Немам снимка. Нема потреба вика. Здрав бил забот. Боли само на притисок. Дури и средина од леб, ја осеќам одма. Е лекот како се вика не знам. Знам дека замеша 2 прашкасти материи, и доби нова смеса како жива гума.
Или е воспален нервот, што може да се смири со тек на време или да некротизира, или ти е висока пломбата. Бидејќи повеќе пати е правен и продолжува да боли, најверојаѕно е првото. Ако болката не се смири за неколку недели ќе треба забот да се лекува. Со тест за виталитет може да се следи дали се подобрува или влошува.
@Spidy извини вака, ама немам кој да прашам, само мислење, правев снимкс на сите заби, забарот ми рече на овој заб има процес ама сега нема да се лечи, немам болки ништо од тој заб, ама ме зачуде, ако има процес како да не се лечи?
Ако е веќе лечен еднаш и наполнет лошо, ако има колче, ако не знае што материјал е ставен, а забот нема никакви симптоми и процесот е мал, тогаш за сега ќе се следи. Кога треба повторно лечење нема гаранција дека ќе биде успешно. За 3-6месеци нова снимка, ако расте процесот тогаш да се проба ревизија. Ако се јави болка или оток, тогаш мора да се проба да се прелекува.
Јас имав проблем со заб кој беше до пола наполнет и имав болки ми викаа тешко дека ќе се пробие да се направи, па бев кај др Мартина од етерна дент мислам беше и со маки ми се среди, ако имаш таков проб во иднина иди кај оваа др исто така го фалат мн и др Томо од ординација Каракамчев, се се средува, ти кажале да чекаш пошто такви процеси може некогаш ќе те болат а може и никогаш, со лесно
Се работи за импактиран умник чиј врв е насочен кон корен на седмицата и боли веќе неколку дена. Ме интересира дали штом почне да прави проблеми мора да се вади? Дали доколку не се извади ќе продолжи да боли периодично или константно?
Истото ми се случува и мене, исто на 6ка горе, ми го лекуваа забот, ми ставија и пробна пломба, ја носев една недела немаше знаци на болка, отидов понеделникот за пломба, со игли ми ги провери каналите не ме болеа..и ми го пломбираа. Сега забов ме боли и тоа мн ме боли, неможам ни мастика да џвакам ни ништо меко, а камоли по тврдо кога ке го чукнам пак ме боли, и кога ке го стиснам со прст ме боли, исто а може и повеќе од нелечен кога беше. Инаку лекот додека го носев по една недела не ме болеше, сега ептен Боли ли вадење на пломба?? Конечно мислев се спасив бар на една страна раат да јадам, сега се отпочеток ...
Со борер/бормашина ти ја вади пломбата, не е ништо страшно. Изгледа ќе треба да менуваме стоматолог...
Бев на забар заради воспалување на непцето од 4 до 2 и ме чепкаше малку и ми стави нешто бело ко мастика и сега ми е осетлливо премногу и како затегнато мислиш се клати неможам да опишам дали е нормално? И ако може да ми препорачате паста за осетливи заби и непца
Имав слично со еден заб горе. Двапати отворено и пломбирано. Буквално болката беше иста, како непломбирано. Среќа инсистирав (т.е бев досадна) да се отвори и да се провери. И тука малку се натегнавме со меѓусебно убедување, зашто по сето забот беше пломбиран и здрав. Сепак, на следното ми најдоа една минијатурна точка што требаше да се дофати. Дали местото беше незгодно, неприметливо..некако ко под исчистеното да била, т.е ме стругаа ептен да ја дофатат. Повеќе здрав заб ми отиде, дури ја дофатат. Ама битно се среди и откако затворија, никаков проблем.
@Annath @Spidy Imam osetlivi nepca so godini koristam parodontax ultra clean. Dali bi bilo stetno sabajle da cetkam so taa a pred spienje so pasta za beleenje na zabite? Primer white now.
Повеќето пасти за белеење функционираат на база на абразија. И не ги препорачувам освен при црни наслаги од кафе и цигари. Реално ефектот им е само за површински пигментации, нема забите да ти ги обели како што се прави со професионално белеење. Конкретно во комбинација со парадентоза, не ти треба дополнително да се оштетуваат забите. На здрави заби нема нешто премногу да направат, ама при парадентоза имаш и оголен корен на забот и таму многу лесно можеш да создадеш оштетување со абразивна паста или тврда четка.
@Annath @Spidy Треба да вадам нерв од забот, имав лек и сега треба само да го извадат. Ми рекоа нема да боли, ама малце сум исплашена да не ме боли отпосле или да не ми отече местото? Нема да има некој проблем отпосле?
Од мое искуство, не боли зависи колку трпиш болка, не би требало да те боли после тоа ама забот ќе ти биде осетлив и мислам големи се шансите да смени боја, да стане потемен мислам...
Фала ти. Ама оток таква работа нешто нема да има, или некоја болка отпосле? Може прашањава се глупи, ама не сум имала некој проблем со забите претходно и преплашена сум.
Ако е среден и исчистен забот ко што треба, не би требало да има болка и оток. Нема зошто да се грижиш.
Години после изваден заб, на местото ми излезе коска од вилицата. Убави беше зарасната раната, немав проблем до сега, случајно осетив дека е тврдо и дека де гледа парче. Што треба да се направи, опасно е? Има повеќе од 5г како е изваден, 6ка.
Да не е заостанат корен, па сега телото го исфла? Или може да е самата коска од гребенот, тогаш се струга и се шие отворот и не би требало пак да се повтори. Ама многу поверојатно ми е да е парче или корен од забот.