Angel-G, како прво, нема зошто да се плашиш. Се работи за рутински зафат кој мора да го изведе специјалист по орална хирургија. Се работи со локална анестезија, прво се засекува непцето, па се отстранува коската доколку има потреба (а има во твојот случај), па се вади забот. Не би требало да има компликации, ама зависи од тоа колку длабоко е поставен забот. Во секој случај, не е страшно. Ќе ти објаснат таму убаво за се. Само препорачливо е да го извадиш побрзо да не ти направи проблем со 7.
лелеее еве како година ме боли десната страна има два заба што се последни и мегу нив ме боли...и двата се по 2 или 3 пати чистени и пломбирани ама еве пак ме заболе денес,ех има време кога ке запре и потоа по некое време пак почнува да ме боли поима си немам ни јас ни заболекарите што ке е ова...а ми вика да не е умник па за тоа да ме боли...ама вака ли боли? веке 1 година и нешто стварно ми доајга да го извадам забот
Пред малку осетив некоја болка во долната вилица од десно, не е болка од заб, а како да ме стега образот и тој дел кога пробувам да ја мрднам лево десно вилицата или да отворам силно уста. Си реков да не ми е некој умник, бидејки знам дека не ми се сите израснати, а од друга страна да не е нешто со увото десно поврзано, тоа ми е за чистење, ама па немам никакви болки во тој дел или оток...?
Ми ја снимаа долната вилица, ништо, тотално ништо нема што би можело да предизвика болка, а мене упорно многу ме боле целата таа страна. Да е увото, не е. Пијам антибиотик, да не е некоја инфекција. Чудно ми е.
Пред месец дена (може има и 2 месеци поминато) поправав заби и сега еден од тие кои ми се поправани пред 2 дена почна да ми создава некоја болка (издржлива е ама пак е болка) и ми реагираше на ладно т.е. на јадење марула . Не ми е добро поправен или што е работава? Чаре што да му правам? Во јуни заболекарот ми е отсутен Едит: Не појаснив добро. 4-ка и 5-ка ми беа расипани еден до друг и двата заба ми ги правеше заболекарот, е сега незнам кој ме боли некако како измеѓу да е (всушност тие беа расипани кај што се споени, се расипале еден од друг).
Да не си го исчашила нешто зглобот при џвакање? Или пак во спиење, да не ги стегаш забите, може и од тоа да е. А можно е да е од самиот зглоб, а таа болка често се рефлектира на образот, вилиците, забите, понекогаш и увото. Земи пиј б-комплекс, магнезиум и помалку нервирај се. Не би требало да пиеш антибиотик без јака причина, односно без постоечка инфекција. Бидејќи се работи за пломби едно до друго на два различни заби, треба да се провери дали е добро рабното затворање на пломбите во долниот дел, да нема неправилни и рапави рабови и заостатоци од пломбата. Може да не е добро затворена едната пломба во долниот дел (посебно ако се поправани во иста сеанса), или пак има некој раб што пречи на непцето, па тоа реагира на тој начин. Една снимка ќе покаже какви се пломбите и дали има потреба од досредување, или пак дали се работи за џеб.
Еве овие 2 дена откако ги пијам апчињата дека не ме боле или ме боле, ама ептен малку и одма помине. Веројатно е била некоја инфекција, утре пак ќе одам на контрола да видам што ќе ми каже докторот.
девојки дали може некоја да ми помогне значи редовно се мијам заби но сепак ми се жолти сакав да пробам со сода бикер бона но слушнав дека ќе ми се изронеле забите дали можете некако да ми помогнете??
а може неколку информации за забен камен? го имам на 7мица горе и доле, ама гледам почнал да се шири.
