нијанса секаде, значи пак ќе има разлика од твојот заб и дамката. Ќе обелат и двете, ама пак дамката ќе биде потемна, нема да се изедначат боите.
Ставам мост, доле лево прикачен на петка и осмица. Двата заба ми ги истругаа некаде јули месец, со направена панорама дека се здрави. Кога привремено ми го ставија мостот имав болка на непцето,а исто имаше и болка кога ќе притиснев со храна на забите, дури и со помека храна имаше болка. Е сега тоа со непцето го решивме со стругнување на мостот, но болката во забите ми е се посилна, уште не ми е залепен со траен лепак и кога не го носам мостот ме болат забите а предходно ме болеа само кога ке ми го ставеа и кога џвакав на него, сега дури и жлезда ми се воспали под вилица. @Annath @Spidy ве молам за совет во што може да е проблемот, само да напоменам во меѓувреме направена уште една панорма која е добра.
Имав гранулом на еден заб, докторката го исчисти каналот, ми стави лек и кажа ако нема болка ќе го затвори трајно. Е сега не ми кажа што да правам ако има болка а почна да ме боли а утре викенд и не работат. Не знам што да правам, дали може да седи така викендов? Секако ќе одам во понеделник
Да се извади мостот и да се тестираат забите за виталитет, можеби некој ќе треба да се лекува. Секако постои можност и нешто да не е добро и со самиот мост како лежи на забите. Во секој случај да не се цементира трајно додека не се решат сите проблеми.
На панорамата изгледаат здраво и на надворешен изглед се океу, не покажува некаде да има кариес, има ли друг начин да се види од каде е болката? И кога не го носам мостот почнаа да ме болат, речиси секој ден пијам кетопрофен за болка. Фала ти многу на одвоеното време.
Не мора да значи дека кариес, може нервот е воспален заради препарацијата за мостот. Се случува тоа понекогаш, затоа се става привремено мостот прво, ако се случи тоа да може да се извади и да се лекува забот пред да се стави мостот трајно.
Zdravo. imam problem so eden zab, korenoviot kanal bese tretirano 2 pati no jas seuste imam bolki so meseci, osobeno koga jadam. tvrda hrana nema sansi da jadam so toj zab. Upat za entodont vo drzavna ne znam dali ke mi dade posto toj misli deka zabot treba da se izvadi. Dali znaete kolku kosta tretman na korenoviot kanal kaj Karakmchev? Citav pozitivni iskustva za tamu