Треба да се здрави, ама тоа не значи да немаш ништо од наведеното. Еден заб може да биде здрав т.е. да нема кариес а да има пломба. Може да е лекуван ама функционален. Може и на порцелански заб да се стави протеза, само послабо држи лепакот на порцелан и плус се губи сјајот на коронката кај што е залепен брекетот (ќе треба да се смени кога ќе се извадат протезите), и мора да е единечна коронка, а не мост. Не може да се стават на скршени и расипани заби, но ако се се поправи после тоа може.
Покана има син ми да оди на залевање на заби. Шестките не му се излезени уште. Дали само тие се залеваат? Има 7 години
На 7 години бесплатно се залеваат 6ки и на 14 год се залеваат 7ци. Ако не се никнати нема потреба да одите. Кога ќе искочат, тогаш ќе го однесеш. Инаку може да се залеваат и млечни бочни заби, но тоа се наплаќа и кај матичен стоматолог.
Добро бе, да прашам нешто пошо незнам во која тема да го ставам. Дали може од паста за заби, да се тргне каменот од забите? Пред 2 3 недели почнав со една паста за заби, и после неколку дена ми падна каменот од едниот заб. Сега ми падна камен од другиот заб. Страв ми е да не почнат и забите да ми се ронат, да ми паѓаат. Кажете ми совет, дали да ја сменам пастата? Дали е ова нормално?
Оваа. Али страв ми е пошо имам заб шо треба да ми падне кај и да е, и ова може да ми го забрза процесот
Ти благодарам најмногу Од каде ја наоѓаш? Се надевам само дека не е пола богатство Пиши и на твојата докторка на Вибер или од тука некоја ако знае да ти одговори.
Јас да се надоврзам. Овој вид не знам баш дали го има во Македонија. Инаку пародонтакс имаш други видови, во сите поснабдени маркети и аптеки. Како што се качија цените зависи од каде ќе ја земеш ама до 300 ден се движи. Јас често земам во зегин 1+1 гратис за 450 ден. Јас со години ја користам parodontax ultra clean и ти ја препорачувам, одлична е
Ти благодарам најмногу за информацииве. Јас мака мачам со забен камен, редовно одам на чистење ама постојано за многу брзо време пак се прави, тоа е ми рекоа Баш ќе ја побарам таа, благодарам уште еднаш
И јас чистам редовно камен. Види може и од водата да е. Ама обично ако се многу збиени забите барем кај мене е така и се собира храна тука и тешко со четка да се среди. Ама јас користам и конец за заби и оваа паста по препорака на мојата матична и многу голем напредок има.
Ја имам истава од сликата против крварење, но во поинакво пакување. Ама не сум 100% сигурна дали од мк е купена.
Па тие сите видови уствари се за да не крварат непцата. Против пародонтоза се да спречат и самото име на пастата е изведено така. Само ваква туба како на сликата не сум видела овде, може и донеле не знам
Обиди се и со интердентална четкичка, од најмалите, зашто забите ти се збиени. Многу подобро чисти од конец. Јас ги користам и двете. Стави ја во паста пред да го поминеш делот меѓу забите.
Секако помагаат и при џебови. Во принцип, со четкањето на забите се чисти само третина од устата. Конецот е премногу тенок за сѐ да исчисти, нема доволно сила сѐ да турне меѓу забите. Јас сум голем приклоник кон чистење со конец, ама на сугестија на мојот стоматолог користам и интердентални четки. Потоа читав американски стоматолози кои инсистираа на тоа дека интерденталните четки се всушност најефикасни, поефикасни и од конецот. Инаку, во ДМ имаш пакување на конец со дршка, чиј друг крај е и интердентална четка и ми се многу практични. Дополнително, ако имаш мал простор меѓу забите, ти препорачувам и онаков уред за чистење забен камен, во домашни услови. Сум гледал и во ЗЕГИН. Не знам колку чинат. Можеби е добро долгорочно ако навистина многу брзо ти се создава каменот. Распрашај се кај стоматолог, ова е само сугестија.
Купував и од Стокомак, ако мислиш на забен конец со дршка, сега веќе ги нема, неколку месеци веќе. Проверував во повеќе продавници, пакувањето беше поголемо од она од ДМ. Да, ги смирува и непцата, јас така почнав да користам конец. Ако некој знае друго место каде се продаваат овие конци со дршка освен ДМ би сакал да знам.