Предложете ми приватна ординација за панорамско снимање во Аеродром? Ја гледам д-р Нина, но малку ме чуди тоа што ѝ пишува дека не е потребно претходно закажување. Има гел за воспалено непце, побарај да ти дадат. @Лејди Гага Интерденталната четка врши доста работа покрај обичната.
Ти благодарам многу, јас имам електрична четка и многу убаво мие. дали гелот можам да го најдам во ДМ?
Не знам дали има во ДМ, од заболекар си го земам директно. Интерденталната помага за да се отстранат убаво остатоците од храна. Не мислам дека електричната баш ги достигнува тие места. Ама elmex ти е скроз солидна паста (црвената, анти кариес) и ја има во ДМ.
Пробај со специјален конец, заб по заб,,да гоипоминеш.. И кога ќе се миеш, стискај посилно, ако има крв, нека има. едит. Земи листерин за жабуркање, после секое миење на заби, ќе биде тоа добро.
Па, ако е тоа што мислам ( за снимањето), се извршува за 1 минута максимално, може затоа има - дека нема потреба од закажување.
Сега пред 1 месец, кога бев за вадење на умник...исто така ме испратија за панаронамско снимање на горна и долна вилица, и не бев никаде приватно, туку во Здравствен дом. Има едно како пластика, и само со предните заби се држи, и тоа ваљда врти внатре и не е повеќе од 1 мин, може и помалку.
Само неправилна техника за чистење на забен каменец или прекумерна сила би можеле да ги оштетат забите и коронката. Со правилно чистење ништо не се оштетува.
Аха, бидејќи пред некое време кога чистев, една пломба почнав да ја чувствувам чудно, забарот ми рече малце и фалело да падне и ми го поправи забот ок, тоа ми е случи после чистење...
Дали е нормално да има некоја чудна болка после пломбирање со анестезија? Пломбирав три заби едно до друго што се 5-6-7 (долу) и исто 6ка го умртвувавме. После пломбирањето се чистеше и забен камен на долна вилица само. Вчера ко пушташе анестезијата осеќав пулсирачка болка, а денес така само кога ќе ги стиснам забите со горните (значи како загриз) тогаш осеќам болка измеѓу 5-6 како во непцето
При миење заби ја приметив точкава, како модра дамка под 3ка доле. Сабајле или ја немаше или не сум приметила. Што може да е ? При допир не ме боли скоро ич, повеќе како осетливо е местото, како нелагодност или тапа болка не би знаела како поинаку да опишам.