Здраво на сите , многу сум под стрес , ќе треба да правам операција на умници на долна вилица, арно ама се легнати и не никнуваат ке треба оперативен зафат, ми реко дека имало нерви блиски забот и е комплицирано, да напоменам ме болеа и двата но со Вибрамицин ми се смируваат . Некој искуство со вакви умници да се оперирал ? И предлог за добар доктор на Максилофацијална хирургија ме праќаат...
Нормално ли е од ова да ми се појачува болката? Имам оток и минимално болка, чат пат ми се јавува на непцата чувствителни непца имам. Од сабајле после мачкање од ова на два пати што ставив ми се јавува голема болка што никогаш ја немав досега.Морав налгезин да пијам. Нормално е, или не ми одговара?
Здраво Периодов се соочувам со внатрешен конфликт, истовремено сакам да ставам циркониум коронки и се плашам да не згрешам. Имено, имам здрави и сочувани, но неколку криви заби. Иако не се страшни, толку многу ми сметаат и ми се комплекс што веќе ми се неподносливи. Секое одење на стоматолог ми било проследено со срам од реакциите зошто не си ставила протези, хиракс итн. Долго време неможев финансиски да си дозволам, а сега ми се чини дека не сум спремна најмалку 2-3 години да носам фиксни. Прашањето ми е дали некој успешно решил криви заби и обратен загриз со циркониум?
@Annath Мм не разбрал убаво за Вибрамицинот, на 12 часа ако нема голем оток и болки ако не на 6 часа или на 8 часа ако се големи болки. Како е правилно?
И кај мене скроз истото со умниците, долните беа легнати, а горните криво растеа и ги извадив сите, еден по еден, нормално. Пред многу години тоа, кај орален хирург долните ги вадев, конкретно во Виница кај еден доктор ама не се сеќавам на името , пред околу 20 години беше Другите горните обичен стоматолог ми ги вадеше, немав никаков проблем со ни еден умник после тоа. Не се плаши, најди добар хирург и ќе се среди. Немаш потреба од нив кога веќе така растат, вади ги и ич не му ја мисли. Се ќе биде во ред.
Здраво Сега додека ги миев забите , забележав кај заб кој има навлака ,дека непцето е малце како виолетова боја , од симптоми немам апсолутно ништо ,дури и на допир не боли непцето , забите ми се чистени пред 2недели на забар ,хигиена одржувам колку што можам повеќе , се мислам да не ми е така од ватерпик непцето ?ама баш избегнував кај навлаките (бидејќи таму ги имам две ,да шприцам) од што ми стана вакво непцето ?дали е сериозно нешто ?
Здраво, девојки, ве молам за мислење, многу ќе ми значи. Сакав да наместам мост ама ми се јавија многу компликации. Првин едниот заб јави бурна реакција и мораше да се умртви, иако претходно беше здрав. Трипати одев за да ми го умртвиваат, уште првиот пат ми кажаа дека било готво, ама испадна дека не било, уште сум имала нерв. И еве сега пак ме боли многу, не знам веќе што да правам. Другиот заб ми јави страшно воспаление на непцето, премногу ме боли и на допир и општо. Болката ми се шири точно до под окото. Стоматологот не ми даде ништо само ми рече да плакнам со чај од жалфија. Јас почнав на своја рака даси земам Амоксиклав ама ни тој не ми помага.
Здраво. Пред некој ден чистев забен камен се пројде како што треба. Се е во ред освен кариес на осмица (умник). Малце е расипан најверојатно треба да се стружи и целосно да се пломбира. Дали некој има искуство со ваков случај? Заборавив да напоменам немам болка при допир, реакција од ладно и слично.
Докторката кажа е кариес. Исто забот е веќе еднаш пломбиран пред 3 години, претпоставувам е кариес под пломба. На работ од едната страна има мала пукнатина.
Луѓе дали привремена пломба може да се "измести"? Пред три дена ми ставија, денес дури почнува да ми смета како да имам нешто, кога затварам уста ми удира. А немам остатоци од храна сто пати измив заби, очистив со конец, интердентална четка. Нервозно ми е ептен.
Зависи од што материјал е. Ако е мекото гипсче, тоа само може да се набие, да пропадне, или скроз да испадне, не може да се измести па да го осеќаш повисоко. И на привремена и на трајна пломба не е добро да ти е високо. Оди да го стругнат, 5 секунди работа е.
Во план бев да одам денес, ама синоќа лапнав мастика и поџвакав на таа страна некоја минута, буквално го осетив кај што крцна делчето што ми сметаше и залепи во мастиката. Што се случи и како не осеќав ништо 3 дена а вчера почна да смета, стварно не знам.
Прашање до стоматолозите, моментално забарот ми е на одмор, а од вчера почнав болки да имам. По втор пат ми става такво за умртвување на нервот, на горната 2ка под мост. Првиот пат ми стави на 8ми јули, после 2 недели не беше умртвен. Па пак на 22 јули ми стави и следно ми е закажано тек на 21 август, зошто е на одмор. Сè беше топ во меѓувреме, а вчера почна да ме боли по малку. Во текот на вечерва ужасно ме болеше, а веќе не можам ни да го пипнам забот/мост, ултра чуствителен е и ме боли. Што предлагате да правам? Да пијам апчиња за болка и да чекам 21ви? Да побарам антибиотик од матичен, ако е можно да е инфицирано? Да одам на друг стоматолог, да објаснувам, да почнувам кај него?
Да одиш на стоматолог да го отворат забот, може да стои отворен додека се врати твојот доктор. Ама не чекај, зошто нема да прекине да боли во ситуацијава.
А нормално е што толку време не умртвува нервот? Ме фаќа паника дека на неумртвено ќе мора да го вади.
Се случува. Може да го извадат со анестезија. Не е ништо страшно да се вади и да не е доумртвен до крај, само најверојатно ќе треба да носиш друго лекче некое време пред трајно да се наполни. Кога нервот е жив, крвари и заради тоа крварење не може да се стави трајно полнење одма.