Пробај ја пастата за заби LACALUT WHITE Моја другарка ја користеше и вели дека многу и помогнала (забите и станале побели и разлика видела по еден месец од прилика) а јас лично ја имам користено ЛАКАЛУТ за осетливи непца и сум многу задоволна. Доста луѓе се задоволни од оваа паста за заби, па не знам пробај можеби и ти ќе бидеш пријатно изненадена Иначе пастата ја има во сите поголеми маркети и аптеки и во Тинекс на пример е 140ден. Не е евтина ама вреди за парите
Ќе одиш на белењена забите кај стоматологот , два пати ке ти ги избели и нема да имаш никаков проблем не е многу скапо и резултатот се познава веднаш
Немам расипани заби ,но ме болат сите забите ,не знам од што може да биде ,не можам ни да јадам ни да пијам ,некој совет
До сега 2-3 пати ми се случи да плукнам онакво мало парченце заостаната храна кое верувам оние кои исплукале знаат колку ужасно мириса. Ме интересира каде се задржуваат и дали е тоа нормална појава кај сите? Дали тоа автоматски значи дека и здивот ми е лош? Сама не сум приметила дека имам лош здив, нити до сега некој ми спомнал, а и да е така верувам дека на повеќето им е непријатно да ми кажат. Треба ли да преземам нешто за воопшто да не ми се задржува така храна? Прво на памет ми паѓа гаргара бидејќи осеќам дека негде од кај грлото ми доаѓаат... Се надевам ќе ми пише некој со слично искуство.
Мој совет е почесто да ги чистиш со забен конец. И мене некогаш ми се случува тоа па откако почнав да ги чистам со конецот 2 пати до 3 пати дневно веќе не ми излегуваат такви мали парченца храна. ПО обичај тие заостануваат помеѓу некој поширок отвор меѓу заби и да,тоа е нормална појава кај сите. Не се грижи пробај почесто да ги чистиш со забен конец и се ќе биде во ред.Се надевам дека ти помогнав малку
Дали е во ред да после секое четкање на забите ја плкнам устата со 3% хидроген? Да не е премногу или пречесто? Имам проблеми со недоизраснати умници па понекогаш имам лош здив веднаш по четкањето.
^^Слободно, само не го голтај. После тоа можеш и со обична вода да ја исплакнеш устата, вкусот на хидрогенот не е баш пријатен Ако ти се забите природно жолти, ништо освен професионално белење не може да помогне, евентуално некоја паста за заби. Ама професионалното белење колку е корисно, толку е и штетно, поточно забите стануваат поприемчиви за пигменти, и полесно се обојуваат. Тоа би можело да се спречи со користење на посебни средства за зацврстување на структурата на забите после белењето. Забниот камен се калцифицирани наслаги од храна на забите, кои прво биле меки, но со тек на време се стврднуваат (калцифицираат). За да се спречи настанувањето, се препорачува редовно четкање на забите после секој оброк, ама некои луѓе се едноставно склони кон создавање на забен камен (зависи од оралната флора, составот на плунката и составот на забните наслаги). Се чисти со ултразвук на стоматолог, безболно е, и препорачливо е да се отстранува два пати годишно. Болката е релативна работа - не си кажала каква е, остра, тапа, силна, слаба, досадна, те клука, те притиска... има многу начини да се опише болката. Можеби ти е на нервна база, ако си под некој поизразен стрес деновиве. Парченца храна во устата може да заостануваат меѓу забите, но и во крајниците, па понекогаш да дојдат напред во усната шуплина. Добар совет е да ги чистиш забите со конец, меѓутоа, можеш и после јадење да правиш гаргара со солена вода или со хидроген, за да го спречиш задржувањето на храната во крајниците (а тоа кај сите се случува, без гајле).
Сестра ми има проблеми со непцата, често и крварат, и посинуваат и понекогаш ја болат. Користи Paradontax паста. Дали оваа е добра или да проба со некоја друга, или има некое друго решение? Поздрав
Може да ја смени пастата, еве нека проба со Лакалут против крварење на непцата. Нека земе и течност за плакнење на устата, често нека лиже витамин Ц. Не е лошо да се направи една убава снимка на местата каде што и' помодрува непцето, да се види да не има процеси во коската.