Ако е коренче, ќе испадне само. Ако не те боли не е итно толку утре да одиш, ама не е и за оставање со недели. Најсигурно ти е локална снимка за да се види што е. Ако можеш да го фатиш со нокти, дали мрда. Ако се клати, парче коска/корен е и 99% ќе падне само.
Од четвртокот ме боли 6ка долна што ја имам умртвено пред 10 години се смирував со ефридол и денес бев на стоматолог препишан ми е клиндамицин и треба да се закаже вадење на забот. Јас уште од мал имам трауми од стоматолог и ме интересира колкава болка да очекувам додека се вади забот, од кога ке се извади и колку време ке трае таа болка отприлика? Благодарам однапред
Не знаев каде да го поставам прашањето па тука.. ме интересира која паста за заби е освежителна убава и после неа навистина да се осеќа свежина во устата? Пример убав вкус на ментол ,освежителен....
Zdravo treba da vrsam apikotomija na preden zab dolna vilica poradi gnojna kesa Dali ima nekoj iskustvo da mi kaze dali boli dodeka se vrse intervencijata Posle intervencijata ke imam li silni bolki
Мртоов заб 2ка многу години веќе... последнава година осрќам дека се клати на допир..и еве 2 дена ме боли на допир над забот значи непцето горе ама болката оди во забот...најверојатнп ќе се вади...утренке одам на доктор да види што е работата...вие што имате извадено напред заб нели треба нов..како оди проведурата..после колку време ви ставија нов
Да прашам ако има тука некој забар или што се разбира... Во процес на умртвување на живец на заб сум еден месец е сега кога ми ги прошируваше каналите ајде почетното влегување не болеше и прошири што прошири ама кога отиде мн подлабоко скорз горе со тоа иглата имав страшна болка. Забарот ми вели умртвени се живците и незнае зашо ме боли нр му е јасно и сака да ми го затвори. Добро ако боли живец колку што знам јас не е умртвен? Дали да побарам второ мислење ? Ств не ми е јасно.
Не се разбирам многу од тоа, ама сакав да прашам зошто умртвуваат живеци? Дали ги умртвуваат кога треба да ти стават мост?? Или?
За интервенцијата се става анестезија, не боли ништо. После тоа нормално е да има малку болки неколку дена, ќе пиеш аналгетик. Ништо страшно. После неколку дена може да ти направат привремен пластичен заб, па после повеќе од 6 недели мост. Мора да се чека да зарасне коската пред да се стави потрајно решение. Секако зависи од условите, можеби друга опција би била подобра за твојот индивидуален случај. Дали е мерена должината на каналите додека чистел? Тоа се прави со апарат што се вика апекс локатор. Ако не е до врвот на коренот исчистено, сеуште имаш мал дел од жив нерв. Ако поминал над врвот на коренот, нормално дека ќе боли. Треба да знае точно колку е долг каналот за да на крај добро го наполни. Ако имаш радиоопактно привремено полнење (привремен лек во каналот што се гледа на снимка) може да се види до каде е обработено на локална снимка. Ако не, со тој апарат додека се обработуваат каналите се мери. Се умртвуваат ако има инфекција на нервот, најчесто заради длабок кариес.
Не, не ми е за мост, ваљда го умртвуваат живецот кога веќе е повеќе зафатен забот и неможе само со поправка и пломбирање.
Незнам ама минатиот пат коа ме здоболе рече отидов до апексот и сеа што значи тоа ств нз. Јас однесов и снимка и све ама зашто да ме боли кога го работи со иглите уште ...кога вика дека е мртов живецот.
Ако е целиот нерв мртов, и не чепка подлабоко од апексот на забот, може да боли во една точка ама не и цело време додека чепка со иглите. Вака не можам да ти кажам дали тоа што чувствуваш е нормално или имаш некаков проблем. Зависи што точно прави докторот кога те здоболува, а ти тоа не можеш да знаеш.
Извини само ова да те прашам уште.. ако не е умртвен живецот скроз и ми го пломбира забот, може да се случи некоја компликација ??
Дали некој има ставено мостови и да каже како е чувството , дали се осеќа туѓи заби? И дали е болна постапка за стружење, ставање? Фала ви
Имам две навлаки 5ка и 6ка долу, не ме болеше стругањето мислам со анестезија е тоа трае 40 мин за два заба мене кога ми стругаа, иначе првиот ден е ужас како камења во уста, веќе вториот ден исто ко свои заби се ок, кај мене така беше еве веќе 8 г ги имам, како свои
Здраво! Ја следев темата негде 2018, 2019 и тогаш се препорачуваа Ендомак, Етерна Дент, Др. Томо Каракамчев, Др. Милена Јованова од Игнатовски кога станува збор за коронки или фасети/ламинати. Дали имате некоја конкретна препорака за доктор кој е специјалист за ламинати коронки и се добро разбира во својата работа? Живеам во Австрија и би сакала да направам термини кај две, три ординации во Скопје и да се одлучам каде би ги правела забите. Кај мене е исто проблем што имам проблем со виличниот зглоб. Ми се истранува вилицата кога ја отварам и затворам устата. Носев фиксна протеза 3 години меѓутоа проблемот не се реши. Сега носам некоја специјална шина што го подржува загризот. Во однос на забите ми смета естетски изгледот на предните заби, имам уште од мала огромни пломби што тогаш не беа добро направени и се разликуваат од самиот заб и двата предни заби не изгледаат еднакво, дури и тие до нив. Би сакала на предните 4 заби да ставам или коронки или ламинати. Во тој случај би ми требала и нова шина, овој пат би сакала да ја направам во Македонија бидејќи тука е многу скапа па не би давала повторно толку пари. Па ако имате препорака и за некој што иѕработува таков тип на шина би ви била многу благодарна! И дали знаете колку време би ми било потребно во МК за да ги средам забите? Дали 2 седмици би биле доволно? И колку се чека за термин отприлика?
Имам голем оток на долна 6ка, болка немам забот ми е отворен Пијам вибрамицин и серапептазе За колку дена ќе ми помине отокот, денес ми е 3 ден.. Некој со искуство? Вчера примав мускулна инекција за оток и болка и малку ми спадна, денес сум страшна