Од паста не паѓа забен камен, а ни заби не се секирај Моја претпоставка дека ти помогнала пастата со воспалението на непцата па дека се помалку осетливи поубаво четкаш и затоа паднало некој дел од каменот. Инаку да се исчисти забен камен само на стоматолог со ултразвук, друг начин нема. Пастата иначе е супер, да продолжиш да си ја користиш слободно. Интердентални четки се добри при повлечени непца и џебови, а за јаки контакти меѓу забите само конец. Не е едното подобро од другото, во различни ситуации се користат. Најдобро е waterpik, ваљда на тоа мислиш, ама и тоа не чисти забен камен. Може значително да намали создавање, ама ако веќе имаш нема да се тргне со ништо во домашни услови. Затоа без разлика колку забен камен има некој, треба минимум еднаш годишно да го чисти професионално. Ако има многу, може и 2-3 пати годишно.
Ова значи за многу збиени заби дека е конецот? Мене два заба доле ми се многу збиени и на едниот ми се собира забен камен а и непцето малку ми е повлечено на тој заб. Освен со конец можам да го чистам со интердентална?
Конец за коронките каде се допираат забите, а интерденталната четка за кај непцето и надолу према коренот на забот, каде што има повеќе простор меѓу забите. Зависи колку е повлечено непцето и дали имаш џеб, може и да не мора да користиш интердентална четка, ама на збиени заби конец мора.
Година дена кај што едниот заб сам ми се изрона (после бременоста се случи постепено) еден дел ми остана од забот па можно е да се стави коронка,направив снимка убава беше... Но прашањето ми е од првиот пат кога забот ми го исчистија ми стави лек па после тоа почна да собира гној...еве веќе 4 пат до сега истото се случува и веќе ми се смачи сето тоа чепкање на секое... Ме интересира дали е нормално да собира гној на секое и зошто кога на снимката ништо не се покажа
Може да имало инфекција која сеуште не стигнала до коската, па кога го затвориле со лек се проширила. А може и да не го дезинфицирале забот добро првиот пат кога го исчистиле. Ако гнои треба да пиеш антибиотик паралелно со ставањето на лекот во забот, и ако се повтори после тоа (а ако со сигурност е се добро исчистено), тогаш забот е за вадење.
Некоја ефикасна маст против болка, ме боли цела лева рака особено од надлактица, од горе до долу до зглобот преку брахиалисот исто и подлактицата и средишниот дел на раката. Не ме боли многу ама осеќам болка посебно кога ја виткам. Дали Algasan Akut genu е ефикасна маст?
Зашто во последно време ми се создаваат пигментации, на горните заби од внатрешноста скоро три или четири заба не знам како ми кажа забарот имам пигментации, нели е тоа многу?
Земи си waterpik од aliexoress мене само тоа ме спаси убаво да ми ги исчисти забите и да ми се успори забен каменец исто се создава ако не пиеш доволно вода и тоа влијае, пак ќе кажам и тие што немаат проблеми, мене waterpik ми ги спаси забите и со четка и со конец, со ова на крај кога ќе поминам се излегува од забите колку и да се збиени еден до друг а не беше скапо некои 200, 300 ден има
Здраво Сакам да прашам, зашто забарот на заб кој има процес ми рече сега за сега нема потреба да се прави нешто? Идам редовно на забар, ама малце ме зачуде, иначе забот е правен немам болки ама од снимката ми рече има процес, е па ако има зашто да не се поправи зашто се чека не ми е јасно?
Дефинитивно ординација Каракамчев кај соборен храм во Скопје (немаш напишано град каде бараш) др Андреј, бесплатен е прегледот.
Па ја не сум баш задоволна, ми рече за еден заб дека имам кариес, среќа немав време тогаш да ми го отвара и поправа а и далеку ми беше малце локацијата , па случајно другарка ми кажа за др Андреј, отидов, ми рече пигментација е, ми исчисти со ултразвук (или како и да се вика) ни заб ми отвараше ни ништо и сега одам кај нив, задоволна сум многу др Нина ќе ми отвараше заб поради пигментација Овие се доста стручни и пазат со заби а не само отвори заб и прави, сепак како сакаш, со среќа при изборот
Препорака за добра стоматолошка ординација за некој кој има страв од стоматолог, околина Карпош, Центар?
Приватен да, не работи со фондот и не треба на тоа знаење и учење. Преглед бесплатен Пломба од 1500 и 2 000 ден
Ајде да си ја напишам маката, може ќе ми помогнете. Пред 7/8 месеци, ми се јави болка во заб.(горна десна 6ка). Докторот го отвори забот, го исчисти, и пломбира. За жал, и после пломбирање, пак ме болеше. Почекав 3 дена, со надеж да "легне" пломбата, ама ништо. Се вратив кај докторот, ја извади пломбата и ми стави лек (нешто како паста беше знам). Тој лек го носев 15дена, и потоа пак се пломбираше забот, ама пак боли. Пак се извади пломбата, и стави нов лек, кој, исто така не помага. И сега си имам лек во устата, ама не јадам на таа страна. Докторот вика забот е здрав и нема потреба да се умртви. Имате ли некоја претстава за ситуацијава?